Ми треба предлог и идеи за дневна и трпезарија,маси и столици,комоди,перничиња се.. Кои бои најмогу би оделе со чоколаднава боја. Тросед и двосед веке купени кожни,модерни со метални ногарки.Бојата на кожата е чоколадна.
Југоекспорт никако. Јас купив трепезариска маска од кај нив бел сјаен медијапан. Кога ја доенесоа беше цела оштетена. Со триста карања и закани ми ги вратија парите. Нудеа за 10000 да ми ја дадат, само да не им остане. И никако експонат да не купуваш. Обавезно се оштетени или изгребани.
Повеќе ми се допаѓаат овие кралски уредени соби. Доволно голем простор,големи прозорци,убави бои,убав декор.А воопшто не ми се допаѓаат овие и сличните на нив Мислам дека каква ќе биде дневната соба зависи дали живееш во куќа или стан,станот има малку простор,па не може да ставиш премногу декор и мебел .
Има на фб една страна Creativity Studio порачував перничиња од тука по сопствена креација и баш сега пред ден/два видов дека почнале да изработуваат и такви слики Засега имале само бели рамки а од септември и црни и таа големина што беше објавена биле 550 ден.
Жени што мислите за гарнитури од фејдом? Прочитав само едно мислење во темата.. Треба да опремуваме стан и имаме голема дневна соба, како што гледав според димензии Гемини А е најголемата гарнитура, а може и да се докупат дополнителни делови. Дали се удобни за седење? Сакаме гарнитура во таков стил, но удобноста ми е на прво место..
Каде во Скопје може да најдам убави слики за на зид? Би сакала уметнички ама со некоја пристојна цена
Разгледај во продавницата во Центар спроти Центар Бар. Не знам како се вика, но лесно се наоѓа зашто има огромен излог во должина и е преполн со предмети за домот.
можеш да купиш рамка, да кажеме А4 формат ги има во се за 99 денари продавниците, да избереш слики од гугл и да отидеш во копирница да испринташ на фото хартија (викам да избереш повеќе иако ќе принташ само една дека може некој да испаднат матни, така да замоли ги да ги проверат пред принтање за да не завршиш со матна слика) јас имам неколку вакви слики...(не се уметнички туку што ми се свиѓало у моментот) и добро изгледаат неверувам дека ќе ти требаат повеќе од 200 денари за една ваква слика
Гарнитурата во дневна ми испука :/ дали знаете како се движат цени за претапацирање и каде има уствари столари во скопје