Удобноста не е толкав проблем колку материјалите од кои се изработени. Мене за кратко време црното ми обели ама буквално и белото испука на гарнитурата. Притоа јас и мм сме сами колку можат 2-ца да "изнаседат " една гарнитура за да попушти така одма... П.с од симпо и јас сум задоволна
Теписите душа ми извадија. Баравме како ѕидот и не успеавме да најдеме. Овие (со коцки) ич не ми се свиѓаат, и не ми оди бојата расправии дома до бескрај и се помирив. Првите многу удираа на сиво. Направив грешка, дајте идеа како да вклопам нешто да ми одговара.
Еднобојни теписи со некоја нијанса како ѕидот мислам дека најмн би ти одговарале, дури и бели да се. Има една страна, мајка ми купи тепих од таму. https://www.facebook.com/Ju-zana-763763820315609 По мерка ги прават, и не се скапи ич. Ѕидот веќе има текстура, паркетот исто до некаде си има. И теписони во бои различни и со шара ми се некако too much по мој вкус. Незнам што би можела да смениш друго, евентуално да ги тргнеш.Или нешто со кафеави нијанси да ставиш на ѕид - слика, полици нешто.
Јас мислам дека ти треба поголем тепих. Овие два мислам дека не ти одат баш со каучот затоа не ти се допаѓаат. Таква црна кожна гарнитура со кафена боја не оди баш најдобро. Јас би одела со светло крем тепих, нешто поедноставно.
Епа тоа е дека пак не можам да ги менувам. А како што е правилно искрено па не ми се допаѓа, преголеми ми се. И јас сакав светло крем ама избрзавме, и ваму кај што ги земавме ова е најдобро што одговара. Почнаа да ми легнуваат на очи на сопругот му се ептен по ќеиф, абе ова уредувањево живи нервози.
Дали сте виделе некаде ваква или слична клуб масичка? Или предлог што би одговарало на гарнитура како фотељите на сликата, бела со дрвени ногари?
Кај мене се е на бело Во дневната ми е следен распоред. Имам бела кожна аголна гарнитура, пред гарнитурата имам мала масичка бела потоа имам бела комода а на комодата стојат ДВД плеерот со неговите звучници слики во бели рамки некои мали украси и ресивер за тв, над комодата имаме бел Самсунг телевизор потоа на ѕидовите имам семејни слики исто така во бела боја и на подот имам бел ламинат со кремови тепих и на крај имам бел лустер.
Дневната ми е бело сива,со бледо розе и небесно сини детали,минималистичка во скандинавски стил,елементите сами ги смислувавме и ни ги правеа по нарачка.
Почна да пука после 6 месеци. Ако ја купувате за користење, само штоф. Преудобна е за седење, ама материјалот крш. Ставам ќебе кога седам, а сопругот нема гајле ја обожава. Ладна, лизга, се кине, целата поента е дека не сакаме да ја покриваме.
Еве една слична клуб масичка со стакло и дрвени ногарки. Ја има во Југоекспорт Стил. Но, доколку ти треба трепезариска маса во тој стил, имаш како масата од Chavle што ја прикачи @pikabu5.
Барам со дрвени орев ногари. А таа што ја постираше пикабу ја има и во клуб-масичка верзија. Фала ти.