Прв, протеински. Д: само кафе Р: две пржени јајца, две мали интегрални лепчиња, салата од краставица. В: исто само едно јајце и едно парче леб.
Знам дека е грешка, свесна сум. Не го прескокнав доручекот намерно. Ама праските ми скапале а немав ништо друго овошје и не бев во можност да купам. Нема да ми се повтори.
Кажете ми, Цедевита дали смее да се пие кога веќе макијато не смее? (* мислам на оние моменти кога се излегува со друштво на кафе ) )
Цедевита никако не смее. Подобро густи сок од портокал да речеме отколку цедевита. Најдобро ти е кисела вода со лимон.
Бидејки има адитиви, заради тоа ??? Ме збуна со густи сок од портокал??? Цеден пијам ако не сум доручкувала, но скоро секој ден сум на кафе излезена....а не варат сегде турско кафе уффффффф
Не знам зошто ама ми имаат кажано дека цедевита никако не смее за време на диета. Ако грешам нека ме исправи некој.
2/90 скробниот ден Д: две јаболки Р: полнети пиперки со ориз и зеленчук (кромид, морков, тиквичка,патлиџан), интегрално лепче, салата од патлиџан и краставица. Се изедов В: од истото ко за ручек само помалку, ако воопшто ќе ми се јаде, или само салата Сабајле пиев турско, со шеќер И потоа нес без млеко и шеќер Многу вода.
Еве прво слика од 02/90 скробен 03/90 јх само од ручекот Од вчера од овошен нема слика Ама има од денеска 05/90 протеински д: една голема праска р:кајгана со печурки и шопска в: пола од ручекот Еве и сликовито јас мешам протеини ако ме читате во ун сигурно веќе знаете затоа да не се објаснувам на секој посебно ако планира да ме цитира заради тоа Кајганата пола остана повеќе удрив на салата па затоа ќе се најде за вечер
06/90 Превкусен печен компир дури поубав и од помфрит. Сосот е налик на летна манџа 4главици кромид 2пиперки 3свежи домати и томатело.Остатокот ќе ми се најде за утре за пицата
Тука ли ќе се рецептите ? Јас наместо една банана изедов две во 11 ипол часот, и дури сега јадев касбо ми стаса гравот Ќе умрев за јадење и кога седнав да јадам изедов три лажици и ќе пукнев, па на сила јдев барем да изедам пола од ова. А краставиците и получените пиоерки и од нив ептен малку каснав. Некогаш ако не пијам вода неможам залак да ставам во уста и ќе морам да се одвикнам додека јадам да не пијам, а инаку многу малку вода пијам Тавче гравче, испасирав малку и со зејтин потпржив и додадев многу црвен пипер