Банана,јагоди,суво грозје,сува брусница,гоџи бери и сончоглед (не печен) Сита сум ко цел леб да сум изела
Здраво темава ја отварам се со цел да споделиме слики и рецепти од дневното мени...Доколку сметате дека е непотребна темава слободно избришете ја.. Инаку од денес ја почнувам и јас, ја држев диетава пред 5г по 2та бременост и од 87дојдов до 62 за 3месеци...сега сум породена пред 11месеци и сеуште ја дојам малата ама коронава така не затвори дома што од досада си каснував малку повеќе.... Со мм пред 4м го исфрливме лебот од јадењето он ослабе 18кг а јас само 5 и затоа ја почнувам со 95кг висока сум 172см За почеток еве го појадокот 1/90 протеински 2праски,кафе со к.масло
1/90ручек протеински 3јајца,2краставици и голем домат + ким, сусам и зачин Вечера пола од ова(на јајцата мислам)
2/90 скробен Леќа, морков, компир,домат, брокула и кромидче(без потпршка) и шопска салата Вечера пола од ова ќе биде
Здраво девојки да ја заживееме и темава со споделување на идеи/предлози/рецепти за деновите пред нас можеби ке и послужат на некоја од нас... @TutiFuti @Lilit @Justicija @Ladybug98 @Girl235 Ве означив неколку што видов најскоро што објавувале
Јас ја изоставив ептен диетава деновиве и затоа ме нема а таман се израдував на резултатите. Имам неколку рецепти зачувано за идеи, еве ќе ви споделам сега само за во Јх ден Посна проја 3 чаши бело брашно 2 чаши пченкарно брашно 1 чаша зејтин 2,5 чаши кисела вода 1,5 прашок за пециво 1 лажичка сол 300 грама сечкан зеленчук(по желба, спанаќ, праз, блитва...) може да се стави и разни семиња во тестото, маслинки и сусам обавезно одозгора, повкусно е Се пече на 180-200° околу 40мин. Полнето индиско лепче 330 грама интегрално брашно 150 мл. вода сол, сода бикарбона, сусам, зачини и три лажици маслиново масло. Се замесува тесто и стои еден час, потоа се дели на два дела. Се сукаат кори во круг, едната ја ставаме во тепсија, филуваме одозгора со ајвар, печурки, праз, карфиол... по вкус и се покрива со другата кора. Се пече по 15мин. од двете страни.
Vo pravo si,se soglasuvam so tvojava ideja i mislam deka odamna trebase da se postira tuka.No jas veke ne sum na dieta,pa zatoa nemozam ds postiram,a ostanatite slobodno postirajte zatoa sto im davate idei na mnogu drugi.
Напиток за забрзување на метаболизмот (барем така пишуваше) *800мл вода *2м.лажички цимет(цејлонски ставив јас бидејќи не прави лига како другиот) *3ловорови листови *1пакетче зелен чај (кесичката се кине) Водата се зоврива и се трга настрана и се додаваат чајот,листот и циметот и стои 10мин и се процедува се пие на три пати 1на гладно 2по јадење 3пред спиење Јас од денес почнав така да за резултати рано е
Скробен рецепт Би сакала да го споделам овој рецепт и со вас.... Ме наврати во детството кога баба не чуваше додека родителите работеа.. Манџата на Баба Се пропржува кромид, морков... кој што сака(модар патлиџан, бамји..), се додава ориз(зависи за колку души јас една рака ставив за двајца) и се пропржува пак малку потоа се додава компир на коцки некои и кругови ставаат и се истура рендан патлиџан се меша убаво и се додава црвен пипер,сол, вагета, бибер по вкус се полева со вода и се пече... Јас за мене ставив и кругови домат озгора а за мм пред да биде готово ставив јајце(ке си направите дупка со лажица)... Пробајте и можете да го правите по ваше со други зачини(чубрика, босилок, оригано..) Добар Апетит девојки
1/90 ( заедно со сопругот подобро во дует) П. 2 јаболки Е. Печен батак марула салата парче интегрален леб и чаша јогурт В. Пола од ручек без леб Во меѓувреме зелен чај и кафе без шеќер