Ја разгледав цела тема на бременост не најдов ваква тема. Како тазе трудница немам многу апетит, а сакам во текот на денот да внесувам здрави и корисни намирници. Споделете го вашето дневно мени да разменуваме идеи. Појадок Цеден портокал и грејпфрут интегрални соленки и јајце Ужина Јаболко и бонжита Ручек Пире од спанаќ и јајце Ужина Лешници и брусница Вечера Корнфлекс со јогурт и семиња
Jas nemam nekoj poseben rezim na ishrana, no eve sto jadam na primer. So toa sto sum sega 9ti mesec malku povekje od predtoa si krkam Dorucek: Crno lepce dve kriski marmalad so mlekce ili caj, nekogas isto dve kriski ajvarce so sirence i casa jogurt, ili pak marula salata so dve vareni jajca... Rucek: Toa sto ima za rucek obicno kompir mandza, musaka, oriz, supa, riba so pire ili vareni kompiri, bez leb i so mnogu salata Vecera: Kornfleks so mleko ili jogurt, cat pat makaroni si ksnuvam, nemozam bez niv i sekako izmegu obrocive jadam mn ovosje jabolki, mandarini, portokali.. no znam i ponekogas cokolatce da si ksnam
Секој ден ми почнува со цеден сок од лимон, кафе и чинија овошје. Тоа е како почеток на ден не како појадок, бидејќи станувам вп 7.00и накај 11ми епојадокот За појадок најчесто:попара јогурт или бисквити со млеко, варени јајца, ајварче,палента, мусли.Што и да има ,мора и чаша јогурт. За ужинка зависи,некогаш благичко,некогаш овошје,што ми се јаде тоа. За ручек задолжително манџа и мнооогу салата,леб никако.Никогаш не сум вечерала ни пред да бидам бремена,до 18.00завршувам со јадење.Е сега заради бременоста,некогаш знам да каснам кришка крем со млеко, ако има сутлијаш,пудингче,ама мн.ретко.....Во тек на денот пијам 1литро вода, чај од брусница и од време на време сокче,ама претежно чаеви ,зашто ги обожавам
Уфф, па јас сум за ќотек. Дневно јадам малку и тоа со зор, имам мачнини по цел ден. Значи сабајле кога станам пијам лимон цеден во млака вода и кафе, со кафето обавезно ќе се напијам две чаши вода и после во текот на денот уште една-две ќе се напијам и толку, и од неа ми се лоши. Откако ќе го испијам кафето јадам една банана и еден портокал. Потоа ќе јадам некоја манџичка, ориз или компир печен/варен без салата и без леб. Еве денес прв пат јадев две кришки леб со ајвар и малку сиренце. Е потоа во текот на денот не можам да смислам да јадам баш ништо, со зор ќе јадам некој смоки, или бејк ролс, или од ручекот ако има останато така да поткаснам две до три лажици. Ем желудник ми празен и ме гребе за јадење, а ем ми се гади и неможам да смислам за јадење. Многу ми е криво што мојата омилена храна неможам да ја смислам, ниту пак салата да јадам, а како си ги јадев само пред тоа. Ама ај само првите месеци белки ќе е вака, после би требало да си дојде се во нормала.
Koј месец си.Ова мени што го имам ми започна од петти наваму.А почетокот немав мени,ништо неможев да јадам, само мандарини и толку,со сила по некоја лажица манџа......
За некој ден влегувам во трети по моја пресметка, сега на 20ти март ќе одам во Систина на испитување за даунов синдром, па матичната рече со сигурност таму ќе утврдат точно која недела сум. Па и јас затоа се тешам првите три месеци само вака ќе е, после да се стабилизирам со јадењево. Од овошје можам да јадам само банана и портокал, а зеленчук ништо, со зор некогаш малку краставичка и малку патлиџан. И ме интересира за сирењево, прочитав дека фетата требало да се избегнува, а јас си ја јадев само неа. Вчера купив овчо, леле не да мирисаше, од мирисот ми се слоши и веднаш го фрлив целото.
Читај ја декларацијата при купување на млечни производи, сирење/кашкавал. Треба да стои дека е од пастеризирано млеко.
Женски идеата за темата ми беше една на друга да си дадеме идеи за различни оброци и комбинација на храна која е избалансирана за една трудница. За мачнините и другите проблеми има други соодветни теми. Јас воопшто немам идеа за разноврсни оброци затоа се обратив тука за идеи. Исхраната ми се сведува на неколку продукти кои постојано ги вртам во круг.
Site sto se na pocetok na bremenost ne bi mozele da si odredat posebno meni, na site ni se gadelo od razlicno jadenje... Vazno pred se vitamini da vnesuvame dovolno, pa ako imame nedostatok i so apcinja da gi primame... Zelbi razlicni si imame, a veruvaj na pocetok si ponataka kje pocne da bara bebus povekje pa kje imas mnogu idei za jadenje Sigurno ako nekoj ti pise jadi ova, ti kje zemes i kje jades hahah Sto ni saka dusata toa, sepak trudnicni sme
Ако моето мислење не е соодветно за темата може слободно да се избрише. MissDior, верувај и јас воопшто немам идеја што да јадам денес, утре... Сеуште неможам да го пронајдам што е она што ми прија. Еве од мене идеја, вака би се хранела доколку ги немам мачнините. Појадок: житарки, семиња со млеко или јогурт. Ручек: ќе гледам секој ден се различно, како на пример грашок, грав, боранија, лекичка, супа, ориз, компири....со многууу салата. Вечера: варени јајца, стекче, урда, сиренце....исто со многу салата. Измеѓу како ужинки бадеми, лешници, овошје...одвреме навреме и благо, пресолена храна би одбегнувала ради отоци, и тоа е тоа како го замислувам моето мени за некој месец, ова ми текна во моментот.
oбично и јас денот го започнувам со сок од пола лимон во млака вода, после неколку часа јадам по нешто, 1до 2 парчинја интегрален леб со мед и млеко, или со ајвар и чај и сиренје, за ручек гледам да биде манџа, боранија, леќа, риба ,спанаќ со ориз,со 1 парче леб и сезонска салата, вечера кроасан, или бејкроус, во текот на денот пијам и 2-3 чаши природен сок (си правам од јаболка,портокали, морков и цвекло)
Neznam dali da kazam alal da vi e ili nesto drugo,oti se cudam koga citam jadenje pod rezim za vreme na bremenost. Ubava e idejata za da si davame predlozi sto e korisno,zdravo da se jade.. Primer sto e dobro za zelezoto,za hemoglobinot,za redovna stolica itn,ama rezim? Koga ne bev bremena ne primenuvav rezimi pa duri i koga sakav da drzam svoeracna dieta,a kamoli sega. Zosto so set sram da napisam deka sum kasnala cokolada? Abe ke kasnam se so mi dusa saka,samo ne da preteram vo kasnite saati. Nemam nikakov rezim,na pragot sum na osmi mesec pa sum popravena 7 kg i toa so postojano 24 casovno lezenje. Se trudam da jadam ovosje kolku sto mozam(oti pred toa ne jadev skoro ic),i zelencuk. Da jadam umereni kolicini,da ne se prejaduvam,da vnesuvam i mlecni proizvodi..ama ic ne mi e sram da kazam deka jadam i cokoladi i pomfrit pa i hamburger,pica,pastrmajlija. Od ona sto citam vie znaci nikogas toa ne jadete..? Fala Bogu nemam ne sum imala do sega nekoi pointenzivni macnini,i se nadevam taka ke prodolzi. I da nezaboravam,pijam brusnica,i kolku sto poveke mozam voda.Gazirano po potreba za pritisokot koga mi bese nizok,maksimum po dve turski kafinja,i po edno kakao.
Јас мислам дека е лоша темата,,режим,, сфаќам дека се мисли на тоа кој како се храни во бременоста, таман да споделиме искуства.Јас внимавам да внесувам многу овошје,зеленчук и млечни производи,а се друго си јадам нормално,само што после 18 часот нејадам речиси никогаш,така било и пред бременост.Единствен,,режим,, ми е благо,зашто сум љубител на благичко,а сега избегнувам поради кандидата ,да не ја хранам многуууу И јас лежам 8месеци, очекував дека ќе бидам огромна,ама добро е
Не е за срам или признавање туку едноставно некој си имал таков терк на живот и пред бременоста и зошто да не продолжи така и во бременоста.Мн ми е убаво кога ке видам средена трудница и како пази на себе си.Не да се ограничува некој кога е гладен но не гледам ни причина за опуштање и накачување преку 20 кг.Не е здраво ни за мама ни за бебе ,ни за кожата.Мн често мајките после бременост ги фака депресија бидејко не изгледат добро.Килажата ке си остане,башка стрии,опуштена кожа и сл. Се во границите на нормала ми е ок,над тоа не.
Tocno MissDior spomnav,taka ja doziveav temata citajki gi postovite.. Nikade ne ja napadnav temata i toa koj kako resil da se hrani vo tekot na bremenosta.Samo si napisav jas kako se hranam i kako go doziveav ona sto go procitav. Tuka nikoj ne jade pica,sendvic,torta,cokolada...kebapi?Bog da cuva,nikako...ako veruvame vo ona sto dosega e napisano. Ubavo e da se hranime zdravo i za vreme na bremenost,pred toa i posle toa.
Токму така нема во наслов режим, затоа пишав дека тема,,режим,, јас не сфатив,сфатив баш дека треба секој да си каже како се храни...
<iframe width="560" height="315" src="" frameborder="0" allowfullscreen></iframe> Еве нешто интересно
Се обидувам да го одржам истиот ред од предходно, со редовно конзумирање на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко...скоро секогаш домашно подготвено и во умерени количини. Ама не оди секогаш по план. Во фазата на повраќање тие месеци бев среќна водата ако не ја повратам па исхраната целосно ми се измени. Потоа дојде фазата кога јадев и повише од што треба, а и што не треба па и повратив од изгубените кила. Е сега можам да речам дека се хранам исто како и предходно, како што треба. Појадокот денес ми беше палента со сиренце и кисело млеко. Некогаш тост, лебчиња, палачинки, омлет. Секој ден цедам грејпфрут, портокали и лимон и ми испаѓа по два пати на ден 0,5 чист сок (втората доза ја делам со либево). Секогаш имам закаснет појадок па се пролонгираат и другите оброци. Само доколку имам термин рано некаде апнувам нешто за да имам енергија, инаку си спијам. Ужина секогаш ми е лате со млеко без лактоза(во првата третина створив нетолеранција кон лактоза и сеуште сум на истиот вид млеко), од експресото ставам само третина(ради кофеинот) и сирупот ми е заменет со природен мед. Уз латето најчесто овошје или ред чоколадо многу ретко. Измеѓу уште некоја овошка, второ лате, смути или домашно направена супа. Денес крем супа од цучини. Ова ме држи најчесто до 18.30. Тогаш јадеме втор пат. Денес е цезар салата на дневен ред. Секој ден има ручек (јагнешко, телешко, мисиркино, пилешко, риба со зеленчук, оривче..). Си јадам нормална порција, мало парче месо и гарнир од заленчукот. Еднаш на недела две знаеме и макарони да потпечеме со некои дрнгалашки внатре, багет со работи за мезење уз него. Околу 22.00-23.00 ме фаќа глад и секогаш јадам салата од краставица, морков или лупам киви, манадарини, каки... Кога сме испаднати и во движење секако се менува делот со ручекот/вечерата. Но појадокот, ужината и касната вечера остануваат исти. Ова кога сум на арните, фала богу најчесто. Кога не сум...нема ред.