Вчера Д:Кифлички со парче кашкавал и варено јајце У:Нескафе Р:Сарма и динствувано Телешко месо со баник и шопска салата У: Лубеница две парчиња и еклер В:Повторно од баникот со чаша јогурт
Каква ви е таа чорба од тиква што ја јадете сите? Мене месецов ми е хит крем чорба од брокула, со цели парчиња брокула внатре и кога ќе ја ставам во чинија ставам две топки павлака во неа, ммммм... Два пати неделно ја јадеме со мм, па после тоа некое парче месо.
Еве ваква @EvieBabe Мене ми е превкусна,се давам во неа на есен и зима. Динсташ кромид,морков на малку масло или путер,па додаваш околу 400 гр тиква исечена на коцки,промешуваш и поливаш со 1л зеленчуков бујон или коцка за супа. Од зачини сол,бибер и малку кари. За 15тина мин ке смекне тиквата,изблендирај со рачен пасатор,истури една мала кисела павлака,остави уште некоја мин и кркај.Превкусна е.
ПД: Рака микс јаткасти плодови, една банана и филџан кефир; Д: Тост со кашкавал и чаша домашен јогурт; У: Чорба од тиква; Р1: Полнети бабури; Р2: Турлитава со многу зеленчук и свинско месо; У: Сува брусница, рака индиски ореви; В: Ајвар и сирење.
ПД: Филџан кефир, банана; Д: Едно парче леб со путер и мед; У: Сува брусница; Р: Печени копанчиња со пире, варена брокула и салата од домати и краставица; У: Рака микс јаткасти плодови. Филџан чоколадно млеко и една банана. Неколку Негро и Херба бомбони (им го имам меракот нешто); В: Едно парче леб со кашкавал, маслинки и домат; У: Мислам дека ќе прескокнам
Д.Ладен сендвич со кашкавал и пршута У.Круша и малку слатко лебче со парчиња чоколадо во него. Р.Леќа и салата рукола со шери домати В.Зеленчукова супа со фиде Ако останам будна до покасно,ке пијам какао
ПД: какао и овошна салата Д: 2 тост лепчиња со 2 варени јајца, путер и домат У: чоколадно млеко и ред чоколадо Р: ќофтиња со пире, домат и свежа пиперка В: зеленчукова супа со кнедли У: рака јаткасти плодови
Д.Интегрален кроасан со семиња,мандарина и банана Р.Печен лосос со сладок компир(батат),и варена брокула со морков У.Индиски ореви В.Густ јогурт со малку овес,мед,и семки од сончоглед
ПД: Рака микс јаткасти плодови и чаша чоколадно млеко. Една банана; Д: Две парчиња леб со кашкавал и маслинки; У: Филџан кефир; Р: Риба и варен зеленчук; У: Сува брусница. Сутлијаш; В: Едно парче леб со путер, кашкавал и канче кисело млеко.
Д.Р’жано тост лебче со павлака и кашкавал. У.Круша и малку палента Р.Спанаќ со ориз У.Едно куки’с бисквитче В.Две зелени јаболка и малку лупен сончоглед
ПД: Рака микс јаткасти плодови, чаша чоколадно млеко и една банана; Д: Пржена урда со буковец и салата од домати; У: Зелено јаболко; Р: Јанија манџа, шопска салата и печени пиперки; В: Чварки
ПД: Капучино Д: Ѓеврече и јогурт Р: Турли тава со стек на скара и зелка салата У: Нескафе и два реда бело чоколадо со лешници В: Варени јајца салата ( од кога ги мислам)
Д.Тост со кашкавал У.Свежи смокви Р.Германски(бели) колбаси на скара,рендана кисела зелка,и салата домат со зелена пиперка и кромид.Ова го јадев надвор,имаше некоја Октоберфест забава во локален ресторан.Ептен ми се слади У.Зелено јаболко Вечера се си мислам ке прескокнам,само едно какао ке биде
ПД: овошна салата и какао Д: бурек и јогурт У: 2 коцки чоколадо Р: пилешко во бел сос и салата В: кроасан и чоко млеко
ПД: Една банана и филџан чоколадно млеко; Д: Пржена урда и чварки (бебињата полудеа внатре по чварки ); У: Смути од банана, зелено јаболко, јагоди, ленено семе и киноа; Р: Печено ребро, помфрит, салата од модар патлиџан, јајце, павлака и лук плус печена пиперка; У1: Зелено јаболко. Негро бомбони; У2: Сладолед Twix (од малите); В: Едно парче леб со паштета Carnex и два големи филџани јогурт.
Д.Овесна каша со боровинки,банана и јатки,прелиена со мед и мус бадем. У.Мал тост со кашкавал и капучино Р.Помфрит,печурки,шопска салата Пак ке прескокнам вечера
ПД: Чаша чоколадно млеко и банана; Д: Тост со кашкавал и чаша домашен јогурт; У: Рака бадеми и индиски ореви; Р: Ориз и месо во рерна; У: Смокви и грозје (во прилично голема количина); В: Само филџан чоколадно млеко и банана.
ПД: какао и овошна салата Д: ѓеврек, ајвар со зденка и неколку маслинки ( по ова следеше страшна киселина) Р: телешко месо со пире и цвекло У: чоко бисквит В: пржени лепчиња со јогурт, по некое време испив чаша компот од модри сливи
ПД: Рака микс јаткасти плодови, чаша чоколадно млеко и една банана; Д: Две парчиња леб со ајвар и сирење; У: Смокви, грозје и зелена јаболка; Р: Леќа и салата од краставица; У: Лубеница; В: Гиро
Д.Р’жано лебче со павлака,краставица свежа и малку говедска пршута У.Банана и мандарина Р.Зелена салата со домат,варени јајца,пиперка,грилирани пилешки гради,младо сирење(cottage cheese) и 1/4 авокадо У.Две коцки млечно чоколадо В.Филџан какао и неколку вилушки од пастата за м.м за утре на раб