ПД: Рака индиски ореви, банана и чаша чоколадно млеко; Д: Палента со рендано сирење и буковец одозгора; У: Грозје (од наше лозје, органско, еколошко, злато вреди, сорта Станушина, лек за се) зелена јаболка; У: Чаша јогурт; Р: Растурена сарма и салата од домати и црвена пиперка; У: Банана. Шира домашна; В: Две парчиња леб со млечен намаз и пршута; У: Филџан кефир.
ПД: какао и овошна салата Д: теганица со сирење и јогурт У: чоколадно млеко Р: леќа со мешана свежа салата У: парче домашна торта В: тост ( од кој што цела вечер имав ужасни киселини)
Фала ти многу драга Бони, да смеев да јадам бело брашно мајка ќе спржнеше некоја. Од безглутенското не излегуваат такви работи... Фала ти за понудата многу, исто како да си ми пратила
Уф ти имаш голема мака со режимот на исхрана, но според менито што го постираш секој ден стварно секоја чест на исхраната. Здраво, умерено и балансирано.... Јас многу се трудам околу исхраната, ама колку ми се јаде џанк фуд тоа е чудо
Се што јадам тестенина (леб, мафини, пирошки, паста) се е безглутенско. Некогаш ако видам некој да јаде нешто што јас не смеам ме фаќа стрв и еден залаг барем каснувам од мисла. Повеќе не. Се ќе издржам, ама здравје кога ќе дојде ред да се породам прво што ќе лапнам од бело брашно ќе биде 1/4 бурек со месо, а може и 2/4
(мени за трудници со Скриен шеќер) Д: 2 парчиња Протеински вечерен леб од Рамстор, 1 лажица ајвар, кашкавал, печеница, омлет од 2 јајца У: високо протеински пудинг Ehrmann Р: манџа од црн патлиџан, морков, домат со телешко месо, зелка салата У: / В: крем салата од остатокот телешко од ручекот со 1 лажичка диет мајонез - Виталиа, 1 лажица Спитико, малце магданос, свежа краставица, 1 лажичка сенф, завиена во листови марула, како палачинки У : 100 грама Спитико, малце стевиа, 5-6 јадки орев столчени и 1 лажичка какао.
(мени за трудници со Скриен шеќер) од денес Д: отворен сендвич - 2 парчиња Протеински вечерен леб, намачкан со хумус, 1 лист марула, намачкана со Спитико, неколку краставички, 1/4 авокадо, 1 парче козји кашкавал и парче печеница. У: протеински шејк - 250 мл. млеко од бадем, 2 лажички протеинска сурутка од ванила на Виталиа, 1 лажичка какао, 1 лажичка протеински намаз од јадки (био космос) + 1/2 протеински бар на Виталиа (Sport Bar) Р: Стек на скара со зелка салата У:/ В: зелка манџа со свинско чисто месо У: ореви и парче козјо сирење ( 1 чаша вода со 2 лажички јаболков оцет - намалувал шеќер додека спиеш, па ќе видиме)
(мени за трудници со Скриен шеќер) Д: омлет од 2 јајца, 2 парчиња протеински леб, ајвар, сирење У: 1 средно зелено јаболко, грст бадеми и ореви Р: "Имам бајалди" + зелка салата У: / В: Роштиљ колбаси + шопска салата У: 100 гр. Спитико, грст ореви, 1/2 лажичка органски џем од кајсии (Виталиа) + чаша вода со 2 лажици јаболков оцет
(мени за трудници со Скриен шеќер) Д: 2 крекери Whole weath, намачкани со хумус, марула, краставица, печеница и кашкавал У: 1 ред црна чоколада 72%, варено какао со малце млеко од бадем Р: Пица со тесто од карфиол У: / В: Обарена брокула со павлака за готвење, свежи печурки шампињони пропржени на путер. У: Спитико + бадеми/ореви, чаша вода со 2 лажички јаболков оцет
Здраво девојки не сум сигурна дали е соодветно за овде прашањето. Па вака дали ке може да споделите искуства или совети во врска со чајот од брусница? Колку е добро да се конзумира во почеток на бременост и по колку? Ви благодарам однспред
Јас скоро цела бременост пијам чај пд брусница, матичната ми го препорача. Јас го пијам тој од Виталиа со 60 % брусница, по еднаш дневно пијам. Исто така корисно е сува брусница да јадиш..
Јас го зедов од алкалоид исто 60% брусница и превкусен е, а после и плодовите може да се јадат како компот ( и аптекарката така ми препорача).
@crazylady ви благодарам од Мене ми е повеќе дека имам читано за тоа дека брусницта, гумбирот и магдоносот се супер за прочистување на целиот организам како и за прочистување на уринарниот ситем и зашта од бактерии но воедно прочитав дека било ризично од нивно конзумирање по плодот. Не знам за веродостојноста на информациите знаете дека сешто се пишува нажалост. Па така затоа пишав овде заради совет и искуство. Ви благодарам И да се согласувам дека чајот од брусница на Виталиа е најдобр
Д. Крајшник бел леб - тост со кашкавал и виршла. нескафе. У. Грозје. Р. Пинџур јајца со пиперки и 2 кришки интегрален леб. У. Стоби флипс, после десерт мало парче бисквитна торта. В. 3 парчиња пица - и сега ми е криво што ги изедов Од утре ќе гледам бел леб да одбегнувам максимално, да внесам овошје зеленчук што повеќе, почнав мн нездраво да се хранам
Вчера: Пред доручек: лимонада со лажиче мед и лажица маслиново масло. Д: Две парчиња потпечен тонус, едното со путер, кашкавал и патлиџан, а другото со ајвар и сирење. У1: Рака бадеми. У2: Јаболко, мандарина, слива. Р: Полнети пиперки, 2 феферончиња. В: Зелка салата со маслиново и лимон, кисели краставички. Во принцип, вака ми се распоредени оброците, со промени во ручекот, јадам месо, јајца, манџи, риба. Секој ден пијам по едно какао, леб исклучиво за доручек и само тонус или што и да е со 'ржано и интегрално брашно, бело не јадам. Пржена храна не јадам, само варена, печена, динстана. Понекогаш салатата ми е со ручекот и тогаш не вечерам бидејќи не ми се јаде и ќе грицнам некоја кисела краставичка, свеж морков или сркам малку грчки јогурт. Досега вака, а понатаму ќе видиме.
Добро е некој пишал,само јас и Бела бевме еден период,па сама останав,ко дневник да пишувам Од вчера. Д.Цеден лимон во вода на собна темп,кратко кафе со малку млеко. Ладен сендвич со р’жано лебче,со млечен намаз,кашкавал и авокадо. У.Мандарина и банана Р.Рижото со спанаќ и печурки,салата рендан морков и цвекло со маслиново и лимон В.Филџан какао,и чаша грчки јогурт со сецкана смоква,семки од тиква,несолени бадеми и индиски ореви. Во текот на денот 2-2,5 л вода. Со ладново време не сум ни жедна баш,но покрај себе имам големо шише да не заборавам да пијам.
Добро што ме потсети, ја заборавив водата. Секој ден 2-2,5 литри, и мене на ладново повеќе не ми се пие. Секогаш до мене имам шише и само налевам. Половина час пред и еден час по јадење не пијам вода. Овие навики со водава ми се со години и секогаш сум хидрирана, а не сум надуена. Сокови не пијам, освен лимонада и/или цеден портокал.