Д. 2 лажици овесни снегулки со филџан јогурт. Нескафе. Чаша вода со еден лимон и мед. И едно мало јаболко. У1. Малку варена палента У2. Кисели краставички. Сончоглед. Р. 2 јајца омлет со кришка интегрален леб и салата со патлиџан и краставица. В. Компир манџа со салата патлиџан без леб.
Вчерашно мени: ПД: кафе и овошна салата Д: интегрално лебче со две варени јајца, ајвар и топено сирење Р: боранија со таратор У: јаболко и рака јатки В: мусли со јогурт
Smudi(banana, jabolko, jagoda, malina, aronija, sok od limon i mandarina) Banana Dve jajca Patligan Rice cake x3 12 bademi i raka semki od tikva Dve jabolki Sok od kalinka 200ml Edna krastavica salata(jabolkov ocet i maslinovo) Turli tava eden tanjir (kompir, morkov, oriz, tikvicka, kromid, patligan) so sok od limon
Женички купив чај од брусница ,но пишува дека содржи и хибискус,па би сакала да ве прашам дали може да се конзумира хибискус?Фалааа
Нема чиста брусница и јас таков пијам. Онтопик Лебче и павлака, бисквити, чоколадо, јаболко, гравче тавче, леб со еурокрем, калинка, чај од брусница.....
Smudi(banana, jabolko, jagoda, malina, aronija, sok od limon i mandarina) Turli tava eden tanjir (kompir, morkov, oriz, tikvicka, kromid, patligan) so sok od limon Sok od grejfrut, limon, mandarina, portokal Proteinski bar(bademi,med,surutka) Tri kriski tonus(bez brasno i bez kvasec) so Abc sir 50gr i dve jajca na oko Salata krastavica so maslinov i jabolkov
Здраво сакаам да с епридружам малку тука ќе добијам некој совет во врска со исхрана иначе 10 недела сме дознавме за бременоста во 06недела. Мое мени е најчесто вака секојдневно -кафе со млеко -кисело млеко на работа плус и јогурт нешто неможам со едно -при крај на работно време цитрони -2 - дома кога одам ручам или јајца варени по 4, или ориз, или компир манџа, или спанаќ манџа, или пржено пинџур и јајца ии се тоа па тоа . -навечер може некој компот, или овошје. Месо не јадам паа еве од поискусни мислење за мојата исхрана?
Дали имате некој испробан рецепт за боранија? Знам дека е многу здрава и многу пати сум дала шанса ама едноставно во уста не можам да ја ставам. Некој поразличен начин на спремање, да не биде манџа?
Воопшто не јадеш месо или понекогаш? Јас би внела риба во исхрана барем еднаш неделно и плус јаткасти плодови бидејќи ти фалат протеини повеќе, овошјето би го преместила за сабајле, а навечер би јадела салата.
Не појадував , испитував скриен шеќер, мораше да пијам Шербет Појадокот може ручек да го кажам - Салата краставица со павлака и сирење Две кифлички и компир печен малку. Ручек. Пинџур со јајце пиперки печени и патлиџан , две кришки леб и сирење и чашка јогурт. Нескафе Ужина. Планирам ореви да грицнам и јаболко и некој чај. Вечера. Киви планирам. Убави биле за спиењето
Јас и дробам морковче кромидче ги пропржувам некогаш ребро некогаш мелено месо а може и ништо ставам сол вегета бибер малку да се пропржи ја ставам боранијата да се свари правам запршка и ставам да се запече
*За појадок сега во последно почнав да си блендирам:млеко, банана, бадемчиња неколку, корнфлејкс 1/2 лажици (овошен или мусли), замрзнати малини/или јагоди, едно зрно какао (тоа за крвта) и можи едно лажиче кокос. Ова обично ме држи до ручек (ако не, во меѓувреме пола или една кришка мачкам со нешто-ајвар, павлака, сирење, зденка и сл. * За ручек зависи:можи некое манџуле со телешко/ спанаќ/стек похован или пржен/свинско/риба....значи било што, не пазам мн ама обавезно со салата (цвекло/марула/спанаќ/зелка). * Измеѓу ручек и вечера некое овошје или какао.* Вечера-не мн обилна бидејќи не ми се јади и осеќам како да немам место-или доручувам од ручекот, или нешто лесно си мачкам, можи макарони со сирење и јогурт/кисело млеко/павлака...Благо поретко јадам, ама некогаш се случува да поткаснам во текот на денот. И така, обично вака ми врват оброците, со нешто плус/минус.
Од 28 Септември не сум ја посетила темата ме потсети на мојот мешко и мојот огромен апетит Додуша после тоа уште 17 дена сум била трудна
Moe mislenje povekje ovoshje ako nemozes vo salata togas smoothie e najdobra varijanta. I zelencuk se razbira. Ako nemas problem so namaleno zelezo togas si ok.
Боранија Прво динстам ситно сецкан кромид пиперка патлиџан. Кога се при крај ставам боранија и додавам доста вода за да боранијата убаво се свари. Кога е водата веке при крај испарена се префрла боранијата во рерна, посолена и со додадњн бибер и лук во прав Се остава во рерна да испари скроз водата Јас обожавам боранија на секаков начин ама вака ми е највкусна поготову кога малку ке остине да биде млака
Месо и јас не јадам, ниту јајца и млечни, во текот на бременоста еднаш имав пониско железо што брзо се среди со суплементи. Ете ти си јадеш јајца, јас би ти препорачала за плус протеини барем еднаш во денот покрај останатиот зеленчук да внесуваш и мешунки: грав, леќа, боранија, наут, грашок, кикирики... Добар извор на протеин е и интегрален ориз, овес, па и брокула на пример. Јади си овесна каша за доручек или од вечер потопи овес во јогурт/млеко, сабајле додади овошје, путер од кикирики, суво грозје, јатки или малку темна чоколада итн., и земи го на работа со тебе.
Денес имав преубаво мени. Станав во 12 часот. Во 13:00 јадев динстано свинско месо со печени компири. за десерт имав млечен десерт ( корички потопени во млеко и малку шеќер и запечени) во 16:00 јадев свинско пропжено со динстани компири. За вечера планирам да каснам протеинско чоколадо.
ЈАс за вчера од сабајле 07ч какао,две бисквити,мандарина,јаболка во 11 и 30 јадев интегрален геврек со јогурт во 16ч риба,компири и салата во 20ч салата,јадев и чоколадо бадеми и лешници