Д: 1 пржено лепче и цедевита У: Евита житарици Р: Пола риба, салата и парче леб В: 1 Парче леб со путер и кашкавал У: Киви
Како одминува бременоста така и ддилемата кога ке станам што да јадам.Мислев дека недоволно се хранам ама гледам исто и вие количински јадете.Бидејќи имам страв од да не му наштети некоја храна на бебето многу внимавам.Нејадам сувомеснати работи и внимавам исто и со месото но јадам само стекот го избегнувам Вчера увидов дека доручек или е јајце или е тост со кашкавал а вечера истото се врти.Прочитав од почеток на групава јадат палента се распрасав по другарки и никоја не јадела во бременос палена. Па би сакала искуство ваше за палента ,маслинки какви јадете и за тоа прочитав дека избегнуваат ми беше вкусна и павлака со пиперки ама никаде никој не ја спомнува па престанав да јадам
Нема ништо лошо во палента. Во главно треба храната да биде разноврсна. Да не заредиш секој ден со палентата. Јас доручкувам смути, пржено јајце со авокадо, пржено јајце со печурки, варено јајце во сендвич, варено јајце во салата, салата со киноа, салата со хељда, косело млеко со овес и чиа, проја со јогурт, понекогаш и бели пецива, гравче со салата, веге сендвичи, ориз со зеленчук и така се во круг Палента обично јадам навечер ако ми се пријаде а ме мрзи да готвам многу.
И јас кога размислам јадам се исто да не кажам или јајца варени и салата зелена, урда со јајца, пинџур и јајца, највеќеее компири манџа и ориз на тавчее во тоа немам мерка значи и мелкооо кисело тоа и пред да забременам значи обавезно минимум едно канче. Се навикнав сега да јадам пред да забременам ништо само на кафиња и јогурт и варени јајца сега добро вклучив доста у однос на претходно паа дури и благце си дозволувам претходно строго беше завбрането освен сладолед. Се заборавам за палента како дете многу ја сакав многу
Моето вчерашно мени во 7 пиев какао со 3 плазма бисквити,кива и мандарина во 9 и 30 пиев пак како со кива и јаболка во 11 дорчував интегрален геврек со баланс јогурт во 17 ручав леќа и зелка салата пиев пак какао,јадев поп кек и на работа јадев чоколадо неможам без него.јадев аронија и гоџи бери
Д. Кафе, 2 јајца со чајна и павлака Р. Компири со ориз и љути пиперчиња за салата У. Колач со вишни и какао В. Пржено свинско месо.
Мене ми изгледа како малку, вака лаички. Ако не јадеш ни риба, гледај со витамини да си покриена. Доручекот ми делува како малку.
Едно обавезно,со низок притисок сум па не се откажав од утринското кафе.Има денови кога пијам 2ро,некое млечно послабо.И какао по едно ради железото.
И јас затоа и прашав највеќе ,низок притисок имам и насабајле мора кафе за да можам да функционирам цел ден,ама понекогаш имам потреба и од второ кафе .Сега сум 27 недела и само по едно пијам па незнам дали некогаш би можела и плус едно послабо
@Ceculka 200 мг кофеин дневно е дозволена мерка за трудници.Тоа се од прилика две кафиња. Имај во предвид само и други напитоци што содржат кофеин во себе,како зелен и црн чај,кока-кола и нејзе сличните...
Не се оптоварувајте со колку кафиња ако ви се пие напијте се.. јас до 16 недела неможев да смислам кафе... Од кога ми поминаа мачнините па фатија жептините си пиев савајле едно турско а после нес кафе со мноооооогу мраз Јас и со кафе и без имав притисок 60/80
Вчерашното мени ми беше зс греота: Доручек- прескокнав бидејќи многу доцна се разбудив. Пиев турско кафе со парче баклава. Ручек: две мали парчиња црн леб со кашкавал. Ужина имав парче црна алва. Тргнав вечерта во 18:30 да пешачам и среќа татко ми ме побара и ме викна на вечера, отидов кај него и во 20 часот каснав малку мусака без леб. И со тоа бев цел ден.. Денес уште полошо. Се разбудив во 13:30 и пред половина час јадев малку овес со вода. Сега пијам турско кафе и умирам од глад.До вечер не знам што ќе јадам..
1. Мусли потопени со врела вода 2. Сендвич со кашкавал, кулен и марула 3. Макарони со биено сирење 4. Салата марула 5. Втора тура макарони со биено сирење сега во 23:39, нема кој да ме сопре и ќе се помолам да не ми се слоши па ќе си легнам.
Отсега овде ќе си пишувам што јадам во текот на денот ..Еден вид дневник ќе ми дојде,онака колку за евиденција.Инаку 6та недела од денес. Доручек:1 јаболко и 1 кива Ручек:пиперки со матени јајца Ужина:1 парче пита со праз и 2 реда чоколадо Вечера:Компир салата
Честитки, на почеток си, со лесно да си ја истераш бременоста. Компир салата во бременоста ми стана омилена (после марула), само што ќе спомне некој или ако ми замириса веднаш си правам.... Ама среќа веќе си легнав.