Појадок:1 домат, парче сирење и маргарин со 2 кришки леб. Ужина:1 филџан малини мешано со капини и 10 зрна аронија Ручек:грав и зелка салата +пола лута пиперка Ужина:баунти чоколатце Вечера:тост со кашкавал и печурки
Да додадам дека пред да останам трудна јадев по два цитрона на ден секој ден цел месец февруари кога беа по 39ден кило. Си се јачав дека правам имунитет.
Во цедени сокови ставам и јас цитрони. Од она што го знам дека со некои лекови никако не смее да се конзумира но тие лекови немаат врска со бременост. Такви лекови се најчесто некои антибиотици и лекови за висок притисок. Она дека може да забави апсорпција или да го намали или потенцира дејството важи исто така за многу други лекови, можно е има таков ефект на витамините но не во толкава мера. Кост-бенефит од конзумирањето на цитрон во бременост тежнее многу повеќе кон бенефит дека е полн со витамини, содржи и фолна, наспроти дејството на други микроелементи кои ги содржи а влијаат негативно. Затоа се препорачува да се јаде ама да не се претерува. Заклучок: Не се замарајте, јадете Многу други работи се штетни, па ги јадеме. Додека не се претерува се е ок.
Можно ли е да не се препорачува за да имаат ефект витаминиве кои ни ги даваат да ги пиеме? Само тоа ми текнува како можно ..јас секако никогаш не сум ни јадела се цедам и пијам. Фала на одговор
Јас на почеток се утепаав јадејќи цитрони, лимони се давев сега ми нешто избегнаа не ги можам сум ги преела
П. Пржени лепчиња, кашкавалче и доматче. Р. Кременадла, компирчиња и шопска салата. У. Сладолед од јаготка В. Ќе прерипам изгледа.
Цитроните сметаат на лекови за притисок, за срце, епилепсија, терапија за дијабетичари и терапија за нервни пореметувања. На сите тие терапии стриктно е пишано да не се јаде цитрон бидејќи го намалува дејството на лекот. За антибиотици и витамини не смета.
Вчера: Појадок1: житарици со јогурт, јагоди и лажица мед Појадок2: кајгана со сирење, патлиџан Ручек: доминоссс пицаа + малце торта ( сакав да се почастам ама повратив све за пола саа) Вечера: салата брокула+ краставичка Јас вода неможам да пијам ми се повраќа од неа, пробувам со цедевита и цедени сокови
Д: банана & кроасан У: круша Р: две кришки со зденка У: нескафе со млеко В: банана & ресани Знам дека малце ми е еднолична храната ама сеуште немам некој апетит а овие работи најмногу ми годат. Од благото никако да се откажам. Секој ден викам супа ќе сварам и секој ден заборавам. Хахах
Доручек: варени јуфки со кечап, парче сирење и свежа краставица Ужина: парче колач домашен со вишни Ручек: пилешко со печурки и неутрална павлака, краставица Ужина: сладолед магнум Вечера: 1 банана и млеко чаша
Чај од нане со парче ѓумбир Д: ќефир чашка, 3 лажици просо, пола лажица ленено, една шака сончоглед, пола краставица и лажичка протеин од грашок У: 5 јагоди со шака несолени кикирики Р: пастрмка со лимон со една печена тиквичка и 5 печени печурки У: Пола краставица, 5 маслинки В: Шопска
Појадок: бадеми и оррви 1 рака Ручек:кременадли и ориз во тава Ужина:какао и 2 реда галеб чоколадо и малку козинјак со брусница Вечера:салата од модар патлиџан со павлака-првпат ја правам мн вкусна + 1 домат
Појадок: јуфки и сирење Ужина: цеден сок од цвекло морков јаболко и портокал, покасно јагоди и круша Ручек: гравче тавче, салата печени поперки Вечера: лубеница *вода ИЧ непијам, се плашам ради тоа
@Krofna* пробај сок бистар од јаболка да пиеш. Тој е богат со железо и се дава и на бебиња за рехидрација. Јас кога не можев вода пиев секој ден по еден литар сок ладен без шеќер нормално. Кога испаничив исто како тебе отидов во аптека и си земав прашок електролити ама не сум го употребила ми стои за секој случај. Имаат малку гаден соленикав вкус со овошје ама многу помагаат ако се чувствуваш исцрпено и дехидрирано. Исто така безбедни за трудници и се користат кај бебенца.
-Лимонада - 2 чаши - кафе 2+1 - салата домати и краставица и 4 варени јајца - сладолед- - јагоди - пире и кисело млеко - ии на крај едно парче торта нешто неможев од жешко да спијам . Некој ден немам апетит некој ден спротивно се помешам
Ти се гади од вода ? Пробак со флаширана и некоја од тие со вкус или со дпдатни витамини што го рекламираат обично на Јана водите се такви..може ќе ти одговара да ги пиеш. Сепак мора начин да најдеш ќе те фатат мигрени од дехидрација
Да цедам сама јаболка или купечки? Дома само флаширана пиеме, пробав да цедам внатре лимон или портокал ќе ја испијам чашата и правец вц
Јас купечки пиев. Ако цедиш земи покисели зелени како грини смит или муцо. Искрено немав сили да застанам во кујна а камо ли да цедам хахах