Јас насабајле обавезно турско кафенце си пијам . Едно кафе ми е тоа во денот , ретко кога знам капучино приквечер да се напијам
Јас си пијам по две на ден, али обавезно на јадено. Така најубаво ми легнува И вака и така ми е низок притисокот, плус уште толку ми паѓа после јадење така да таман ми доаѓа кафенцето За јадење си јадам помали оброци (гладна не се оставам ) зашто ме притиска мн бебче на желудникот и многу ме мачат киселини ако се прејадам
појадок :1 банана и 1 јаболко ручек:прво зелка салата а потоа посно караванче и домат ужина:баунти чоколатце Кафе се напив едно Вечера:2 тоста со шунка кашкавал и печурки Ужина:мешано капини малини вишни и аронија
Тука мени-јава што ги пишувате, нутриционист толку конкретно и строго нема да пише А на прегледи ко ќе видам и што ги знам уште во 4ти месец крцаат сите еве јас по 3 кафиња пијам и еспресо и турско, секоја рестрикција е само мерка на претпазливост. Цел живот се хранам "clean food" па неам толку строго мени...освен ако не сте дијабетичари или сте затруднеле веќе со килажа плус.
Доручек: две лепчиња со сирење и домат Ужина: јаболко и пченица Ручек: сарми Ужина: пола банана и јагоди Вечера: мал тост со кашкавал и кечап Имам впечаток дека највеќе кркам тука од сите
Доручек: домашни брускети (3 парчина тонус со домат, сирење, зачини и маслиново масло) и чаша јогурт Ужина: една банана и две праски Ручек: лазајни Ужина: две коцки чоколадо
Доручек: 4 кифлички со ајвар и чаша цеден лимон Ужина: Банана колач Ручек: Риба, компир салата и патлиџан салата Ужина: малку торта Пуканки наместо вечера.
Појадок: кришка со зденка и кашкавал Појадок2: кајгана со кашкавал и патлиџан Ужина: круша, портокал и јагоди Ручек: цезар салата Вечера: банана и краставичка
Вчера: Д: банана и круша У: кроасан Р: рижото со телешко месо & печурки со шопска салата У: лимонада В: лебчиња со зденка, домат & краставица Подобро да не ве читам прочитав риба и сега ми се јаде крапче
Zdravo me intresira dali steti sekoe sabajle da se pie lumun so voda ?Jas od utre pocnuvam malku so rezim bidejki za 5 meseci kaciv 11 kg toa se mnogu...prva bremenost pa malku se plasam radi pritisok da ne kacam .
Појадок: 1 кришка со мортадела кашкавал и чаша јогурт Ужина: јаболко и јагоди Ручек: печени компири и моркови со пилешки крокети и салата крадтавица Ужина: лубеница и јагоди Вечера скокнав зашо повратив све
Какво мени, секој ден јадам во седмица или пици, газирани сокови, чоколади, па стомак не ми се гледа уште малце 7 месец ќе влезам. Се е до движењето, ако сакаш на лист зелена салата биди, ако се улежиш ке крцаш и во трети. Не зборам за оние кои мораат да лежат.
Доручек: Домашен сендвич со путер, кашкавал и домат Ужина: овошна салата со бадеми Ручек: риба и ориз со салата цвекло и морков Ужина: јагоди, банана и сончоглед Вечера: јуфки со сирење Доручек: тесто од пекара со цеден портокал Ужина: банана Ручек: црвен компир печен и тиквички печени со салата цвекло и морков Ужина: јаболко Вечера: ја преспав вечерата Секој си јаде тоа што мисли дека треба и што му е слатко јас гладна не се оставам, ама па благо ич не ме влече освен сладолед или некое домашно колаче со вишни. Од секогаш така не само во бременост. Засега немам качено кг рано е - 15та недела сум, иако навечер се осеќам многу надувано.
Jас тоа го пијам цело време, чаша лимон цеден со млака вода на сабајле. Баш е добро да се пие. Немој да се ставаш на диети, само внимавај што и колку јадеш.
И јас исто немам качено на килажа и сум 15 недела а се си јадам и благо и солено и кога сакам.Не се оптеретувам кога ќе качам,секако ќе качам понатаму.Ако станам навечер да ми се јаде го посетувам фрижидерот,на прсти.Маж ми утрово ја најде лажицата закопана во еурокремот Да не бидам оф топик- Доручек:Крофна со фил Ручек:мусака со салата од краставиици и ротквици ужина:капини и 10 зрна аронија Вечера: домашна супа од брокула и бејк ролс
Шака ореви Доручек: Две пржени јајца, пола авокадо, домат и козјо сирење Ужина: јагоди, пола јаболко со една лажичка путер од кикирики, плус кафе со млеко од кокос Ручек: Хељда со спанаќ, морков и кромид со шопска Вечера: Обилна салата марула, кромид, краставица и рукола И бидејќи ми беше шеќерот низок пред да легнам каснав мал бар од виталиа со 8гр јаглехидрати
Шака ореви со лешници Доручек: Две тонус лепчиња со хумус, козјо сирење, пиперка, краставица и домат Ужинка: пола јаболко и 3 јагоди со лажичка путер од кикирики плус кафе со кокосово млеко Ручек: Пастрмка, еден печен компир и една печена тиквичка со прелив од лимон Вечера: Салата марула, краставица и кромид
И мене ме интересира... Првата бремњност качив многу буквално јадев што сакав, сњга планирам режим строг нема јадење глупости
Ајде да ја освежам малку темава, ја подзаборавивме . Дајте некоја идеја што да се јаде снемувам инспирација Вчера Доручек: тост Ужинка: јаболко, банана и бадеми Ручек: леќа со салата од домати Ужинка: цреши и лешници Десерт: сладолед Вечера: пак си ја преспав вечерата Денес Доручек: тесто со сирење и јогурт Ужинка: јаболка, ореви и цеден сок од портокал и пола цитрон Ручек: ќе имам шницли со компири и салата
Појадок: една кришка со зденка и пршут Ужина: бадеми и сладолед Ручек: рижото со печурки и македонска салата Ужина:лубеница Вечера: варено јајце и банана