Избегавај теста дури не ти се смири. Јас јадев супи кисело млеко јогурти пиев .. пудинг се прејадував и тоа ми беше отприлика
Д: прво лубеница па после пола саат вегетка со чај У: праска, кајсија, пола јаболко Р: печени лепчиња со шопска и тиквички У: кафе В: ќе биде корнфлекс со јогурт и семки Задоволна сум денес со оброците
Д: ладен сендвич Р: рижото со пилешко, таратур и пола патлиџан У: нескафе, бевита кекс, неколку црешки В: не планирам вечера, освен нешто овошје што имам дома кајсии, цреши, сува брусница.
Д: 3 кришки еурокрем У: банана и кафе кајсии и праски Р: Марула салата па после и шопска ( многу удрив на салати периодов).. ќофтиња во томато со пире У:Сладолед и кафе ( денес 2 кафиња дека глава ме фрка ) В: Некој корнфлекс со млеко
Ако ти е за утеха и јас бев така и ослабев ама среќа помина и сега си јадам и повеќе од вообичаено, веројатно телото надоместува. Од кај 11та недела почна да се намалува гадењето, сега ептен ретко ми се случува.
јас мааалку ако почнам да огладнувам, ми се гади и морам инстантно да внесам нешто во уста. денес 2 праски и 1 кајсија пред да го спремам доручекот д: овесна каша со банани и замрзнато шумско овошје р: салата со марула, краставица, туна, пченка, црн грав у: 1 јаболко в: пица од готово тесто (многу здрава храна ми се виде цел ден )
П: Две лепчиња со паштета (немав јадено којзнае од кога) и јогурт У: Праска, мачмалоу и сончоглед Р: Безеље со телешко В: Салата со патлиџани и чушки и едно лепче (со ручекот не јадев леб)
П: Ладно кафе и банана Р: Паста со брокули и алфредо сос У: Пудинг од ванила В: Лазања И пред спиење планирам чаша какао со млеко. Денес ми е многу подобро за разлика од вчера и апетитов ми е сигурно поради тоа што се откинав од повраќање вчера.
Д: банана, 2 кајсии У: нескафе и бевита кекси Р: плескавици од тиквички, 2 домашни лепињи, таратур и патлиџан У: неколку цреши В: лепиња со павлака, шунка и кашкавал И сега не можам да дишам (се тешам дека имав барем лесен доручек)
П: 2 лепчиња со мармалад и млеко У: Кајсии, Праски Р: Кременадла со помфрит У: Торта В: Ништо, прејадена сум, а и најдобро ми е после 20h да не јадам
Д: две праски и лубеница. Потоа домашен сендвич со мајонез, кашкавал, домат и свежа пиперка У: сладолед Р: тооост со кашкавал и кечап У: банана В: јогурт со корнфлекс Се осеќам ко бумбар
Само ве читкам лубеници си мавате Од кај купувате? Видов во веро има ама убави ли се сега на вкус дека рано..да не се зелени ми е страв.
Д: крофна Р: вртена пита со урда и кисело млеко В: кајсии Без ужинки дека бомбастично го почнав денот.
Купивме лубеница на парче од продавница за овошје и зеленчук. Да си земеш, нас ептен убава ни се погоди, зрела и блага
Вчера : Појадок - пченкарни погачици и кајмак Ужина - кафе и цедевита Ручек- посна супа ,ориз со печурки и шопска салата Ужина - јагоди и круша Вечера - пуканки
Вчера: Д: банана, па после 1,5 часа пециво и чај У: чоколадо едно цело 80гр Р: патлиџан салата и чорба од зеленчук У/В: пак чоколадо неколку коцки, неколку зрна сува брусница и нескафе. Многу на чоколадо удрив, одамна не сум јадела
Вчера: Д: ѓеврек со јогурт У: јаболко и малини Р: леќа со салата зелка и 1 кришка леб У: праска В: сендвич со путер, кашкавал и патлиџан
Вчера: Д: праски и бадеми У: кроасан Р: пилешка супа со зеленчук и зелка салата У: пченка подоцна смоки В: супа повторно