Д: Мусли + корнфлекс со млеко У: Кроасан + турско кафе Р: Ориз со зеленчук и пилешки стек, парче 'ржан леб + кисели краставички У: Стоби флипс + кафе В: Интегрални грисини Дури сега гледам дека цел ден немам каснато овошје.
Д: лебче со кајмак, маслинки У: милкшејк Р: ориз со спанаќ и пилешко У: јаболко, кафе В: салата варен морков и кисели краставички
Д: Овошно смути, омлет со кашкавал и јогурт У: темно чоколадо и цеден портокал Р: Леќа, зелкa салата и пиперки со лук У: еклер В: малку макарони
Д: тонус со вегетиријанска паштета од маслинки,едно парче сирење и неколку маслинки У: банана Р:Палента В:Планирам пица со кашкавал,печурки и маслинки И секако многу водааа. Туку 24 недела кафе колку ми се пие ама не можам одма повраќам.Од која недела му се вративте на кафето?
Јас сум 22+1 сеуште не пијам. Т.е веќе и не ни ми текнува на кафе. Се мислев деновиве да пробам да се напијам да видам и јас дали ќе можам
Јас пред една недела пробав до турско послабо го направив,пробав и со капучино ама црева истурам а ептен ми се пие посебно кога е променливо времето и главата ме боли ама ништо,изгледа до крај вака ќе биде.Јас уште си повраќам и со мачнини сум
Јас не повраќав воопшто, но самата миризба ми сметаше, ми се лошеше. И мене глава ме боли но не многу и со трпам Баш ме потсети ќе пробам утре дали можам да го пијам
Никгаш не го ни прекинав кафето. Ниеднаш не ми се ни згади ни слоши од кафе. Дури мислам поише ми се пие сега како трудна него пред тоа. Првите 3 месеци пиев ограничено по 2 а сега си пијам по 3 а некои денови и 4 кафиња
Д: 2 пржени јајца, парче 'ржан леб, парче сирење, маслинки и чај од боровница У: Tурско кафе + чоколадирана наполитанка Р: Печен компир со копанчиња + цвекло У: 1 портокал + 1 мандарина + Турско кафе В: Грчки јогурт + банана и гранола @Maya12 Кафе почнав негде од втор триместар да пијам, прво по едно, а брзо после тоа почнав и по две. Никогаш не ми засмета, само бев претпазлива и не пиев во прв триместар.
Лимон со топла вода, кафе Д: Варено ѓеврече со маслинки, сирење, јогурт У:мандарини и киви, лимонада Р:Истото од вчера В:/ @Maya12 јас кафе пијам од старт, никогаш не ми засмета. Пробав на почеток да не пијам ама имав ужасни главоболки, па измеѓу парацетамол и кафе (бидејќи ништо друго не помагаше) си продолжив со едно денот.
Вчера прв пат ја отворив темава и кога видов колку сите внесувате овошје, ми текна од кај ми се +14кг Решив утрово да го почнам со едно јаболко и цеден лимон. По пола саат огладнев и ми почна вистинскиот доручек. Д: едно пржено јајце, со еден домат, парче овчко сирење и парче ржан леб; У: турско кафе, чоколаден корнфлекс; Р: телешко динстано со печурки и лукче; У: голем медењак, нес кафе, слатко од аронија; В: помфритче и од мевцето што ми остана од ручекот; У: пола милче со карамела; В бр.2: два тоста со мноооогу кашкавал, малку печеница и чаша јогурт; У: мандарина, фстаци, чај од нане со мед. Време е да си легнам, оти пак ќе поткаснам нешто.
Мене доручекот скоро секој ден ми е ист, т.е. или павлака + маслинки/цвекло или маргарин +-мед. За ужина овошје. Пред ручек обавезно јадам салата морков+зелка/марула/краставица. А за ручек било што зготвено, освен манџа. Попладне апнувам пуканки и ако се наоѓа нешто блачко. Не вечерам.
Д: Овошно смути, кафе, јуфки со кашкавал и чаша јогурт У. Темно чоколадо, цеден портокал со лимон Р: пилешка супа, ориз со пилешко и зелка салата У: темно чоколадо и путер од кикирики В: прескокнав Со кафе немам проблем, пијам секое сабајле по едно, а подоцна ако ми се пие нешто пијам какао
@IRBBB ќе те стигнам мами и ја еве денес: Д: пица домашна од вчера шо ми остана и кафе У: сутлијаш со слатко од дуњи и второ кафе Р: рибчиња пржени Охридски вујко ми шо ги ловеше летоска со лебче У: трето кафе и од тие чоколадни кикирики и чоколадно суво грозје од Кам (жива зараза) В: вртени питички со спанаќ и млеко И пак од тие од Кам, помини замини лапни си
Д: Овесна каша со банана,киноа и чоколадно млеко Р: пинџур со две лепчиња тонус В: омлет со маслинки и кашкавал,плус домати