Ova od vcera 1. Smuti 2. Mleko so topeno cokolado i oves 3. Supa,oriz so pilesko i marula salata 4. Torta 5. Pomarandzi 6. Lebce so zdenka i pecenica
Д: бурек со месо Кафе, ѓеврек и маслинки Р: салата марула, спанаќ, јајце, кубети, морков, сусам со дресинг од павлака, мед, маслиново и лимон Кафе+овошен јогурт В: нудли, јаболко, портокал, чоколадо Денес воопшто немам апетит.
@Skorpija25 оооо бурек сакааааам Д: ладни сендвичи со павлака, мајонез, кашкавал и кулен; У: турско кафе, чоколаден корнфлекс (си го грицкам како снекс); Р: супа, салата марула и крставички, печено пире од варени компири и везени пиперки со лукче, пржени печурки, ржано лепче; У: турско кафе, слатко од аронија, печени солени бадеми, уште чоколаден корнфлекс; В: таљатели со овчо сирење и павлака; To be continued...
Од тоа водата со лимонот, кафе Д: Ѓеврече, зденки, маслинки и јогурт У1:Овошен јогурт Р:Јагнешка чорба, јагнешко со ориз, ајсберг салата У2:Мандарини В:Пак од водата со лимонот
Д: Мусли + корнфлекс и такви разни за во млеко, се што може да се стави У: Брускети марети + турско кафе Р: Боранија со свинско + парче 'ржан леб У: Три реда чоколадо со лешник В: Интегрални шпагети со сирење и кечап И пак не каснав овошје цел ден
Д: Лебче со хумус, урда и патлижан (не едно, туку три У: темно чоколадо Р: рибна чорба со макало и домашно лебче, кисели краставички У: мандарини В: прескокнав, ама доцна ручаме
Дечки па алал да ви е од кај толкав апетит еднаш на ден јадев преку сила два пати а не па и ужинки да имам ))
И јас само доручкувам и ручам, во меѓувреме нешто ситно ако каснам по некое овошје, кафе, или блакце. Скрос исто јадам како и пред да останам трудна, имаме среќа што немаме толку апетит изгледа.
Сварив компири и везени пиперки. Ги излупив пиперките и заедно со компирите ги ставив во блендер (уствари каша за бебе испадна, не пире, ама не го сакам парчиња да има), му ставив сол, чили, масленце и водичка, ставив фолија и ставив в релна, малку да изврие водичката и после ја извадив фолијата да си фати коричка. А регулар пире од компир, правам од компир сечкан и варен во зачини, го блендирам со дел од водата во која шо се варел и обавезно го потпржувам со путер/маргарин/масло и млеко.
Чај од нане со лимон Д: 4 лепчиња со путер и чаша јогурт Кафе, портокал, чоколадо Р: ориз со спанаќ и кисело млеко+салата Кафе, овошје В: бисквити со млеко
Д бр. 1: два мали тоста со кашкавал, кечап и мајонез; Д бр. 2: мусли со јогурт и мед; У: турско кафе, печени солени бадеми; Р: домашни печени пирошки со пица фил и павлаче; У: турско кафе, пудинг од чоколадо и бисквити. Досега дотука сум, до легнување можда уште 2 вечери ќе имам и некоја ужина измеѓу
Д: 2 јајца на око, парче 'ржан леб, зденка, маслинки и чај У: ладно нес кафе, кока кола + вафла со крем, овошје и сладолед Р: Ориз, печурки, парче динстано свинско У: пола чоколадо В: млеко и бисквити Ќе има уште изгледа. Овошјето денес е во вафлата.