Д: 2 лебчиња, кашкавалче, маслинки, 1 варено јајце (што ми се одмили некако ) У: мандарина Р: компир манџа и краставица салата У: / В: таратурче без лук ( ми се згади од тоа на мм )
Турско кафе. Д. Милкшејк, сама си го измислив (сладолед, еурокрем, млеко, ореви) Р. Пилешки копан со ориз, сирење и парче леб У. Ред чоколадо В./ Денеска никаков апетит да се немало
Д: чоко чипс со млеко, мандарини, банана Р: полнети канелони со мелено месо, марула салата, чок.млеко, најљепше жеље цело чоколадо В: тоа што остана од канелоните, мандарина, чај
Макијато и Цеден сок од пртокал, лимон, цвекло и морков Д: Омлет со зеленчук, салата од домати и чај У: Кока кола, еден портокал Р: Бургер + помфрит У: Турско кафе и уште еден портокал В: / Ништо благо не сум каснала.
Д. Каша млеко со банана, урма, чиа, несквик и чок. житарици(ја правев за син ми па не ја сакаше) Турско кафе, 1 колаче орео У. 1 јаболко, пола киндер јајце и 1 аглантис бонбонче Р. 2 тањира шпагети, првиот со сос од печурки, 2 со сирење кечап и мајонез У.Чај В. Ладно млеко и кроасан
Д: 2 Р'жани лепчиња со грчки јогурт, мали парчиња месо + ајсберг салата + капучино и чај од лист од малина Р: омлет со две јајца, 2 лажици овесни снегулки, спанаќ и сирење + ајсберг салата + јаболко + 3 урми и чај од лист од малина У: шолја какао В: тавче гравче со риба + 3 урми и чај од лист од малина
Банана и кафе Доручек: пастрмајлија со јогурт Ужина: јаболко, корнфлекс со јогурт, кикирики, маслинки, три пралине бомбончиња ( касно ручав) Ручек: тавче гравче си ребро и салата марула и краставица.... И ќе пукнам.. Не за џабе веќе почнаа коментарите дека сум топче
Д: едно парче тонус со кашкавал и печеница У: малку салата од варен компир варено јајце и сирење, У2: капучино Р: две кебапчиња,малку помфрит и цвекло В:/ Ништо, фини лепо се си повратив и дремам така сега кока кола ќе пијам.Колку сакам повраќањево да ми завршии
Топла вода со лимон, кафе Д: Парче зелник со спанаќ и кисело млеко У: Круша, лимонада Р: Тонус две парчиња, макало од лук, пастрмка и ајсберг салата В: /
Д. Малку каша бисквити и млеко(дојадувам по син ми) Турско кафе, сок од лимон портокал и ѓумбир Клуб сендвич со јајце сланина бриош, малиџано и сиренце. У. Јаболко мало печено со оревчиња и мед и капучино Р. 3 сарми и 1 кришка леб У. 1 ред милка орео Чај лимони ѓумбир со мед В. 2 јаболка
Д: печени домашни јуфки и сирење; Д2: мусли со аронија, бисквити, јогурт и мед; У: солени крекери; Р: салата од зелка и крставица, јагнешко печење со печен компир; У: турско кафе, домашна торта со вишни; В: салата од крставици, печени пилешки копанчиња со печени компири и печурки; Млада е ноќта, крепи уште некоја ужина.
Д: Супа со зеленчук, кајгана со урда, интегрален варен ѓеврек У: 1 кифла со крем, цеден сок од портокал, лимон, цвекло и морков, макијато Р: Пире, пилешки колбас и салата од марула У: Наполитанки со бело чоколадо и вишна, 1 кроасан, пакетче стоби флипс, фанта од лимон В:/
Д: турско кафе, мало парче пица и лебче со печеница и млеко У: чоколаден пудинг У2: проја Р: ребра со компири, салата зелка морков и цедевита У: пудинг и нескафе В: бургер со крцкаво пилешко (ме настрвија а не бев многу гладна и ќе пукнам сега) Ич не ми е здраво мениво денес
Здраво ,ве следам веќе некој период , не знам дали прашањето ми е за тука но ќе го поставам, 6 недела сум (инвитро) многу внимавам на исхраната,толку исплашена и така советувана што ни турско кафе не пијам, но цигарите ми се проблем ,намалив на 5 или 6 цигари на ден најмногу,иако ми иде да палам една по друга .Секој со различен совет... ми велат намали, но пуши си не прави стрес на организмот ,други секако остави ги одма.Ваши совети?
Д: 2 пирошки У: (почетни киселини)...цедевита Р: ориз, батак и зелка салата У: / В: зелено јаболко... напредни киселини, ќе пукнам....
Честитки и со лесно да си ја износиш бременоста. Инаку, мој совет е да ги оставиш што поскоро. Штом си толку исплашена и внимаваш што јадеш и пиеш, за цигарите нема ни простор за дебата. Не знам чии совети ги земаш за релевантни, но не верувам дека постои лекар што ќе ти рече дека е во ред да пушиш за време на бременост. Имаш тема за цигари и бременост, но сметам дека ова прашање треба да го дискутираш со гинеколози и педијатри. https://forum.femina.mk/threads/Цигарите-и-бременоста.40/