Кафе Д: Проја со јогурт У: Едно мерси чоколатце и едно јаболко Р: Белвици, пржени компирчиња и марула салата В: Чаша млеко со какао
Д: тост со кашкавал и јогурт; У: макијато и еден кит-кет; Р: салата од марула и манџа со грашок; У: едно парче домашна торта со вишни; В: печени компири и печурки со малку сирење; У: сладолед (не е можно шо дешава бебето додека јадам сладолед. Убедена сум дека бар во тоа ќе е на мене и ќе се тепаме дома кој повеќе сладолед да изеде ).
Конкретно за железото, кога работиш на него преку исхрана, кога внесуваш намирници богати со железо гледај пред тоа и после тоа 2часа да не конзумираш млечни производи, ја оневозможуваат апсорпцијата на самото железо во крвта. Во случајот ми падна во очи овесни те трици со какао, Брусница и млеко. А витамин Ц, ја зголемува апсорпцијата, ако немаш намирници можеш и како апче да го испиеш после оброк.
Наутро после првиот доручек што го имам околу 9-10ч. пијам Прегназон што содржи железо. Следен оброк или доручек бр. 2 ми е дури околу 13-13 и 30ч., пошто ручам околу 16-17ч., па да има што да ме држи. Новите апчиња за крвта ги пијам заедно со ручек и саат време после нив имам само лесни ужинки.
Ама ти си покриена и со апчиња, јас те сватив преку храна сакаш да го подобриш затоа... Чим така гајле немаш, ќе се оправи.. Бар кај мене било така, со апчиња одма ми се оправало, за недела дена имало подобрување, со храна само потешко...
Да, Прегназон пијам веќе месец дена. Претходно пиев ПреМама, уште пред да забременам, се дур да го сменам со Прегназонот. Сега пијам дополнително и Лактиферон. Да испијам една доза планирам да проверам крв и да видам дали има подобрување. Малку е потешко само со храна да се дигнат вредностите, особено во бременост кога нагло паѓаат. Секако пробувам да сменам и навики во исхраната, што за шеќерот, што за крвта. Сега ме стави во мисла со ова што викаш дека не се апсорбира железото со млечни производи.. Пример сабајлево доручкував интегрален ѓеврек, кашкавал и ајран. Прегназонот секогаш го пијам одма после доручек, денес не го испив баш ради ова што го кажа, ама реално не знам каде да го сместам, пошто мора да биде во близина на оброк. Во доручекот често имам млечни производи, а после ручек пијам Лактиферон и нема како и Прегназонот тогаш..
Јас така знам, после моите патешествија со железото... Прашај си доктор секако, мада мене и доктор ми има потврдено..... Само не се преоптеретувај премногу, ќе биде се во ред, јас мојата прва бременост и со апчиња од 7ца не го мрднав железото ( ова само во бременоста, кога ги пиев небремена ми го креваа одма) само го држев у некоја константа.... И се си беше ок
Тоа е.. јас од кога знам за себе имам добра крвна слика. Железото секогаш над 20, се до овој пат кога се преполови. Ама како и многу други промени што ги трпи телото за време на бременоста, така и ова. Ќе го одржуваме колку се може во некои нормални вредности се надевам. Баш вчера со една колешка зборев, ми вика чим ти е 11 супер си сеуште, јас со Тотхема не го кренав повеќе од 6 цела бременост. Еве и ти истото ми го кажуваш... Како и да е, да бидеме добри само и ние и бебенцата, тоа е најважно...
@Bella_Stella истото можам да ти го кажам како @Andrejaaaaaa Гледај избегнувај за доручек да имаш млечни производи. Јас како правам со препаратот за железо (Сидерал форте земав, Лактиферон не можев во околниве аптеки да го најдам, па докторката ми рече може и Сидерал форте) наутро местам аларм во 7:00 со цеден сок од 1 портокал и 1 лимон го пијам Сидералот (кој содржи и витамин Ц во него). Па после доручкувам накај 9:30-10:00 во меѓувреме ништо ни јадам ни пијам. Со доручекот исто Прегназон земав сега последниов месец и Алга Оил ги пијам како додаток, само гледам да немам млечно ништо во доручекот (а рачунај колку сакам млеко и млечни производи ако да ме оставиш само на тоа цел живот ќе бидам ). Е после во ручекот внеси си нешто млечно, ама гледај наутро додека убаво да се абсорбира железото да избегнуваш, 2 саати пред и 2 саати после земање на препарат со железо е препорачливо.Ова ти го кажувам прво како медицинско лице, па по препорака од гинеколог, препорака од аптека, читање од интерент и што уште не Ќе издржиме неколку месеци, мораме
Фала ти многу! Ете јас не го знаев ова, а стално читам и се информирам за сите суплементи што ги внесувам. Не знам како ја имам испуштено оваа информација, воопшто не е за занемарување. Во доручекот скоро секогаш имам нешто млечно. Сирење, кашкавал, кефир, павлака, јогурт, млеко, урда итн. Во ручекот и вечерата немам ич. Ќе биде ли проблем пример и Прегназонот и Лактиферонот да ги земам заедно со/после ручек или многу ќе ми доаѓа? Или пак едно од нив да пијам со ужината после ручекот, заедно со портокал пример?
Па се препорачува препарат за железо да се зема наутро на гладно со витамин Ц, за подобра абсорбција, а Прегназонот на пример не се препорачуваат на гладно, па затоа и јас таква "шема" си направив Можеш пример, наутро Лактиферон со цеден портокал и лимон, доручкувај по 2 саати вклучи си млечно во доручекот ако сакаш, па после или со ужината Прегназон напиј си се, не мора тие да се конкретно со доручекот
Аа мислев дека и Лактиферонот не смее на гладно исто како витамините. Јас малце комплицирана сум, пошто имам хипо/хашимото и на гладно морам да пијам Еутирокс. Пола саат после тоа доручкувам. Ако пример после пола саат од Еутироксот пијам цеден портокал со Лактиферон и чекам нови два саати за да доручкувам, ќе припаднам. Сабајле кога станувам баш ми се јаде и може да се каже дека доручекот ми е најобемен оброк. Дури некогаш го терам сопругот во спиење да ми даде Еутирокс за кога ќе станам да можам одма да јадам. Ќе видам како ќе искомбинирам, дефинитивно ќе направам некоја нова шема со помош на вашите совети. Фала ти уште еднаш.
Нема проблем А инаку за јадењето те разбирам, затоа ти викам и јас местам аларм за Сидералот Така да во сон ќе треба да пиеш и Еутирокс и Лактиферон
Д: турско кафе, 2 јајца на око со сланина и 1 авокадо У: 2 чоколадни кроасанчиња со нутела од Силбо и нескафе 3 во 1 Р: пилешко со печурки во кари сос, марула салата и салата домат и краставица со млади кромидчиња У: турско кафе В: 2 лабчиња потпечени со моцарела и домат и чаша млеко со несквик
Извинете што се мешам, ама да, иако кефирот и јогуртот спаѓаат под млечни производи, мислам дека кога ќе се рече да се елиминираат се мисли на млеко, сирење, кашкавал итн. А кефирот и јогуртот баш се препорачуваат. Така е барем за повеќето други состојби, е сега може во бременост и за железото да има поинакви правила, ама мислам дека за ова може да се консултираш со уште некој. @Dee*Tee што мислиш ти?
Не да се елиминираат млечните прозиводи од исхраната туку два часа кога се зима некој препарат за железо не се препорачува да се јадат или пијат млечни производи бидјеќи се намалува апсорбцијата на железото и нема да има ефект.Инаку после тие два часа може да се јаде и секако особено да се пие јогурт кефир е препорачливо во бременост
Ете @Maya12 убаво ти објаснила, да не се повторувам. Инаку и надвор од бременост се знае кои млечни производи се попрепорачливи кои не толку многу, ама тука беше друга темата на дискусија.
Кафе Д: Две лепчиња тонус со ајвар и едно варено јајце У: Малини и кива, Смути, Ред црно чоколадо Р: Благ компир, кебапчиња и рукола салата У: Пола ред црно чоколадо, кафе В: Тортиља со мармалад од сливи и чаша чај од коприва
Доручек: овесна каша, кафе Ужина 1: цело пакетче смоки 400гр Ужина 2: банана и јагоди Ужина 3: ајвар, сирење и пушено свинско месо( мезев) Ручек:свинска пастрмајлија Касно ручав и толку ќе биде за денес, доста е
Д: 2 пржени лебчиња,зденка и чаша јогурт У: Турско кафе и еклер Р: Парче црн леб,копир манџа и салата марула У: Цеден сок од лимон и портокал В: 2 Парчиња црн леб,павлака и маслинки