Како успевате да пиете кафе после доручек Јас ако не се напијам од сабајле неможам да функционирам Ај колку да не е ептен на гладно па ќе каснам мед со коприва, нешто јатки или банана. Ама после доручек ич не ми иде
Пред бременост знаев и пред доручек да пијам. Кафе и цигара за расонување. Од кога сум бремена ни еднаш не сум пиела на гладно, не ми се пие. Кога станувам сакам да јадам прво. Ако мислиш како после доручек дека најадена, не го пијам одма. Пример доручкувам во 9-10-11ч., зависи кога ќе станам, а кафето го пијам околу 1-2ч.
Навика Јас дека си легнувам околу 10 ипол ( со кокошките ) и станувам во 7 ипол пошто тогаш ми е време за аспирин, па толку рано не ни мислам на јадење и со маж ми кафе од сабајле пред да иде на работа па дури на кај 10 може да јадам Ај ваљда не ми е толку штетна навиката, сепак поткаснувам нешто ситно пред кафето
Ако не ти прави проблем не е страшно. Сепак сите имаме различен распоред на денот, нормално е. Уживкај си и наздравје кафенце.. веќе си го испила.
И јас исто, и тоа скроз на гладно, само вода пијам прво, после тоа кафе, еве сега во моментов си го пијам во кревет, инаку немам енергија да станам. А и немам апетит, не ми се доручкува ако немам пиено кафе. Ајде на здравје.
@Bella_Stella @MandyLane моето е испиено Нека ви е и на вас на здравје и уживајте Се надевам денес денов ќе биде убав па ќе се почастиме со уште едно кафе после прошетка
И јас го пијам на гладно. Само вода пијам претходно пола литар додека се направи кафето Можам и после доручек, ама некако поубаво ми е пред
Јас гледам барем нешто да мцнам пред кафе, да не е ептен на гладно, ама тоа ми е навика и пред да останам бремена. Сега обично тоа е овошје, а порано некоја бисквитка, или една кришка леб со некој намаз. Се е навика
Бела од каде го купуваш намазот? Сакам и јас да купам ( пусти стррв цела бременост ме уништи ) и ако е од маркетиве рамстор, веро на кој штанд го има зашто мм ќе оди па да му кажам посликовито
Од Кам Андреја, таму го има него и уште неколку такви зеленчукови, во теглички се мали, на Подравка. Вкусни се сите.
@Andrejaaaaaa @Naatashka123 утрото без кафе не ми е утро тој мириз уффф после полна сум со енергија ако не ќе спијам цен ден
Јас од подравка ја купував едно време многу често салатата со црвена киноа и леќа, и таа беше ептен вкусна, и баш сега ми текна дека оддсмна не сум си ја купила, ќе си купам и таква
Исто и мене, на почетокот на бременост не пиев ама насабајле имав мачнини, и после сакав да продолжам да не пијам за да не палам ни една цигара, ама неможе, цел ден како мамурен, не е тоа тоа, си треба макар едно кафенце... И реков ќе пијам, со едно цигарче... Не е страшно
Нормално дека не е страшно. Едно до две кафиња се дозволени Подобро кафе ќе пијам него парацетамоли, јас ако не се напијам едно, две кафиња во денот ќе ми падне одма притисокот и ќе ме утепа глава од болење И така нормален ми е 90-60
@mace89 јас зависи, некогаш прво јадам па пијам кафе ама тоа поретко, почесто така правев во прво тромесечие пошо се будев ептен гладна со како дупка во стомакот и не можев прво кафе. А сега не можам да јадам прво па кафе. Станувам прво чаша или две вода па кафе па после пола саат, саат, саат ипол доручек. Зависи колку ми се јаде. Ако пијам цеден сок со кафето обично покасно јадам пошо не ми се јаде одма. Ако сум само на кафе, после пола саат саат јадам. А и зависи од киселините, ако ме фатат дур не ми поминат не помислувам ни на кафе ни на јадење ама до сега брзо поминуваат за макс саат.
Јас не пиев на почеток, ми се гадеше од кафе. Дури прикрај на 5ти мислам почнав. Јас и да се напијам, и да не се напијам 90/60 ми е како зашеметена сум Ама сепак откако пијам кафе подобро е
Кафееее Јас на почеток реков ќе го оставам кафево (пиев по две дотогаш, во големи шољи ), леле ко почна глава да ме болиии... абе не можев од перница да ја мрднам, во живот таква главоболка сум немала, на секое мрдање стегачка болка . Во агонија два дена бев.. И ко што вика @mace89 меѓу парацетамол и кафе си избрав оти ништо друго не помагаше. Иначе и јас не можам на полн желудник, цел живот дури не испијам кафе не можам од кревет да станам. Е во прв триместар мм ме разгалуваше, ме чекаше овошна салата ко ќе станев па јадев прво то, сега веќе не ми прави и си пијам одма кафе (уствари претходно цедам лимон).
@kostovaivana Добро е имам подршка Јас си мислев само јас сум таа што прво по кафе иде уште очи не отворила Мајка ми стално ми вика јади прво па после ама кога не иде така што да правам @Naatashka123 и мене ми се гадеше од моето омилено нескафе, али не се откажав пробав со турско, капучино иде некако од нескафе сеуште ми се гади и од какао али па си најдов замена
Од никакво кафе не ми се гади и многу сум среќна што е така од се ќе се откажам мислам ама од кафе не!!! Обично пијам по 2 турски и едно нескафе или макијато во денот. Гледам као 2 макс 3 дневно, да не претерувам ама има денови абе кафе ми се пие и крај, па знам и по 4 да си испијам со сласт
Штом не ти пречи пиј си но пошто пиеш повеќе внесувај и повеќе вода. Така кофеинот брзо ќе се разредува и нема да му ја мислиш