Какао со млеко Д: Пржени лепчиња и јогурт У: малце овошна салата Р: салата зелка и цвекло, домашна супа, ориз и малку пилешко, без леб Сок од боровница В: Бурек и јогурт
Врска немам од такви "модерни" рецепти Ама добро е штом е така, па да си каснам и јас некое (две, три ) парченца. Фала ти
Не е модерен рецепт, така и се прават повеќето филови за домашни торти. Ова знам пошто свекрва ми прави торти по нарачка. Не му ја мисли, обработена ќе биде жолчката на висока тт, касни си слободно и наздравје нека ти е.
Семе од коприва со мед, Турско кафе Д: Две кришки тонус со паштетка од печурки (по совет на @Maya12 превкусна) У: Чај од коприва, овошна салата, витамински сок У2: Три мини крофнички со мед, чипс Р: Грашок манџа У: Несквик В: Печурки на скара и сладок компир
Сок од лимон со топла вода Д: Кафе, 2 јаболка У:цеден сок од портокал и цитрон Р: 2 парчиња леб намаз тоскана У: чај од брусница В: Макарони со песто и многуу вода!
Чаша вода, турско кафе Д. Тост со шунка, кашкавал, и едно парче леб со паштета и кечап У. Два реда милка орео Р. Пилешко рижото У. Гумени бомбони У2. Јагоди В. Макарони со сирење И се мислам уште една ужинка да си направам
Д: турско кафе, тарана со јогурт и авокадо У: / Р: шпагети со мелено месо и зелка салата У: турско и бајадерки В: попара со кисело млеко и варено јајце
У: две мафини со чоколадо и портокал, ф'стаци и турско кафе; Д: / Р: голема шопска салата без сирење (ако се вика шопска ), гравче и мнооогу феферонки и маслинки; У: еспресо; У: шејк од бадемово млеко со чоколаден корнфлекс, аронија и путер од кикирики; В: зеленчукова супа од брокула, салата од зелка и двопек со паштета од печурки и маслинки.
Може ли да ми кажете за медот и семето од коприва - ги земате за железото, така? Дали ги земате одделно или семето е измешано во медот? По колку дневно се конзумира и дали треба наутро на гладно да се јаде или како?
Да мила, за железото се земаат заедно мед, семе од коприва, јаткасти плодови и лимон се меша (сооднос нека кажат тие што правеле во скоро) и се консумира по една лажичка на гладно. Мене ми се снуши толку благо на гладно и почнав семето од коприва да го користам како зачин и во сѐ што правам си наросувам семе. Вкусот на храната воопшто не ја сменува, а сепак внесувам доволно. Ова како идеја.
Ти благодарам многу на одговорот. А може ли да ми кажеш од каде го набавуваш семето од коприва? Го има ли во аптеките или маркетите? Никогаш до сега го немам користено и навистина не знам каде се набавува.
Нека ти е со лесно мила Можеш да си побараш благослов од Поп за да постиш со млечни производи но сепак тоа е твоја одлука
Јас од веро го купив, од делот за здрава храна. Побарај низ големиве маркети треба да има, ако не, во аптека сигурно. Знам мила дека смеам и јајца и млечни производи да јадам, уствари сѐ освен месо, ама и претходните пости ги терав вака и овие сакам да ги истерам. Ако случајно не можам да издржам, тогаш. Фала ти. ❤️
Јас вака го правам тоа: -200г од прилика семе од коприви (јас го мелам на мелница за кафе пошо ако не го смелиш е како песок) - сок од 2 лимони и два портокали - 100г лешници, 100г ореви (можеш да ставиш и други јаткасти ако сакаш) смелени - мед од прилика пола тегла Све ова мешаш со дрвена лажица додека се добие густа смеса. Се јаде по една лажица на гладно. Ако не можеш на гладно може и на јадено. Ако ти е ептен слабо железото, може и по 3-4 лажички дневно.
Јаболко, кафе Доручек: корн флекс со јогурт Ужина: мало парченце торта Ручек 1: Полнета тиквичка со мелено месо и зеленчук и кисело млеко Ужина: банана Ручек 2: исто како ручек 1 ( поради тешкотии со варење а имање машала апетит, го поделив ручекот на два пати) Ужина: плазма сладолед Вечера:/