Пробај со ладно млеко, семки од маслинки ако можеш да ги голташ, јаболко, 1 лажичка сода бикарбона растворена во чаша вода, голтни 3-4 зрна жив ориз.. ако ништо не помага, дозволено е гастрогард и рупурут да се зема во бременост. За џвакање/шмукање се и двете. Не се долготрајно решение, ама мене ми помагаа кога киселините и од спиење ме стануваа од што беа силни и постојани.
Моите се повеќе нагони за повраќање мислам.. Кога ќе осетам мачнина одам да повратам и повраќам кисело, а вака не осеќам да ме гори на душникот. Пијам едни капки на база на ѓумбир ама не помагаат баш многу.
Земи си гастрогард, прашај ја матичната по колку можеш да пиеш. Мислам дека по три можеш во денот. Со сигурност ќе ти помогнат и се безбедни во бременост
Probaj so antimetil,sabajle i posle pladne se pijat. Piev i jas od kapkite ama ne mi pomagaa bash.Od tabletive barem odreden period od denot po ok mi beshe.
Семе од коприва со мед, Кафе Д: Протеински палачинки ( многу вкусни за тие што не сакаат/ не смеат благо https://fitlife.com.mk/proteinski-coko-palacinki/) У: Чај од коприва и портокал, Индиски ореви Р: Динстано месо со печурки, кромид и морков У: Кафе, пола кутивче протеински пудинг В: Јатки, Компот од боровинки За сега добро ми иде поздравава варијанта на менито Али до кога е знак прашалник
Кафе Д: Кајгана со јајца, спанаќ и кашкавал У: Кива,мандарина и цеден сок, јатки, чај од коприва Р: Селско месо У: Протеински пудинг од чоколадо и кокос В: Кисело млеко со 4 семиња
Кафе Д: мекици со сирење и јогурт Р: пастрамајлии и салата домати краставици У: кафе и чизкејк ама мало ептен парче У2: кафе и торта В: не сум у план. Евентуално Рупурут од тестово денес
Мед со семе од коприва + лимон со млака вода Д: Омлет со печеница и кашкавал, интегрален ѓеврек, кајмак, наут со зачини, чај У: Турско кафе, ф'стаци, бадеми и лешници Р: Пире, динстано телешко со сос, салата од краставици, зелка, морков и цвекло У: Татлија, Нес кафе В: /
Д: домашни лиснатици со спанаќ и други со печурки и маслинки, порција макарони со доматно пире и рукола; У: какао и некои интегрални грисини со оригано; Р: шопска без сирење, толчени пиперки со лук, компир салата, пастрмки и макалце (и малку тавче гравче мцнав); У: турско кафе и парче посна киндер торта; В: од тоа урнебесот за доручек што го јадам вообичаено; У: уште едно парче торта и солени пуканки. @Bella_Stella што е тоа татлија?
@IRBBB татлија е традиционално благо од истокот на Македонија. Се прави со младо сирење и се полива со шербет. Омилено благце на зетот е, па мајка ми често го прави..нели зет како мед, во случајов шербет.
Го имам слушнато на македонски народни приказни, ама во главата си го замислував како солено јадење што служи за главен оброк. И сега гледам Бела за ужина јади татлија. На здравје нека ви е, би сакала да пробам некогаш.
Хахах ужинка е да. Ќе ни дојдете некогаш на гости со другарчето тука на исток па ќе ве почастиме со татлија.
Никогаш немаше да погодам дека е уствари со сирење . Све си мислев дека е некое благо ко тулумби, кадаиф тој стил . На здравје нека ви е.
Уф може секако мила..таман ќе си имам друштво да не се осеќам крива до толку. Мене викендов ми беше баш cheat на тема благо. Јадев татлија, па денес и торта..ама толку ќе да е... се казнувам веќе.
Јас чекам до нареден преглед, ако ми кажат може да јадам одма купувам некое парче торта Тебе шеќерот на крвна слика ти беше дури и низок па можеш без грижа на совест да си дозволиш малце благичко
Кафе Д: Една кришка тонус со паштета и сирење, варено јајце, јогурт У: Семе од коприва со мед, чај од коприва,две овошки, овошно смути Р: Ориз со спанаќ и месо У: Кафе, две коцки црно чоколадо В: Кришка тонус со кашкавал, маслинки и печурки
Семе од коприва со мед и лимон со млака вода Д: Палента со сирење и зденка У: Нес кафе Р: Боранија, пилешко и марула салата У: Парче торта В: Микс јатки и сува брусница