И јас мислам како @mace89 мила. Нареден пат ќе ти речат џабе беше паникава се си е ок. А и мене не ми е јасно зошто тоооолку паника кренаа кога вредностите ти беа во граници на нормала по референтни вредности за бремени. Јасно е дека е подобро да се пониски ама па толку да се крене паника...не знам. Ама нејсе, да не навлегуваме сега во тоа. Издржи уште малку, направи си список што се ти се јади и после наредна контрола, од преглед у бурекџилница и да си се накркаш бурече Инаку менито од денес Д: го заборавив семето денес турско кафе, 2 јајца на око, авокадо, еден домат, парче сирење, 2 парчиња пченкарен леб со сончоглед и млеко У: си ја преспав во времево одвратно Р: супа, салата и сарми со штавел и кисело млеко У/В: чизкејк, банана со еурокрем и јагоди (пукнав од благо, нема сладолед денес а и ми студи)
@kostovaivana не знам бе мила, дали докторката се испаничи дека сум со Пцос, па си вика може имам инсулинска резистенција, плус Глукофаж пиев то 12та недела па ми го прекина и може се има осетено криво не знам.. Само можеше малку на посоодветен начин да пристапи, ама тоа е..знам дека немаше лоша намера жената. Позитивна страна на пазењево е што мислам дека немам мрднато во кила, а може и да имам намалено некое. Маж ми ме гледа и само вика лееле каква си слаба, лееле де сврти се, абе од позади не се ни познава дека си бремена. А што сакаш викам ти прасе ли да станам.
Душа те разбирам јас од самиот почеток со повраќање киселини сеуште имам ме будат навечер дури ме жеже желудникот и нагоре болка дури од нив пробај и варен ѓумбир рендан нека се свари и нека не стои долго прецеди го да не биде мн јак со лесно нека ни ке издржиме
Членките ти го постираа како изгледа грчкиот јогурт,еве уште еден предлог за протеински јогурт или павлака од која јас немам киселини а по вкус ми е поубава од грчкиот
А мами пиша дека докторката се исплашила да не имаш инсулинска резистенција а ти со скриениот шеќер испита и инсулин во 0,60,120 минуту?
Не мила, само скриен шеќер испитав со гликоза, на 120 мин растојание. Ама дека инсулинската резистенција е типична за Пцос, затоа таму ми отиде паметот.
Јас не осеќам да ме жеже од киселини туку мачнини и нагони за повраќање имам цел ден и тоа ме истоштува цело време сум нерасположена без енергија и тоа грдо чувство во грло бљак....
Семе коприва со мед Кафе макијато ова стандард секој ден Доручек Малку краставица , патлиџан, сиренце и аргета паштета не сум јадела до сега сега ме мавна за паштета со тонус лебче Ужина Пасирана банана со ниско маслено млеко и чија семе од вечер ставено Ручек Ориз со Копанче и салата Ужина Сладолед Вечера Нешто полесно да смислам таратур може
@mjay.yyy А кој месец си? Ти поминаа ли мачнините пошто те читам се си јадеш значи немаш веќе проблем
Јас во Велес го зимам од Кит Го маркетот ама провери ти по поголемите маркети до делот кај здрава храна,на оваа фирма има повеќе продукти.Имаат и протеински пудинг со вкус на чоколадо или ванила без шеќер а е превкусен
Леле и јас сум ваква ко фацава, си викам кај ми е крајот тек 10та недела сум А што јадеш, да не ти смета некоја храна? Избегавме од темата ќе те тагнам во мачнини па таму пиши ми.
Можеш и да не ставиш оцет, мене ми се поубави кога немаат оцет сма маж ми ги сака така па капнувам по некоја капка домашен јаболков оцет. Ти стави си само маслиново, лукче, магдонос и солца
Д: Парче црн леб,спанаќ со јајца,парче сирење и чаша јогурт У: Турско кафе и домашен колач со мармалад Р: Манџа со компир и ориз,печени пиперки У: Цеден цитрон и портокал В: Таратор
Интегрално колаче, кафе Д: Една кришка тонус леб, варено јајце, пршута, биено сирење У: Овошје, смути, протеинска палачинка Р: Вешалици со бешамел сос, крем супа од моркови У: Кафе, еден ред милка В: Протеинска палачинка со чаша млеко
Д:овесна каша со чиа У: еден ред киндер буено Р: пиндџур со сирење и две парчиња тонус У: јагоди В: две протеински солени палачинки со патлиџан
Д: Тост од леб од цело зрно со пилешка шунка и кисели краставички Р: Интегрална пица со свежи печурки, домат и моцарела У: Турско кафе В: Парче стек на скара, печена пиперка, краставици, зелка и домат
Семе од коприва со мед, турско кафе Д: 2 јајца на око, парче сирење, неколку кругчиња чајна и млеко У: макијато Р: гравче со салата У: југобела овошен јогурт, сладолед и турско кафе В: 2 кришки лебче со паштета, малку сиренце и јогурт
За среќа поминаа кога ми кажуваа ќе ти помине не верував сега сум 6 ти месец не ми се лоши ама имам киселини ме горат од желудникот па нагоре ама со ѓумбир некако си помагам иначе бев страшна јадев само соленки храна некој да спомнеше повраќав