500гр мед, 100гр семе од коприви, сок од 4 лимони и 300гр исечкани/мелени (по вкус) јаткасти плодови (шо ми ти сака душичката). Сето се меша и се јади на гладно по една супена лажица. Мене пошто ми се снуши од благото, ем гладна, ем ситост ми држеше, почнав семето од коприви како зачин да си го користам и во сѐ што јадам да си наросувам, и онака нема ни мирис, ни вкус. Дај сега две крофни за рецетата
Фалаа ти мами. Прво смесава ќе ја направам ќе видам дали ќе можам да ја јадам, ако не ќе си направам како тебе. Ајде повели, и повеќе ќе ти дадам, не само две
На зијан си ако дојдам. Денес Д: мусли, чоколаден корнфлекс, аронија, путер од кикирики и бадемово млеко; У: секси нес кафе (специјалитет на либе) и мафин со чоколадо и портокал; Р: салата од домат, крставица и младо кромидче, полнети пиперки со соја, ориз и печурки; У: какао, чипс, грисини со сусам; В: печени лепчиња со маргарин и мед ми се на менито.
Моето мени крш денес Д: 2 кришки козунак со чаша млеко У: Смути од ананас, банана, круша, мед и вода Р:Компир манџа со салата домат, краставица и пиперка и парче сирење У:Кришка козунак и наполитанки В: Стоби флипс и малку сладолед
E елате ни ајде да пробате. Нес, шеќер, путер од кикирики за шмекче, чоколаден прелив, бадемово млеко и коцка шеќер. Ама и магија ставал, затоа било превкусно. Инаку чашите и цевките се такви фенси и затоа е многу секси.
Ај ќе го прашам мм дали знае да прави, он цела младост шанкер бил, па сигурно ги има лажено девојките со такво некакво секси нес
Коцка шеќер имам пишано бе. Ми има паднато шеќерот изгледа На мраз мислев. Не го малтретирај човекот, фаќај го за рака, патот под нозе и елајте (со крофни да се разбериме), мажов ќе дај секси нес.
Ja si pomisliv vikam abe ova kafe e ili baklava, gledam sheker, pa posle kocka sheker i si rekov mashala ova ne seksiii ova sherbet! Hahah
Xaxaxaxxaaxa na zdravie neka vi e, se iznasmeavme so seksi kafeto vazno sega i jas edno ke si zbrcham neka trepka hahahah
Семе од коприва со мед и турско кафе Иначе @Naatashka123 можеш место 4 лимони да ставиш 2 лимони 2 портокали, мене така поубаво ми е. И се јаде по едно лажиче на гладно Д: леб со кајмак, кулен, сирење, еден домат и 2ипол чаши млеко У: сладолед и нескафе ама не секси Р: таратор, салата домат со краставица, туна и ориз со печурки У: втора доза сладолед В: чипс и милка вечерва ми вришти нешо не бев баш гладна, ми се мчкаше, му се настрвев на чипсов па ми дојде многу солено и викам ај едно редче од милкава да се заблажам ама цела си смував многу сум се осолила изглеа
Д: брускети со кечап, печурки и маслинки; У: секси нес и една банана; Р: веге бургери и помфрит; У: чипс, обичен, со сол; В: печени лепчиња со маргарин, домат и маслинки; У: путер од кикирики.
Ова од вчера у: смути и кафе д:абц намаз, јогурт, тонус у:јаболко и банана р: тавче гравче, тонус и краставица салата у:јагоди в: путер од кикирики на тонус намачкан и чаша млеко у: сладолед (бев на на ендокринолог ми рече шеќерот добар бил да не си ја мачам душата и од таму директно отидов сладолед да си купам ,)
Вчерашно: Д: Ѓеврече и чаша јогурт У: Бисквити и банана Р: Макарони со сос од печурки и салата домат, краставица, пиперка У: Неколку свежи урми В: 2 Кришки леб со кајмак и пилешка печеница И на крај малку сладолед
Девојки здраво Сакав да ве прашам, Ви помогна ли таа мешавината од семе од коприва и мед за анемија? Што не испив, џабе, едвај 106 се држи хемоглобинот... И ако може да ми кажете од што по колку се става, фала виии
Кај кој ендокринолог беше ? утре треба да ми дадат упат од матичен , па незнам дали има воопшто термини или па со приоритетен дали ќе примаат ?