Мами јас со таа мешавина немав искуство ама мене хемоглобинот мене пред 3 недели ми беше 11, др Таше ми даде да пијам лактиферон плус и после три недели направив пак крвна слик ми се качи на 12.2
Хгб од 109 на 112. И тоа плус и аронија јадев секој ден по 5 зрна. Мислам дека повеќе за одржување е, отколку за корекција. Сега земам хеферол, ама нема поминато 1 месец, немам направено контрола.
И хеферол, па ферофект, кратко имаше ефект и толку.. голема уста се ми зема Ќе пробам со медот, а на аронија имам алергија, па да не играм и со тоа
Душичка, само нека си расти, ако треба и железо чисто ќе голташ. Ако јадиш цвекло, можиш сок од цвекло, морков, зелено јаболко и лимон да пиеш.
На приватно бев во срце мислам Тања се викаше докторката, беше океј , реално незнам како се наплаќа на приватно ама без никакви анализи и прегледи ми наплатија 3000 , некако баш ми се виде многу.
Јас денес испитав крвна слика. Хемоглобинот ми е 11 а железото 20. Влезена сум во 33 недела. До сега немам пиено никакви суплементи за крвта освен тие што си ги има во Фемибионот 2 и додатно б12 и фолна ради мутации. Котларова од Ремедика ми кажа дека ми е супер и да не земам ништо. Секое сабајле јадам по една лажичка семе од коприва со мед и мелени ореви. Јас се од прилика си ставам во едно мало тегличе си правам за недела дена после пак. Сакам да ми е по густо па повеќе ореви му ставам и семчиња.Плус цеден лимон со топла вода, мед, куркума и јаболков оцет. Секој ден пијам смути од лимон, една четвртина цвекло, морков, една лажица диви боровинки, аронија , малини и пак додавам плус една лажичка семе од коприва. Ова си го правам една доза и два дена ја пијам пошто ме мрзи Обавезно јадам најмалку 5 пати во неделата месо, телешко, свинско , пилешко. Сето ова ми помогна да си го качам железото но хемоглобинот одсекогаш ми се движел тука некаде
Инаку мене вчера од памет ме извадија, се јавив кај матичната за резултатите од крвната анализа и ми викат не се многу добри, дојди утре...Хемоглобинот 11,6 Железото 13 ниски биле тие вредности и ми препишаа Floradix сируп од билки за железото 3 пати на ден по 15 мл. во аптека ми препорачаа да го пијам заедно со витамин Ц по можност сок од портокал. Појадок:Варено јајце и јогурт Ужина:Капучино, јаболко Ручек: Не можев да му одолеам на Мекдоналдс еден чизбургер и помфрит Ужина:Јагоди свежи Вечера:Моментално спремам макараони болоњезе и цвекло ☺️☺️
За во бременост има други референтни вредности. Хемоглобинот ти е одличен а за железото може ти го препишала сирупот
И напоменав дека сум бремена но може затоа што сум во порана бременост 24 недела, не знам. Еве ги резултатите
Мојата матична со 21 железо сакаше да ми даде суплементи уште на почеток Затоа си се консултирам со докторката што ме води во Ремедика. До сега не сум земала ништо па еве крвната слика пак ми е ок, хемоглобинот 11 а железото 20
Д: Тост со кашкавал и чаша јогурт У: Два реда темно чоколадо Р:Пак макарони со сос од печурки пошто вчера сварив за цело маало па ги дојадов денес со салата марула, ротква и младо кромидче У: Едно колаче домашно правено со џем В: Млеко со бисквити
Семе од коприва со мед Д: перца со јајца и урда, лебче и млеко У: турско кафе па баајги покасно нескафе и некои благи како чајни колачи со чоколадно полнење Р: гравче, зелка салата и од перцата со јајца шо останаа од доручек У: смоки В: попара со јогурт
Д: 'ржан леб со паштета од печурки и маслинки и доматче; Р: салата од марула и младо кромидче, пржени пиперки со домати и ќофтиња од тиквички со лукче; У: секси нес, пржен сончоглед; В: макарони со туна и златна мешавина; У: еден мафин со чоколадо и портокал и пржен сончоглед. Дур читав, ова перца во глата си го замислив ко пердувчиња од птици и си реков 'оти бе пердуви, се јадат?' Не сум нормална, треба да си легнам.
Д: Варено геврече со ајварче, сирење и пршута У: Кафе, парче касато торта (во диетална верзија ја направив) овошна салата, смути Р: Залучени тиквички, пржени буковки и млади компирчиња во рерна (варени па печени мене ми се ммм) У: Кафе, второ парче касато торта, индиски ореви, бадеми В: Кисело млеко
И јас исто 33+4 сум, хемоглобинот ми е 11, железото 24, од суплементи само Фемибион 2 и магнезиум пијам. Обавезно една поголемка лажица мед и семе од коприва секое утро, и најмалку секој втор ден јадам храна богата со железо.
Појадок: Омлет со кашкавал малку лебче и младо кромидче, цвекло Ужина: Капучино, сладолед Ручек: Варено јајце и рендан морков Вечера: крем супа од печурки Ужина:Смути од банана млеко и јагода
Од вчера: Д: турско кафе, лепчиња потпечени со путер, кашкавал, кулен и домат и чаша млеко У: чоколатце Р: супа, пржени компири и салата зелка/морков У: палачинки В: лебче со зденка, сиренце и салата домат со краставица
Здраво дали има храна што не смееме да ја конзумираме? ( Јас направив тест, позитивен е и на лекар сум на 10.05. Па ме имтересира тоа )