Абе ок е се тоа, ама пак ете ќе отидеш некаде на ручек, ќе јадеш надвор, муабетот ми е неможеш да се заштитиш 100% никако а и нема потреба мислам толку да се паничи, други работи многу повеќе штетат од тоа. На пример стрес и нервоза, затоа треба сите да се смириме, мн стресен живот живееме тоа е она што највеќе не уништува
И многу важно прашање имам, ако може да ми одговорите тие што сте поупатени, за кафето, прво мислев дека бремени го избегнуваат затоа што им станува одбивно, а сега се изначитав статии дека пожелно е да се минимизира или целосно исклучи затоа што кофеинот ги зголемува шансите за спонтан или мала телесна тежина на бебето. Јас пијам едно турско кафе во денот (2 полни лажички кафе и 3 шеќер) во чаша за млеко околу 200 мл вода, и го пијам 2-3 саати дур работам. Можам да ја намалам количината на пола, ама на 0... не знам како ќе функционирам во смисла на намалување притисок и главоболката што ми се јавува ако немам испиено бар пола кафе во денот Прашањето ми е колку е сериозно ова со влијаението на кофеинот до таа мера на спонтан? И како го решавате моментот тие што сте зависни од кафе?
Баш така мила. Кај ќе ни биде крајот уште за тоа да се замараме Луѓе јадете си се и не си го барајте проблемот кај што го нема @Дениција21 сите ние пиеме кафе по 1-2 во денот освен на некој што му се лоши од кафеили не бил љубител и претходно. Се што е умерено си е дозволено и нормално
Верувај ми мн повеќе штети ова што толку се замараш и анализираш. Ништо не е штетно во умерена доза. Освен ако немаш друг проблем па да ти е забрането евентуално од трета причина
Баш и @IRBBB имаше пишано еднаш, вифито не сме свесни колку е штетно па ене никој не го исклучи сите дремеме на интернет. Така ако гледаме треба да се вратиме години наназад, во село, на чист воздух, вода, без технологии, со овошки од двор
Значи се можеш да си јадеш и пиеш што ти сака душа ама се разбира во умерени количини.Јас кафе не можев да помирисам а душата како ми бараше па одвај дочекав во средина на 8 ми месец да можам да си се напијам по едно кафенце дневно.Сега се разбира да не јадеш живо месо и слични работи ама за се останато можеш не си прави стресови за џабе
Da zatoa i jas vo orviot komentar i napisav, jadam nadvor i sendvici, naracuvam i pica, kupuvam leb od market i ne pridavam mnogu znacenje, Gospod da ne chuva inaku nemozeme samo da se dochuvame, dali ke bide vozduhot, dali hranata, dali lap topot i mobilnite se e shtetno toa e 21 vek nemozeme da se zashtitime, moze samo da namalime rizik no 100% nema
Фала ви за одговорите, можеби наеднаш ми дојде шок од многу информации деновиве за што треба и што не треба, па испаничив и не можев да бидам сигурна во ништо дали е добро и како влијае, но да, јасно ми е дека и на се' да пазиш не можеш 100 % да се дочуваш и како треба да биде ќе биде. Сепак фала ви, посмирувачко е кога некој го поминал тоа и преживеал и се е океј
Јас пиев многу кафе (4 дневно) претходно. Еднаш решив да го исфрлам и главата ме откорна од болки. Прашав и доктор, рече да неправам такви драстични егзибиции и да продолжам да пијам во намалена доза. Намалив на почеток на 3, од третото имав главоболка, па на 2 и сега пијам 1 и пол отприлика
Мене матичниот лекар ми кажа дека во бременост е дозволено 1-2 шољи кафе на ден. Дури ми рече бидејки јас сум низок притисок дека е и добро кафе, но јас не можам сеуште еве 13 та недела не ми оди кафето некако. Какао само.
Вчерашното мени Д: Мафини со јаболко, цимет и овес со путер од кикирики и грчки јогурт У: Едно киндер буено Р: Домашни бургери со помфрит У: Мафин В: Сладолед и малку чипс
Д: Кајгана со свеж домат У: Кафе и наполитанки Р: Компир, печурки и брокула тавка со марула салата со роткви У: Калинка В: Сладолед
Д: Тост само со кашкавал и лимонада У: Ладно какао и мафин Р: Шпагети со крем сос од спанаќ и салата домат и краставица У: Грклан В: /
Јас после прво тромесечје си пијам како шо си пиев предходно, 3 кафиња дневно. Дури некои денови и 4 знам да испијам. Па еве 34+ и ја и бебе супер, дури бебе одлично си качува килажа. Мене не ми смета кафето, баш ми прија. И докторотката ми рече ако ти немаш мака слободно пиј си. Мени од вчера: Д: турско кафе, пржени лебчиња со сирење и јогурт У: лубеница и нескафе Р: супа, салата шопска, ќофтиња од тиквички, ќофтиња од компири и ќофтиња од месо (вчера ден на ќофтиња ) У: сладолед и кафе В: таратор салата без лук
И јас не гледам ништо штетно во кафето посебно кај луѓе што имаат низок притисок. Мене ми е поубаво да се напијам кафенце за да си го качам притисокот кој од секогаш ми е низок 90-60 него да пијам парацетамоли. Но со кафето во бременост се пие и многу вода за побрзо да се разреди кофеинот, како и да е и мене без две кафиња не ми поминува денот Кафеџики сме и двете
Мед со семе од коприва Цеден портокал со јаболко Кафе Доручек Домашна тарана Ужина Сладолед мјам мјам Ручек Ориз со цепкано пилешко салата цвекло Вечера Печени млади компирчиња
Д: Две парчиња тонус со кајмак и кашкавал У: Банана и лимонада Р: Пак шпагети со крем сос од спанаќ (да се дојадат де пошто кога правам шпагети варам за цело маало ) У: Половина грклан В: Кисело млеко со едно парче тонус леб
6 зрнца аронија Доручек Печени лепчиња со кашкавал Цеден портокал Ручек Компир манџа без запршки Вечера Ладен сендвич со малку чајна кашкавалче и домат
Појадок: Јогурт и краставица Ужина: Кафе и Банана Ручек: Пица и кока кола ( низок притисок) Вечера:Печурки со прженица од домати и пиперки, салата од роткви