Д: макарони со сирење У: Капучино и една банана Р: Печен компир со моркови и грашок, Лосос риба и зелена салата У: Лубеница и 2 реда чоколадо В:/
Т.кафе со млеко Д: телешка чорба без леб и таратор У: шампита , цеден сок од морков, портокал, цвекло и ѓумбир Р: пилешки стек со пире и зелена салата У: јаболка и круша Чоколино голем тањир В: ќе се дојаде телешката чорба. Ако ептен огладнам ќе вметнам и едно канче кисело млеко со двопек
На почеток сум од бременоста (8 недела), искрено немам никаков апетит. Од лубеница особено не ми е добро подоцна во желудникот. И не сум баш редовна во оброците. Има ли некоја од вас предлог како да го поминам почетниов период, а да имам 3 оброци во текот на денот? Ви благодарам однапред за издвоеното време за одговор
Најпрво честитки и со лесно бременоста. Мислам дека нема некое правило, секој различно. Јас имав доста мачнини и повраќање и најдобро ми беше кога јадев суви работи како тост само со кашкавал, препечено лебче... Ова за доручек, ручекот стандард советот од матичната беше да не се три оброци туку повеќе оброци по помала количина. И мене лично ми беше подобро кога вечерав, ако не јадев ништо навечер утрата ми беа потешки со повеќе мачнини. Не мора ништо тешко кисело млеко или овошен јогурт... Плус плус и ќе те освежат на топлово. Ќе ти се смени после 9/10та недела ќе видиш.
Жешково ја утепа темава, не се јаде... Д: кисело млеко со малку црн леб У: макијато и банана Р: само еден мал стек на скара и салата со краставици У: чоколаден сладолед и диња В:/
Д: Нескафе и петровки сливи У: / Р: Скара со мнооогу салата и печени пиперки У: Чизкејк В: Парче торта Со благово рекорд срушив денес
Т.кафе со млеко Д: телешка чорба и таратор У: кајсии и малку лубеница Р: спанаќ со интегрален ориз и многу кисело млеко, без леб У: импровизиран сладолед ( блендирани јагоди, баанана и јогурт, замрзнати) В: 2 тонус лепчиња со ајвар, сирење и маслинки. Пола литро јогурт. У: сончоглед
Д: Банана и две ванилици У: Нескафе Р: Пилешко месо со ориз и салата У: Нескафе и сладолед В: Печени пиперки, таратур и малку летна манџа И цел ден како права трудна жена помини замини по некоја ванилица
Т.кафе со млеко Д: омлет со сирење, парче тонус и канче кисело млеко. У: јаболка и крушка Р: полнети пиперки со интегрален ориз и шампињони, шопска салата. У: пола сладолед сникерс Лубеница В: 3 кременадли пржен крап и микс зелена салата. Пред спиење чаша јогурт
Д: 2 интегрални кришки со путер, сирење и пола домат и Тотема У: шака вишни+ лешници и фстаци Р: 2 полнети тиквички У: сладолед В: парче леб со кашкавал и свински врат, после 2 часа Тотема...
Од вчера Д: 2 пржени лепчиња со еден домат и парче сирење У: 2 коцки баклава Р: Зелена салата со киноа, домати, краставица, пиперка и наут (пола) В: Останатата половина од салатата У: Лубеница Имате нешто што не можете да поднесете ни како мирис ни како вкус? Јас сега за сега кромид и рукола, иако претходно си ги јадев нормално.
Чајна и кулен. Порано ги обожавав, а сега не можам да им го поднесам мирисот. Дури и на мм не му давам да ги купува и јаде.Неподносливи ми се само што ќе ги намирисам. Исто и чоколиното ми се згади. А десетина години скоро секој ден јадев по едно тањирче Бар се куртулив од таа глупост
Леле јас колку сиромашна исхрана имам во оваа бременост, со сила... Катастрофа сум. Јас не сум јас сега..
Јас скоро се' јадам на двапати или пола од предвиденото, од многу малку се чувствувам прејадено и не можам ни залче плус во моментот, ама и брзо огладнувам после тоа. И најдосадно ми е што треба стопати во денот да мислам што да јадам. Цел живот сум навикната само доручек и ручек, и мирна глава, не сум имала желба ни за грицки ни за благо измеѓу. Сега морам од се по нешто. Ама нека е тоа најголемиот проблем во бременоста, ќе се издржи.
Д:Варено јајце, потпечено лебче со путер и свеж домат У: Апетисани Р:лисната мала корасана со шунка и кашкавал У: две киндер буено макијато В: тавче гравче со зелена салата и една рибанка леб
Од вчера Д: Тост домашен со кашкавал и пилешко У: Нескафе и ред чоколадо милка Р:Шпагети со мелено месо и ред чоколадо У: нескафе В: Торта Ви викам рушам рекорди со благово
Од денес Т.кафе со млеко Д: пржени момички и јогурт Цеден сок од цитрон и портокал. Р: тава макарони со копанчиња, таратор. У: 2 топки сладолед В: јаболка, круша, нектарина, кајсија, лубеница и вишни. Гладна сум и сон не ме фаќа. Се мислам дали да си надробам кисело млеко малку
Јас сум ептен љубител на тестенини, иако откако ќе ги изедам знае да ми биде тешко цел ден, ама првпат слушам за тава макарони со копани ги ставаш како основа наместо ориз со копани или некој друг рецепт е со макарониве?
Аха. Малку ги одварувам макароните, ставам зачини, налевам малку кисела вода и печам. Претходно имам запржено и кромид и морков... Копаните исто нормално прво ми се одварени. Еве како изгледа