Мало парче црн леб со путер и мед Цеден сок од портокал и цитрон Палента со павлака 3 мандарини, црно чоколадо,јогурт (на размск се ова од саат време) Спанаќ со кисело млеко манџа Измеѓу вода,и се надевам ќе издржам до сабајле, ептен апетит имсм...
Д: Кајгана со 3 јајца,зденка, домати и леб У: 3 мандарини, јагоди, цреши и компот од мешано шумско овошје Р: 3 сарми со леб и лутки пиперчиња У: 1 мандарина и 1 портокал В: Пилешка шаварма со кромид, зелена сала и намаз од лук У: Лате и портокал И многу вода во меѓувреме.
Лажица мед со јатки и 4 урми Чај од брусница Смути со баланс јогурт, банана, брусница,аронија,овес,мешани семиња. Две парчиња интегрален препечен леб со јајце варено маслинки и парче кашкавал. Мандарина и јаболко Тавче гравче со сиренце. 2л Вода во текот на цел ден.
Јас да си се ставам на време на режим 2 кг поправена, но кога ми рече понапред е 1 недела , ми светна гарант е шеќерот Пак ли ќе се расправам со него Денес доручек: 3 парчиња интегрален двопек со ајвар, сиренце, јајце варено, пола шоља јогурт У: Мандарина и пола банана Р:Тортиља со стек и зеленчук В: Ќе ми се јаде знам, корнфлекс или двопек
Д: Варено јајце, тонус лепче со путер, сиренце У: Мандарина, пола банана, парче двопек, неколку лешничиња Р: Компир салата, пилешко В: Во последно време ајвар со јогурт и двопек ми е хит
Д: Кифла со сирење У: Банана,мандарина Р: Месо пржено со праз и зелка салата У: Еклер и кока кола не е баш ужина ама крејвинг е В: Две пржени кришки со сиренце,киви и чоколатце И вода многу Знам дека не пазам на јадењето ниту планирам.
Pocnav so uzina 2 portokala i kakao D: galeti namaz od avokado 2 parcinja kaskaval. U: med so kakao ( radi anemija) R: salata i vareni jajca 2
Морам да внимавам на храната тек влегов во трети, а 4 кила се поправив. Среќа веќе не повраќам па можам да се контролирам. Купив две книги за исхрана во бременост и менувам навики. Еве недела дена така си правам список и терам по него. Завчера: Доручек- чаша млеко со какао Ручек- домати пасирани, малку подварени да се згуснат и после врз нив сирење и кромид + парче црн леб Вечера- една полнета пиперка со мелено месо и салата Вчера: Доручек: компот од кајсии Ручек: плескавица и малку помфрит Вечера: домашно правена паштета од пилешки дров и грав + црн леб Денес: доручек :Смути од млеко, банана, боровинки и малку спанаќ Ручек: гулаш со пире Вечера не знам што ќе биде ама најверојатно пудинг Овошје не јадам многу, дека ми се повраќа од овошје ама си правам лимонада секој ден.
Тешко... на почеток на бременост сум и не ми требаат екстра калории ама апетит имам слон да изедам, дали од витамините не знам. Лекарката не ми кажа ништо, ама сестрата што ме мереше рече да гледам до крај на трети да не качувам повеќе плус.
Во бременост не треба да се гладува. Треба да се имаат 3 оброка и 2 ужини. И според мене ова е премногу малку но секој организам е различен. @kikikikirika и јас имав страшен апетит на почетокот и јадев колку ми се јаде не се воздржував. Накачив исто повеќе кг првите 3 месеца и сестрата исто ми збореше припази да не се здебелиш мн итн. Мислам дека малку претеруваат и дека не се треба да е по книга и сите трудници да сме манекенки. Јас ете се здебелив па веќе повеќе од 1 месец стагнирам. Сега сум 31ва недела и поправена 9кг. Можеш да внимаваш на храна во однос на нездрави намирници но никако да гладуваш. Јади си да си сита почесто помали оброци и ужини обавезно. Со лесно до крај
Истото си го помислив.. Ама секој со свој избор , доколку се работи за здравје подржувам а за изглед не.
Ти благодарам, многу ме утеши, си велев само јас ли сум така. И јас мислам кај секој е различно. Еве кај мене уште крај на Втор месец градиве ќе ми прснат, ми излегоа стрии на нив и морав нови градници да купувам. И тоа не е од јадењето туку од задржувањето вода. Сега стварно читам што сум напишала/изела, и многу е малку. Ќе јадам повеќе а ќе гледам да попешачувам малку барем до работа. Ви благодарам
Сите тие килограми во бременоста после ќе ги снема верувај , јади што ти душа сака и прави си баланс ама немој толку слабо да се храниш ако организмот ти бара повеќе. Гушки
Вчера: Доручек : лимонада, круша и две коцки чоколадо Ручек: шпагети болоњезе една полна чинија Вечера: 4 варени компири (пола ги исповраќав) + чаша густи сок Денес: Доручек: 3 колачиња мали и лимонада Ручек: мало парче печено месо и печен компир + чаша густи сок Вечера: салата од 3 домати со сирење и две кришки леб Од што се дебелеам и јас не знам, 11 недела а веќе +4 кг. Ништо не ме собира
Од колачињата и шпагетите. Е сеа ми се пријаде и мене. Јас после ручек јадев јафа, а после вечера - еурокрем. 36+2 и 10 кила плус. Ама дека сум отечена, рачунам да се издишам на пороѓај.
Многу изедов денес и вчера, многу рано станав. Вчера: Ужина: Протеински плочки ×2 + лимонада Доручек : помфрит со мајонез Ручек: Летна манџа + три кришки леб + сирење Ужина : едно лепче со еурокрем Денес: Доручек : неколку лажици летна манџа + парче леб + сирење Ужина: Лимонада + сончоглед Ручек : Цела пица + јогурт Ужина: две киндер јајца Вечера: смути За утре планирам помалку да јадам Доручек : смути Ручек : грав и зелка салата Вечера : зелка салата Денес 65ка видов на вагата, а пред бременост бев 61 максимум. Тек 12+5 сум, кај ми е крајот
Јас видов 91 уште прво и второ тромесечие. Не сум се мерела последно. Ама не ми е јасно како ќе симнам 30 еве ај 20 кила. Хелп
Мене ме тешат колешки што качиле 20-30 кила па после ги симнале само од пораѓај и грижи околу детето. Ништо, ќе си дојдеш фино лепо во "Морална поддршка за сите што сакаат да ослабнат", јас уште сега си резервирав место.
Да ти кажам и јас се залитав како тебе, како почнав мислев 30 кг ќе качам. На крајот стагнирав и се поправив 14 килограми, што според мене е сосема во ред, а почнав со 62.