Здраво девојки, мене ми е втора бременост ама исто ко прв пат Ве читам и ми се јаде до бескрај, а имам страшно многу мачнини и ни водата не ми е вкусна. Само што отиде сопругот да ми купи сода оти киселини имам до ушите. И јас морам да купам книга за исхрана во бременост оти сум страсен гурман и си почитувам и брза храна. Со првата бременост се поправив 18 кг. ама се вратив во нормала после 3-4 месеци од пороѓај. Сега сум многу поддуена од Добростон апчињата (претпоставувам), а сум скрос на почеток 7 недела. ДЕФИНИТИВНО морам да ја сменам исхраната и МНОГУ да внимавам што се ставам в уста. Обожавам сирење, пица, ајвар, печурки, а во моментов се што ќе пикнам в уста "ми искача". Јас сум човек кој дели совети за се и сешто, а сега никако не можам да си помогнам. Среќно на сите што сме во "друго стање", не за џабе србизмов е сосема на место. Имајте убава вечер и сладки сништа на тие што можат да спијат.
Може ќе ве интересира ова: Мери Амбросова или @mojafitnesmama https://www.instagram.com/meri.ambrosova/ е главниот виновник што се вратив во нормална тежина и подобра килажа од пред бременост со првото дете. Планирам да ја повторам оваа работа живи и здрави одкако ќе се породам. Одлини лесни вежби, прекрасно 7 дневно мени, Мери е 100 на саат расположена за поддршка, а девојките што се приклучуваат на предизвиците се 100% посветени. Интересни совети и искуства за мајка и бебе може да читате на: https://www.instagram.com/babycare_mk/
Од денеска се враќам на режим кој што го добив од Ирина иште пред една година. Инаку сум 6ти месец и долго размислував дали треба да почнам со режим или не. Ама дефинитивно треба затоа што така не јадам многу ама јадам се што ќе ми дојде до рака, а потоа се осеќам многу тешко и лошо. Целта не ми е да ослабам туку да се хранам по здраво и да бидам по витална.
Каков режим е тоа? Јас планирам да си направам тест за интолеранција на храна, го има сега на групер па да елиминирам тоа што ми смета, се мислев и тој др. митов да го консултирам ама некако ми е скапо 30000 ден и за тоа. Мене ми треба програма од здравствени причини, не за слабеење. Јадам моментално 2 пати во денот во 11 па во 17.00 и толку, навечер чај некогаш или нешто овошје.
Тоа е режим на исхрана направен според мојата крвна слика. Направи го тестот за интолеранција и прашај ја Ирина дали може да ти направи режим според тоа што ти смееш да јадеш и врз основа на крвната слика. Јас пред една година платив 1200 за програма од една недела, која ја повторуваш три недели. Јас лично околу 6 недели бев на истата програма. Дефинитивно е подобро и поздраво од тоа што би го јадела инаку. Ти бремена ли си? Само два пати е премалку да јадеш во текот на денот. Треба 4-5 пати со ужина и главни оброци, за да може да го ибрзаш метаболизмот.
Бремена сум 7 недела, ама одсекогаш јадам толку ,која е Ирина, нутриционист? Кај Др. Митов е 3000 програма исто според крвна слика и др резултати ако му пратиш со тоа што е за цел месец.
Да, нутриционист е. Има пишувано повеќе за неа во групата Слабеење со помош на нутриционист. Можеш да ја најдеш на инстаграм.
Здраво девојки Ај ако може да споделите, пример денес како изгледаше вашето мени што јадевте и колку јадевте. Да си видам јас до кај сум со јадењево мое
Значи вака, тест за интолеранција НИКАКО преку grouper лажги со опашки е џабе пара фрлена во вода, боље овошје и зеленчук земи си за парите. Само Авицена се прифаќа, затоа што навистина ќе ти ја испитаат крвта и ќе ти дадат листа на ВИСТИНСКИ производи на кои си интолерантна. Др. Митов copy paste за сите исто, медитеранска исхрана, јас му побарав план на исхрана, но да се вклучат некои мои барања, не ги вклучи, значи најлесно отвори кај него на страна следи рецепти негови и тоа е тоа, ако сакаш здраво, рецептите се супер, но не се лично и посебно за секого правени плановите на исхрана. Значи пак, за таа пара што ќе му ја дадеш да ти прати готвач со рецепти, ќе си купиш здрава храна и ќе си јадеш здраво Едит: Тестот за интолеранција на grouper е од скринлаб павлина, само прочитајте online какви мислења има за тоа место, хорор, а не па да помислите пари да им дадете
Мандарини и киви Д:Мекица и сирење У:Чиа пудинг (чиа,млеко,какао,мед,путер кикирики, слатко од јагоди) Сега ми се пријаде опет па земав јаткасти Р:Нема; ќе сварам шпагети со туна В:Ќе гледам да е само чаша млеко
Д: Чај нане со лимон и плазма Р: Сарма со леб У: Чај нане со лимон и плазма (ми ги смирува киселините) За вечера печени компири со сусам и аспарагус ќе биде. Пијам цедевита и вода во меѓувреме, намален ми е апетитот повеќе течности ми бара организмот сега при крај.
Баш сакав да прашам дали има некој со намален апетит 35+ .. Овие два дена јадам како да се каже дека сум јадела ништо не ми е вкусно како што ми беше.
Јас претходните 2 недели имав на намален апетит, сега ми се врати уште повеќе од што ми беше, а ми беше зголемен и постојано сум гладна.
Voda so pola limon i gumbir D:integralna tortila,marula,humus,jajce U:jabolko,torta i kakao R:telesko so marula salata U:jatki malko i kafe pijam V:casa bademovo mleko
Откако прележав корона и после 4 чинии пивтии апетитот ми е на пола, само вода и сок пијам и обошке каснувам по малку. Еве сега го пратив сопругот по ананас, ќе се спремам полека да се олеснам, првото до 40 недела терам ама сега со второто е невозможна мисија.
Dorucek: burek Uzina: portokal Rucek: mandza so kompir i meso Uzina: dve kriski marmalad i parce torta Vecera: kivi i kriska margarin. Uzina: portokal, kivi... vareno jajce
Vcera: Voda polaikon i gumbir Banana i kakao D:grcki jogurt,ovesni puter od kikiriki i visni U:jabolka i kafe R:telesko i marula salata U:bademi V:kiselo mleko so soncogled Denes Voda pola limon i gumbir Jabolka i kakao D:chia puding so bademovo mlekoi sumsko ovosje Rilesko i salata Uola jabolka i zivotinsko carstvo(kerka mi mi davase) Vvesna palacinkaa
Д: 2 кришки тонус со зденка У: 2 мандарини, 3 реда чоколада, капучино, сок од ананас, смоки Р: Полнети канелони со месо и сос У: 10 овошни карамели В: Зелено јаболко, сладолед, чај и сигурно уште некоја глупост ќе лапнам
Доручек: кајгана, лепче, јогурт, краставица Ужина: кафе и мандарина Ручек: гувеч, салата, лепче ужина: јаболко, мандарина, чоколадо- неколку коцки Се мислам вечерава што да биде
Dorucek: limonada so med, vareno jajce Uzina: dve kivi, portokal, tri reda cokolada Rucek: zelka salata, musaka Uzina:jabolko, cokolada Vecera: sendvic so pilesko, pomfrit I dodeka da legnam uste nesto ke lapnam