Дневно мени за трудници

Дискусија во 'Бременост' започната од MissDior, 1 март 2015.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Баш фино што си даваме идеи за здрави оброци. Мислам никоја трудница не обрнува толку внимание на калориите туку повеќе на витамините. Секако сите ќе се здебелиме :rofl:
    Мене денот ми почнува со цеден сок од морков, портокал, јаболко и цвекло. Претежно доручкувам варен геврек со јогурт, оти тоа ми е најпрактично на работа. Доручеков иначе ми е во 8 и пол за да си ги смирам мачнините. Инаку не доручкував толку рано никогаш.
    Е после тоа пијам една шолја кафе, чај од брусница, јадам најчесто банани и мандарини, грицкам бадеми или ореви, непечен сончоглед, некогаш сушено овошје кога немам свежо.
    За ручек што има дома, некогаш манџа (ориз, грав, грашок), стек, печена риба, макарони или слично. Претежно гледам ако е суво јадењето да јадам и супа. Некако сеа со салативе забушавам, пусти страв да не е загаден зеленчукот. Јадам шопска, брокула салата, понекогаш марула, а најмногу кисели краставички. Некако апетит многу ми се отвори за кисело :$
    За вечера немам навика редовно да вечерам, ако ми се пријаде каснувам нешто што останало од ручекот.
    И да, пијам многу вода, секогаш над 2 литра.

    Варено јајце не сум каснала откако сум бремена и ми е мака затоа што е хранливо, ама па сега некако не ми ги сака душава.

    Многу дојде некако диетална мојава исхрана ко без грев (facepalm) јадам и грицки и чоколадо, ама гледам да не претерувам. За среќа моја не ми сака душава благо како претходно, па тоа ми ја олеснува работата.
     
    На eli25, Askopje и MissDior им се допаѓа ова.
  2. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    7.955
    Моето вчерашно мени
    Доручек- проја и сок од портокал
    Ужина- индиски ореви и чај од брусница
    Ручек- телешка чорба со зеленчук (богата со месо)
    Ужина- нескафе и кукис
    Вечера- зелена салата, ротквици, морков, цвекло, сирење и р‘жано лепче
    Доцна ужина- пуканки
    Многу сум среќна што најдов начин да внесувам месо, од почетокот на бременоста воопшто неможев да поднесам, сега си правам супи и чорби од пилешко, телешко или риба и немам грижа на совест дека исхраната ми е многу веге.
     
    На eli25, espana, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. espana

    espana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Моето денешно мени :
    Појадок -бисквити со млеко
    Ужина-портокал и кива
    Ручек-пастрмка во рерна,компири и марула салата
    До вечер сигурно ќе каснам или банана или чоколатце :)
    Пиев чај од брусница, камилица,вода и турско кафенце.
     
    На Eli23, MissDior и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.044
    Денес и јас за појадок имав кафе, една банана и бисквити со млеко само што додадов и една лажица нутела, па некако многу благо ми дојде и не ја ни изедов целата чинија. Потоа за работа си купив една баничка со сирење, пола ја изедов на работа и еве сега ја дојдадов другата половина со павлака.
    Полека полека почнува да ми се подобрува апетитот и да не ми се гади(пу пу да не се урочам), утре сум слободна па ќе си зготвам нешто, ми се јаде некоја манџичка со пилешко мевце...ммм, а и сакам да гледам колку можам толку да ги одбегнувам овие теста, како леб, банички и сл.
     
    На espana и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    7.955
    Изминатава недела омилени храна и пијалоци ми беа: грејпфрути, ‘ржано лепче, чај од брусница оладен (оној од виталија со парчиња), омлет со рендан патлиџан, свежи краставички и ротквици, гумени бомбони и нес кафе. Неможам да најдам нзс на горенаведените намирници:)
     
    На joy1 и Eli23 им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    104.457
    Пол:
    Женски
    Deneska denot pocna so vitamin C,eden portokal pa kafence.
    Portokalot kolku da ne e na gladno kafeto.Nemozam prvo da pojaduvam pa posle kafe dapijam.Znam deka vaka ne cini,probav da smenam ama ne biva.

    Za pojadok sirenjak i caj od brusnica.

    Pred rucek povtorno kafe i edno jabolko.
    Za rucek testenini so svezi pecurki,kaskaval i jajce i edna solja jogurt.

    Mesto vecera,kakao i cokolado(milka so lesnici i suvo grozje).

    Ete toa bese moeto denesno menu..Kolku zdravo tolku ne zdravo,ama realno.
    Ja zaboraviv casata ceden sok pred cokoladoto i kakaoto,od citron i portokal.
     
    На espana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    231.179
    Појадок
    Пола литар свежо цеден сок од портокалил грефпфрут и лимон. Лате со минимално експресо и тост со јајце на око.
    Ручек
    Супа од брокули со малку баггет со разѕлични семки.
    Измеѓу уште пола литар цеден сок од протокал грефпрут и лимон, една милка со карамел, пола папаја и пола манго.
    Вечера пола порција тортељини со некој сос, и сок од јаболко.
     
    На MissDior, joy1, Angel.Heart и 2 други им се допаѓа ова.
  8. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    8.128
    Пол:
    Женски
    А јас имам грижа на совест дека малку јадам :D Ве читам вас овде и јадам три пати повеќе од секоја од вас, лелеееее
    Доручек - геврек (перек или кифла со печурки и кашкавал), јогурт и кафенце (млечно макијато)
    Меѓу доручек и ручек четвртина пица (богата со се и сешто) или вртена пита со месо или преклопена пица (ова дека сум на работа па купувам што има во пекарата)
    Ручек - манџа - обично грашок или леќа, мусака нешто такво...
    Ужина - овошје, мафини, благца некои и кафенце
    Вечера - ајвар и сирење (ова не се менува никогаш)
    Знам не се хранам здраво, ама тоа ми се јаде. Еве 37 недела сум, поправена сум 12кг, се осеќам супер, само сите ме караат малку сум јадела :P:P:P
     
    На Espadrila, MissDior, espana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. espana

    espana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Моето мени како се зголемуваат неделиве, се послабо е, стомаков дека расте, го осеќам тежок, подуен.Еве вчера започнав со вода, цеден лимон и портокал и кива, потоа ајвар со сирење и маслинки, и едно колаче, тоа беше се до 19.30 часот, со многу вода, брусница и камилица....Потоа накај 20 часот, бидејќи имавме гости земав неколку компирчиња, две кебапчиња и салата зелка .......
    Денес сабајле пак овошка и цеден лумон, и до сега само кришка со домат, сиренце, пиперка.....вода, чаеви, млеко шолја.Еве уште не ми се јаде, ама ќе сварам супа и салата...тоа ќе биде.Незнам дали кај мене или кај сите е вака како растам,помал апетит :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    7.955
    Доручек- интегрален сендвич и сок од портокал и грејп
    Ужина- кафе и јаболко, бонжита
    Ручек- Цезар салата
    Ужина- лимонада и лешници
    Вечера- пченица со оревчиња
     
    На Eli23 и joy1 им се допаѓа ова.
  11. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Колку кафиња на ден си дозволувате? Јас обично пијам по едно турско без шеќер наутро, само такво поднесувам сега за сега. Ама ме фатило мерак за едно убаво нескафе, а нејќам да претерам со кофеинот нормално :)
     
  12. espana

    espana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Јас на почеток,првите три месеци имав одбовност кон кафе, а сум невиден кафеман,потоа си почнав,и еве до сега си пијам сабајле турско ,убаво ми е за притисокот..некогаш се случува и по две во денот,зависи,тоа ретко...а ти да не го мислиш,напиј си се нескафе,немора секој ден,ете сега ти дошло желба,пивни си :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    У моментов се осеќам како дете шо му купиле чоколадо :D радости. Негде по веб порталиве прочитав дека 3 во 1, 2 во 1 и сите останати филтер кафиња содржеле многу додатоци и конзерванси, па во глобала биле поштетни од турското кафе. Пред да останам трудна не обрнував внимание многу, ама сега ме копка постојано. Психата е чудна работа нели? Муабетот ми беше, колку верувате на такви информации прочитани на нет во врска со здрави-нездрави продукти?
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.047
    Допаѓања:
    37.516
    Пол:
    Женски
    Идни мајкички, јадете си што ви се јаде, нормално да не биде претерано калорично па да не можете да се справите од после со вишок килограми :) Откако ќе почнете да доите од многу работи ќе мора да се лишите, барем првите месеци. Од едно, две, па и три кафиња во бременост нема да ви биде ништо, но кога ќе доите бебчето ќе го осеќа кофеинот, па ќе мора да го сведете на минимум. Ова е само еден пример.
     
    На galapce, Sky-butterfly и danichap им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.453
    Допаѓања:
    231.179
    Верувам во студии спроведени од реномирани универзитети или сличен вид на институции. Во оваа состојба и те како ми влијае секое прочитано зборче, па не ми треба многу за да се откажам или да минимализирам некој небитен продукт.
    Во однос на кафето јас имам кафе машина и мелница. Само внимавам од каде ги купувам зрната и секогаш имам свежо кафе кога сакам, колку сакам.
    Да не одам офф.
    Денес само појадував до сега.
    Си потпеков две рибанки лебче со сиренце, мисиркина салама и оригано. Пола кг. чист свежо исцеден сок од протокал/грејпрфрит/лимон, и сега пијам лате.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.622
    Пол:
    Женски
    Nema sto da veruvas ili na,na pakovanjeto se si pisuva sto sodrzi.vo tie 3 vo 1 mislam ima se,a kafe ne,zavisi koe ama imaat po 7,10 ili max.12 % kafe.drugoto e pola seker i razni dodatoci.poarno edno tursko i kraj,bar kafe si piel. Inaku mene na pocetokot me bolese zeludnikot od kafeto i prvite denovi setav kako pijana,sega veke ne,ama sega i se odviknav,inaku prethodno piev po 4-5 jaki nes kafinja dnevno
     
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    104.457
    Пол:
    Женски
    Abe bi vi kazuvala sto jadam sekoj den,ama moive obroci se mnogu "nenormalni"vo sporedba so vasive,pa mi paga edno neeeeezgodno..:tmi: :rofl:

    Utroto zapocna povtorno so vitamin C,pa kafe :tmi: ..ne mi odi dorucek pa kafe.
    Za pojadok,parce bel leb,kaskavalce,eden crven patlidjan,malku majonez i casa jogurt.(ova mi se omilenite produkti vo bremenosta).
    Uzina,polovina varena pcenka,dve kivi.
    Rucek riba so salata od kompir.
    Uzina,povtorno kiva i edno cokolado od 100gr(da daaaa:rofl:)
    Nema vecera,samo eden portokal pred malku.
    Ete taka da si znaete.:smirk:
     
    На espana и mariz им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.058
    Допаѓања:
    64.272
    Пол:
    Женски
    Hahaha neka ne ti pagja nezgodno, jas mislam deka sum beter :D pred nekoj den si otvoriv strudli i vikam cekaj dve kje si lapnam... kakvi dveeee, gi lapnav site 6 :D duri zagledana vo TV se vrtam i gleam nema vekje hahaha
     
    На irena.1 и espana им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    104.457
    Пол:
    Женски
    Ako se otvori keseto,nema zastanuvanje dur ne se zavrsi,koga se jadat medeni srcinja..:inlove:
    Oh sto mi paga ubavo ba dusickata vo toj moment.E posle se ima malku zort ama..:sweat:
     
  20. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    zravo jas sum nova clenka i ne sum zapoznaena so bremenosta denes bev na eho mi vidoa crno krugce seuste nezna stotocno znaci no mislat deka sum bremena ako sakate da mi kazete kakva ishranata da mi bide vo pocetokot na bremenosta