Истоо и јас. Се што ми душа сака. Ако наеднаш смениш исхрана тоа е шок за телото.. Јадете си шо ви се јаде во умерени количини. Имам блиска шо дури безкофеинско кафе, секој ден пудинзи без шеќер бла бла, и се некои проблеми. Уживајте у бременоста.
Мене шеќерот кога испитував ми беше на сама граница и ми кажаа да намалам тестенини и благо. Читав и проучував и претпочитам да јадам повеќе овошје, јогурт, зеленчук, месо и некои зрнести како киноа, палента, овесни, исто леќа, наут..Е сега некогаш си каснувам компир, ориз или некоја тестенина или парче благо ама не е секој ден. Подобро се осеќам кога јадам вака плус немам толку киселини, сфатив од тестенините најмногу киселини ми се стварат. Сепак плодот кај мене си е покрупен ама тоа е можеби е генетски. На себе имам 10 кила плус а сум во 37ма недела.
Не е од нутриционист јас така одбрав за денот Денес: Д: Две прженици со козјо сирење плус нескафе У: Кроасан и макијато Р: Шарска плескавица со таратур и парче леб У: / В: 3 пилешки прсти со сос сенф и мед и малку смоки Денов попара со јадењето
Доручек: леб и чајна со јогурт Ручек : Донер Вечера: благо од апче Не внимавам баш али лесно симнувам килажа па планирам после да се враќам во форма. Уште 3 месеци ке си уживам. Али секој ден пешачам по 4 саата просечно по 25000 чекори па не е проблем да се почастиме малце.
Ау браво што можеш толку. Која недела си? Не чувствуваш умор, притисок доле? Леле јас од активна девојка која со точак го качуваше Водно, сега едвај поминувам 4000 чекори. Немам енергија и сила, чувствувам многу умор и притисок доле Дали некоја е како мене да се утешам некако ?
Јас пред некој ден тргнав да пешачам, релација 10 минути, поминав едно 50м и не издржав фатив такси. Кичмата ми се згрчува и имам чувство дека се тркалам
Еве теши се и со мене. Таков активен човек бев, сега душа снемувам до продавница ако отидам. Ама слушам тело и ме форсирам ништо. И тоа ќе се среди.
Па 23та недела сум али неможам дома се седам морам активна да бидам само што проблемот е стално ми се иде во вц и често влагам по кафичи сенатори само за во вц ако сум јадена брзо имам малце тежина осеќам али подобро да одам одколку да седам дома така нервоза ме фаќа. Плус секој викенд сме со друштво излезени по забави да бидам искрена ни стомак многу немам али може дека е рано и си терам ист живот како пред бременоста. Дури ми е чудно дека за 3 месеци ке се породам...Вие како практикувате искачате ли често со друштво или повеќе е домашна атмосфера?
Јас нонстоп шетав во третата бременост.Буквално патував цела бременост низ Мкд,3 пати Србија бев и во 7 месец на одмор заминав во Грција.Секоја недела на ручек некаде одевме плус на кафе натаму натаму,низ молови,паркови,Зоо…Буквално секаде.
Јас не идам никаде, освен низ населба на прошетка. По ќафичи и кафеани не сум седнала, со вирусиве ми е ептен страв и бегам од цигарите. Исто ми е страв и да јадам готови храни и затоа избегнувам, бар додека сум во рана бременост. И мене ме интересира други како тераат. Дали јас претерувам
Jas si odam na kafe, shetam normalno, jadam normalno. Ako pazime na hrana neznam sto ke smenime. Ne zboram da jademe pasteti, virsli, konzervi ama ako ni se jade pica, torta, burger ne gledam kako bi nastetile na plodot
Гинекологот ми рече да избегнувам благо и тестенини. Сигурно има причина зошто на сите го викаат тоа. Сега хормоните ни се како луди и не може да се однесуваме како претходно, затоа што самото тело не реагира исто како кога не си бремена. Премногу јадење благо и тестенини може да доведете до гестациски дијабет, кој доколку не се контролира може сериозно да наштети не дај боже и на мајката и на плодот. Барем така мене ми објаснија. Секој нормално си прави како мисли и му е убаво, овде само си споделуваме искуства и мислења. Некогаш претеруваме од што сме претпазливи, но тоа е што е Многу им било поубаво порано кога не знаеле ништо ниту читале Мајка ми вика ниту некој мене ми кажал што да јадам, два пати само не ехо бев па фала богу здрави сте
Се што е премногу не чини, дури и здравите работи. Ако каснеме 3 реда чоколадо или сладолед, или порција макарони нема ништо да ни биде.
Па незнам како би сфатила, ама малце опушти се. Не биди толку ригорозна . Па и пред бременоста си јадела готова храна од ресторан или хамбургер. Вирус дома може и маж ти да донесе, ако иде на работа има колектив , или пак може е сам изолиран во канцеларија. И кафана и кафич и мол, сегде имам отидено. Дома во стаклено ѕвоно и да седам, мм иде на работа, мајка ми иде на работа…незнам од каде и од кого би се разболела ако дојде до тоа.
Не претеруваш, јас сум иста, а и реално немам никаква потреба сега да седам во некој кафич, изгубено време ми е тоа сега и немам сила да слушам некого кога цело време мислам на бебето и бременоста. Се хранам исто како и претходно, сабајле овошје, ручек некоја манџа или тавче, вечера исто. Некогаш јадам благо, ако ми текне, не кој знае колку.
Lele sto citam ne sme bolni doma da sedime, jas psihicki ke se poremetam doma ako sum ke mislam samo na kontroli, na porajgaj, na bebeto dali e se vo red. Izleguvam sekade molovi, kafikji denski ili posle rabota posebno so drugarki, koleski sto veke imaat deca. Bas imame za sto da zborime, mi davaat soveti sto da kupam sto e potrebno sto ne, se raduvaat za mene prasuvaat kako mi e. I plus se razdvizuvam taka, pobrzo pominuva vremeto.A za jadenje koj i da spomne nesto za jadenje jas sum prva da go druzam Treba balansirana hrana. Ako eden obrok mi bil burger i torta drugite ke mi bidat primer supa, salata, zgotvena hrana, smuti, ceden sok, tonus lepce. Gestikaciski seker nema da se pojavi ako jademe balansirano i se dvizime sekoj den. Vtor trimester sum i bas e super za shetanje, uzivanje, pazarenje. Mnogu se nerviram koga bliskive okolu mene mislat deka nisto nemozam ni da vozam ni da si pazaram od prodavnica. Celo vreme se da ne ti e tesko, da ne nemozes da vozis, da ne ti e ladno da pustam uste dve grealki, da ne sakas pernica za grbot. Dobro im vikam ok sum normalno e se ne mi treba nisto Ne me napajgajte, ova go zboram za normalna bremenost kaj sto moze da se odi na rabota, sheta, da se jade bez da se ima gadenje.
Во право си за ова, но едноставно и да сакам да акам по молови (да не ви кажувам дека сум зависна од купување на облека и козметика ) не можам да се движам, ќе поодам малку и веднаш осеќам притисок доле и барам клупа да седнам. Се задишувам од најосновните активности. Вчера постелнина сменив, се задишав како до средно Водно да сум се качила Инаку и те како би сакала да правам сѐ што правев порано. Се надевам ќе ми поминат брзо овие први месеци, па ќе биде полесно и ќе бидам навикната веќе на бременоста и ќе уживам во неа
Мислам дека после е потешко, јас до 12-13 недела пешачев, сега од влез излегувам и директно во кола. Потешка сум и имам чувство дека го мкнам стомакот и не можам веќе, а тек сум 18 недела за два дена. Како ли ќе биде до 30 и некоја...