Холестерол или не знам алергија?Бидејќи на неколку страни од овие со предлози за гестациски пишуваше максимум 2 до 3 јајца неделно препорака од доктори.Па затоа сум исплашена.
Мислам за белја на бебе да се направи зборуваш. Затоа те прашав. Јајцата се многу здрава варијанта и за тебе и за бебуш, извор на многу протеини кои го регулираат шеќерот. Јас ги јадам некогаш и за појадок и вечера, најчесто варени. До сега фала му на Бога не сум имала проблем. Еве на интернет што прочитав. there are no limits on the number of eggs you can eat during pregnancy. Eggs are a particularly nutritious food for pregnant women so you can enjoy them every day throughout your pregnancy, within a healthy balanced diet that includes a wide range of foods, including vegetables, fruit and whole grains. Е сега за алергија мислам дека ако си алергична и од едно јајце ќе покаже.
Ти благодарам, во неколку од оние табели од ендокринологија пишуваше дека не смее повеќе од 2 до 3 варени,јас пробував ете жолчка да намалам пример 1 жолчка и 3 белки од страв. Еве што најдов If you have gestational diabetes or high LDL cholesterol levels, the Heart Foundation recommends limiting egg intake to 7 eggs per week.
Од јајца каква беља би направила? Напротив се препорачуваат во бременост, ради протеини и високо ниво ма холин кој е многу важен за бебето. А зошто па и кисело млеко и сирење да не смее? Немаат ни грам шеќер во нив. Не знам кој ти ги кажал сугестииве, ама што би јадела тогаш не ми е јасно? Хумус само тој од Стокомак со семки од тиква, другите се грозни.
За кисело млеко и крем сир дијабетичар фитнес тренер,дали исто важи за гестациски не знам. Знам дека се препорачуваат јајца прашањето беше дали е штетно секој ден или секој втор ден да се јадат. Еве некои флаери од ендокринологија пишува 2 до 3 максимум неделно,на интернет пишува 7 максимум неделно. За хумусот ќе пробам ,се надевам ќе се јаде
Здраво ајде да ја активираме темава, совет за дневно мени стварно немам идеа што да се јаде веќе а и со тоа смее, не смее многу потешко ми е, вртам назад по темава гледам се си јаделе А јас ептен на се читам декларација... Лук не смее, оригано не, ананас не, мајонез не ...или грешка сум
Па дека има свежо јајце ... Иначе јас мн го сакам ама ради ова не јадам посен земам томи без јајца ама и тој така некогаш по малце
Свежо јајце нема да стои 3 години по магацини и рафтови. Преработено е тоа за да стои. Јади се што ти се јаде и што помалце читаш, помирна бременост ќе имаш, а и ти нема да си окупирана во главата со се и сешто.
Само млади сирења избегнувај и непастеризирано млеко, месото и рибата да бидат соодветно термички обработени (суши треба да се избегнува), друго сѐ што ти сака душа јади. На салати, особено листест зеленчук, внимавај да се убаво измиени, најубаво отстоени во вода со сол и киселина, ама тоа општо и за тебе, не сега само во бременост.
Нормално дека јадев се, бременоста не е болест, па да е толку стриктно, а и секој доктор ќе ти каже да јадеш се, само да пазиш од каде јадеш и секако велат не салами или мајонез оти може некаде да е расипано, дома ако го чуваш соодветно зашо да не? Не, нема ананас да ти направи да се породиш одма, посебно не во мала количина, и онака ананас не можиш цел да изедиш. Ништо нема да ти е ни од оригано на пица. Не ти треба посебно мени за трудници.
Читам премногу, да. И се замарам. А не треба. Ама после толку време прва бременост и на се пазам. Пишува лук смее ама ограничено мала количина, исто и оригано не се препорачува во бременост, освен ако е на пица или на нешто ама ептен малку ова јас што сум читала може грешам. Зависи кој како готви, еве свекрва ми пример кога прави манџа става премногу кромид и лук, ама премногу... Или пиперки со лук повеќе лук има него пипер. Зачини исто премногу става... Се сум јадела пред тоа(за во вц топ) а сега се со страв...и и реков да намали пак става многу. Јајца знам живи не смее, а сум правела мајонез жолчки живи сум ставала... По таа логика и мајонез не јадам... Фала на совети ќе престанам да читам за се, и ќе.јадам умерено
Ама ајде размисли. Оригано нема цел тегла да изедеш. Ќе ставиш како за вкус/ шмек на храната. И пиперките нека се со кило лук, тргни на страна лукот и јади. И јас после долго време останав бремена, ама ич не се оптерерував со ништо. Најбитното ми беше , што имав докторка што и верував максимално, што ми направи една смирена бременост. Мене сега да ми дадеш виршли или пред бременост, рамно од глава би ги лупнала. Погадно нешто нема. Ама во бременост еднаш така ми се пријадоа пржени, отидов купив и си ги испржив за мераци. Еднаш беше тоа. И домашен и купечки мајонез ехеее која разлика е. Тој купечкиот 1 месец да стои пола искористен ништо не му е. Тој дома за 3 дена во канта ќе отиде. Само опушти се и уживај.
Ве читам за јајцата и ме чудите. Јајца е препорачливо да се јадат па и секој ден затоа што се полни со витамини, имаат омега три, минерали и протеини кои се клучни за развојот на бебето. Варено јајце секој ден е многу добар доручек, на пример со чаша јогурт и на тонус лебче намачно со хумус, за мерак. Јас си јадам се, внимавам храната да е добро зготвена, избегнувам благо колку можам, темелно ги мијам салатите. Инаку претходниов месец најповеќе брза храна јадев, луѓе не сте свесни дека само хот дог ми се јадеше, дека спомнавте виршли, абре секој втор ден го терав мм да ми купува хаха. Овој месец пак си каснувам се, џимиринки татко ми имаше направено два дена му се гостев, нормално во ограничена количина ама со мерак си ги јадев а и дека имам низок холестерол и ниски триглицериди конечно во нормала ми дојдоа. Супер ми дојдоа малку масти.
Вака ако гледаш ништо нема да треба да јадеш. Еве јас на што внимавам во однос на исхраната, овошјето, зеленчукот да е убаво измиено, особено марулата на истото внимавав и пред бременоста, месото да е добро термички обработено, сирењето да е пастеризирано, риба избегнувам, а конзерви воопшто во бременоста не јадам. Гледам да внесувам намирници нутритвно богати, иако тоа не ми оди секогаш по план, ме фаќа стрвост да јадам буквално глупости. Алкохол никако не внесувам, кафе еднаш во неделата знам да се напијам, чаеви само од камилица, маточина, нане, брусница. Јајца живи секако е ризично да се јадат без разлика дали си бремена или не, а мајонез од продавница не гледам зошто да не се јаде, секако не е најздрава опција, ама во некоја мала количина да се касне не е страшно.