Совет од докторот да не внесувам никакви сокови, шеќери. Повеќе вода, вода со лимон цеден( пиев место сокови), и протеини да внесувам за да расте бебе.Протеинска исхрана, поточно балансирани оброци. Јадев домашно готвена храна, обавезно месо, јајца, млечни производи, грчки јогурт многу јадев ...
Мамички, дали јадете сувомеснати производи?? Јас во последно имам огромна желба за мартадела салама ама као не смееле трудници да јадат салами и такви ствари поради ризик од листерија или токсоплазма..... па се устручавам не смеам да си каснам ништо........
Јадев/јадам во три бремености. Значи со првото само тост сакав да јадам. Само туна избегавав и суши тоа секако не јадам ама исто има читано дека е опасно алии некои и тоа јадат.
Се да си јадеш што ти се јаде. Јас како мразам виршли. Еве само што пишувам ми се повраќа. Ама во бременост, како ми се јадеше препржена виршла аууууу. Со сласт ја јадев. Еднаш беше тоа.
Хахахаха, мене па стрв некој за кобасичкине од кам толку изедов и помина. Пред некое време ми се пријаде пак кисели гумени бонбони, и тоа цело пакување за три секунди го изедов и толку беше. Да си каснеш.