Од денес. Сабајле прво кафе па овошно јогуртче. Појадок: две лепчина, пола паштета, малку мајонез и пола ќофте од компири. Ужинка: малку чипс Ручек: печена кременадла со шопска салата и лепче ипол. Ужинка: еден сладолед Магнум 3 чаши млеко ладно. Доста е за денеска
Од каде го купуваш компотот од сливи. Барав во веро пред некој ден, само од праска, ананас и комбинирано овошје имаше?
Јас го правам Т.е варам суви сливи , се пие водата а може да се изедат и сливите. Ова ми помага за празнење.
Па појадокот ми е секогаш во 12 а се случува и во 1 зависи кога ќе станам. Ручекот ми е околу 5-6 сатот, и нема место за вечера, сега и млекото ме засити, и поубаво спијам без вечера. Ретко вечерам или може да каснам нешто овошје како вечера. Јадам исто колку и пред да бидам бремена, ретко ми се случува да имам многу апетит и да јадам многу. И еве мислам ми почнуваат киселините последнава недела ги имам секоја вечер, па сега пробувам со млеково да видам како ќе ми биди
Цеден сок од цитрон, портоксл Појадок - перничиња со урда, кашкавал и чаша јогурт Ужинка рака суви сливи, Ручек - марула салата, пастрмка, всрен компир Ужина- лесна торта со јагоди Вечера- грчка салата и млади печени компирчиња Вода , чај од брусница и некоја бисквита преку ден..
Доручек: бакрдан+ јогурт и неколку чварки имав замрзнато па ги одмрзнав После пиев смути со банана и јагоди Ручек: печена риба+ компир+ шопска салата и една чаша ( или стаклена флаша ) пивце Ужина некоја чоколада ќе украдам од малата Вечера може попара со кисело млеко,ако не ми текне нешто друго.
Доручек - пита со блитва и сирење. Ручек - пица ќе порачам. Вечера - палачинки во план. Се надевам нема мрза да ме фати. Ужинки секако ќе има повеќе - овошни и по некое блашко
Ви завидувам што можете се да јадете и тоа обилно.Мене последнава недела ми се гади па едвај каснувам по нешто. Денес за доручек ориз со салата краставица. Кафенце Сега мусли со брусница и една банана. Ептем мизерно
И јас мизерувам овие дена зато ме нема да си го напишам менито. Имав неколку пати страшни напади на гадење, апетит слабо. Денес smoothie со јагоди, малини, аронија, мед и млеко. За појадок: две парчиња леб со паштета и кашкавал и малку пудинг. За ручек: пиле и компири печени. За вечера планирам или таратур или овошен јогурт, ама ќе видиме до вечер
Утрово го почнав со симит и јогурт Ужинка палачинка со крем. Ручек ориз со стек, марула салата. Се најадов доста, за вечера банана, киви. Пред легнување чаша млеко со мед. Измеѓу пиев цеден сок портокал , јаболко и лимон, чај од брусница, компот од сливи, кафе, грицкав бадеми, лешници, кикирики и парче благо.
Сабајле прво кафе и 2 чајни колачина. Појадок: 2 лепчина, шопска салата и пржени јајца со перца од млад кромид. Ужинка: еден гоооолем сладолед Ручек: стек, пржени компирчиња и лепче ипол. ,,вечера" 2 чаши ладно млеко.
Да не останам покуса и јас да си пишам. Почнав со овошно јогуртче и кафе. После доручкував јуфки со сиренце. За ручек на мекици бевме, и малку ордеверче и две мекици лапнав. Кога се вративм изедов едно барни и правец во кревет, зошто денес ме уништи времето. Глава ме стиска цел ден. Вечера два тоста со кашкавалче и јогуртче. За заблажување чоколадно пудингче. Сега се спремам за компот
Катастрофа сум два дена со стомакот, пак тие болки и подуеност Вчера ова... Доручек: Маргарин на лебче со сиренце и патлиџан, плус чаша јогурт. Па јадев после 2,3 саати малку лисната соленка. Па за 2,3 саати ручекот. Ручек: пилешки стек, шопска (не ги боцкам само краставиците), пржен компир. Тоа цел ден... Не вечерав зашто страшно ме болеше стомак.Пиев чајче само.
Само што јадев паштета со 3 кришки леб, пола домат и едно парче сирење. Зедов банана за на работа. За ручек сигурно нешто брзински, може бурек да јадам со спанаќ и сирење.