Сабајле во 8 леб и еурокрем со голема чаша млеко со несквик.Морам денот да го започнам со млеко ради побрз метаболизам. После тоа во 12 кафе и чаша сок од тетрапак, а пред 10 мин. пола пикант аргета , леб и патлиџанче што би рекле вие, или френка по наше Сега имам чај од околу 400 мл од брусница засладен со мед. Во меѓувреме вода , вода , вода .... (Сокови тетрапак немам пиено уште на факултет кога бев ама сега по една чаша си дозволувам затоа што многу ми се пие, што би рекле душичката ми бара.Колку и да правам на соковникот и на блендерот, а бе овие ми се така вкусни што за три секунди пијам цела чаша.Што е најинтересно кога пазаруваме обавезно си зимам од малите тие за деца што се и си го пијам до дома. И паштета многу ретко јадев ама сега во десетина дена обавезно по еднаш за доручек.Слатка ми е и тоа е.Од тоа што не го јадев пред бременоста останува уште сувомеснато и сарма.Мислам дека барем сувомеснато нема да прејадам, и така не купуваме а не ми се јавила ни желба. Не ми зборувајте дека не се здрави ич соковите и паштетата, оти повеќе од јасно ми е.) За зеленчук, краставица од фрижидер така свежа и ладна, по цел ден можам да грицкам.
Од вчерашното мени: За ручек манџа леќа со марула салата. Вечера немав, бидејќи јадев 2 колачиња топло ладно, топло чоколадо со плазма, кикиритки и сончоглед. Денес за доручек лепче со сиренце, краставица и пиперка, а пред тоа кафе. Сега пијам газиран сок со малку лимон, осеќам низок ми е притисокот. За ручек манџа компир со свинско, салата обавезно. Вода многу ретко пијам, а треба повеќе поради притисокот. Исто и солено не можам да јадам.
Денес имав пред доручек лепче со мармалад од шипки и путер, чаша млеко, тоа во 6 ипол За доручек мал сендвич со путер, патлиџан , краставица и марула. Една банана, бадеми и лешници сега. За ручек печам млади компири со рузмарин, ќе печам тиквици и модар патлиџан на фолија со лук и магдонос. Земав вешалици , морало и месо да се јаде. Салата марула и пченка
Слабо Некогаш имам грижа на совест дека не се хранам како што треба. Сега во последно време почнав шопска да си правам, некогаш компири, поретко моркови и брокула. Ама бебето си е супер си одговара на неделите.
Со паштетиве ме потсетивте колку и мене ми се јадеше во вторава бременост. А јас паштети не јадам, еве сега не можам да ги смислам. Ама трудна кркнав неколку бебе бараше
Од сабајле макарони потпечени со сирење Потоа едно какао со парче блакце. По некое време чаша млеко. За ручек плескавици на ќумур( маже се покажа) со марула салата. За вечера немам идеа сеуште ама ќе произлезит нешто сигурно
Леле денешново мени ми е лудница, дека цел ден не бев дома. Доручек во 10ч: тост со салама, кашкавал, кечап, мајонез и помфрит во него. 11ч: турско кафе. Ручек во 15ч: шпагети со сос со мелено месо. Во 16ч: марула салата со еден домашен оцет кај татко ми и сестра ми што ми остана на душа, ми викаше дај бе земи си го... не бе викам ке јадам кога ке доаѓам кај вас преубав ми беше со шмек на винце малку повеќе Во 17:30ч: Капри сладолед И сега јадам харибо гумени бонбони, од киселките кругови И ке ме боли мевот, е ке ме боли
@mariz Јас имам забрана за гумени од страна на мм, затоа што не знам за доста Колку гледам толку јадам па после офкам од стомакот.
Мене ме зафркна реклама една на Haribo инаку немаше да ми текне на нив И од тогаш зараза, прво мечињата ги земав ама некако без вкус ми беа и сега овие киселиве кругови со такво шекерче... за карање сум, ама па добро каснав неколку и си ги кренав за утре, а може и мм да ги изеде
Прва смена на работа и прво следува кафенце. Потоа една банана и една кифла. Една тортичка поп кејк. За ручек јајце на око и пржени компирчина и краставица салата. Пуканки и чипс. За вечера шпагети па си викам да се напијам една чаша јогурт пред легнување.
Си тргнав на работа со спремен доручек. Макарони со пченка, туна и мајонез. За жал од триста глупости во денот до 17 часот само еден кроасан и едни бејк ролс имав ставено во стомак. Едвај чекав да си дојдам дома да се испружам и да ручам. Ручекот ми беше леќа, краставичка со балсамико и неколку залака лепче. Се мислам што да си ја почастам душава и синко за вечера. Ми се каснува нешто убаво и калорично.
Ручек: јадев премалку немав апетит, Малку баница, и тиквички со јогурт. Ужинка: една чоколадна вафла Вечера: една банана и 3 чаши млеко.
Вечера домашни интегрални кифлички и крем сир. Киви. Нескафе , со пола лажиче нес, и многу прелив Имавме гости, испив една чаша пиво и чипс
Доручек кај 7:30: таратур- павлака со краставица и 1 кришка леб, и пола банана не ми се јадеше веќе. Кај 10:30 некое лиснато кифличе и јогурт. За ручек свеќи рече ќе правела тава селско месо, па спасена сум од правење. За вечера сакам болоњезе да правам. Конечно 3 дена слободни одиме кај МАМА на гости и free time за мене. Таму пак обилно ќе јадам
Доручек, јајца на око со доматче, сиренце и младо кромитче. Ужинка, банана и сок од калинка. За ручек мајка ми спремиле леќа, а маже ќе прави зелка салата. За вечера маже планира пилешка чорба да прави, ако се предомисли ќе биде нешто мачкано од фрижидер.
Утринава, едвај се натерав пред саат време да каснам. Ништо во уста не ми се става. Изедов две малечки интегрални кифлички, пола патлиџан, пола пиперка и сиренце. Сега направив smoothie од јагоди,банана, млеко и чиа. За ручек грав и зелка салата, петочки