Доручек: Бурек со сирење и бучен козјак јогурт (сакам така покисел јогурт во последно време, ако знаете покисел од овој кажете) Инаку нонстоп баланс, ми здосади. Ручек: и јас петочки гравче, зелка салата и две кришки црн леб. Десерт пола саат после ручек: сладолед И сакам накај 7 вечер да јадам од 7ца, ја мислам некој ден веќе со другарка си кркаме по пола хамбургер обично, ке ме дружи ваљда Сега турско ке пијам, нешто почнав да зевам да се расонам
го почнувам денот со смути од банана па кафе после два сати паштета ,јогурт,краставица во 4 сатденес имав ориз со спанаќ,младо кромидче,лукче многу убаво а за вечера може пак да си јадам од истото
Сабајле испитував шеќер па како бев гладна. Појадок: во пекара четвртина пиле со салата од пченка и едно лепче. Ужинка: две коцки чоколадо и една банана. Ручек: салата од марулка,роквици,краставици и младо кромидче, и малку ориз со компири печени. Ужинка или вечера: сладолед магнум и 3 чаши млеко.
Вечера макарони со сирење, јогурт. Претходно еден ред чоколадо со лешници, нескафе и чај од брусница.
Д: Пица на парче Р: Тавче гравче со салата зелка и краставица В: Макарони со јогурт Измеѓу чоколатце, слатки, урми, алва, кафе, сок.
срам ми е да кажам колку нездраво се хранев денес Брза храна цел ден и стапчиња од мое колаче, петарди како што си го викам- еден тон. Сега со едно парче риба ќе ја оправам малку работата
Моето мени денес. Ксфе и бејк ролс. После тоа кајгана па еден сникерс сладолд. За ужина кеаставичка и домат со балсамико крем. Ручек кременадли и зелка манџа. Сега се мислам што да ставам во стомак зошто веќе крчат црева а доцна е да не претерам.
Доручек за денес - пржени лепчиња со сиренце Немам апетит и немам идеја за ручек. Ќе копирам некого од вас - да видам што ќе ме настрви.
Доручек: пахован кашкавал ( 2 парчиња) 2 кришки тостиран леб и одозгора рендано сирење со вегета и јогурт. Пред малце сладолед јадев. Ручек: скара со шопска салата. После тоа овошна салата( банана, јагоди, портокал) и пудинг од ванила, и сок со мраз од цеден портокал. Вечера макарони потпечени со сирење. И ќе одиме може со ММ до Паб на по едно пиво. Едит: Кај мама сум па јадам што сакам.
Пред доручек Smoothie банана,јагоди,чиа, млеко, бадеми и лешници. Доручек клуб сендвич, помфрит. Ручек супа, ориз со телешко, зелка салата.
Доручек: маргарин, сирење, домат и јогурт. Ужина делев со синко: банана, јаболко, портокал. Ручек: турлитава со компир, морков, кромид, домат, бамји, месо, зелка салата и црно лебче. И си кснав 3 медени срца со праска сега Вечера врска немам... ама ке излагаме, па надвор нешто ке јадам
Сабајле прво кафенце. Појадок: 2 лепчина намачкани со маргарин, 1 домат, сирење, младо кромидче и малку компири печени. Ужинка: наполитанки си поткаснав. Ручек: 2 лепчина и еден голем танир шопска салата со мн сирење и младо кромидче.
Ужинка-пола банана, киви, брусница чај, коцка чоколадо, пола лепче и путер. Вечера чоколино и јагоди.
Денес ептен еднолична, здрава и лесна храна на менито. За доручек кисело млеко со краставица и пиперка. После тоа банана за ужинка. Ручек- пржени тиквички и пиперки, со краставица салата. А за вечера, истото од ручекот, само наместо краставица јадев к. млеко и маслинки. До легнување една чаша млеко планирам да испијам.
Добро утро Само што јадев бурек со месо и јогурт. Од вчера го нарачав и мајка ми од сабајле тазе купила После некое овошје.