Пржени печени пиперки со јајца за доручек со чашка јогуртче. мммммм Сум заборавила дека ги имам пиперкиве во фриз. Им се насладив сабајлево
Вчерашното мени ми беше. Некоја купечкс ама тазе испечена пита со сирење од локална пекара и кафенце. После тоа сладолед. За ручек пола хамбургер од 7. Вечерта палачинки со нутела,плазма и банана. Вечера лиснати стапчиња, кашкавал и јогурт. Денес денов ми почна со банана и кафе. Па ке каснам геврече. Ручек кај мајка- печено јагнешко,млади компирчиња и салата(смајли што се лигави). За после тоа ќе видиме како ќе продолжи денот
Денес апетитот ептен голем Накај 9 јадев сендвичи со црн леб (не дека се пазам од белиот, овој вкусен ми е со семки сончоглед), маргарин, сирење, домат и печеница. Пиев чајче одма после јадење, планински со мед и лимон. 10ч: турско кафе. Во 11 пак ми се пријаде и јадев млеко и бисквити За ручек: Ориз и кокошка, супа и некоја салатка Иначе ми се плаче за краставица, за таратор, за кисели краставички, ама страшни киселини ми прават како ве читам така лиги ки течат..
После доручек нескафе,банана, пуканки Ручек летна манџа и 3 парчиња инт.леб , цеден сок од лимон, морков, портокали. Сега правев компот од сливи. За вечера го пратив мм по мекици од мекиците од стража и сиренце, се надевам ќе најде нестрпливо го чекам
Ручек - летна манџа, ама беше подпросечна.. не ми задоволи апетит. Ручек 2 - супа кај мајка од домашно пиле и пиле Вечера/ужинка - крофни од мамче и киви од мм. Покасно ќе мавнам и јас компот од сливи.
Прво кафе. Појадок: една палачинки со сирење салама и сос зарзики пржени компири и едно лепче и малку кечап и мајонез. Ручек: на скара свинско и пилешко месо по пола парче и пржени компири и 1 лепче, една чаша пиво си се напив. Вечера: салата со марулка роквици и краставица. Пред легнување една чаша млеко.
Доручек мекица, сирење, патлиџан. Ужинка банана, јаболче , јагоди. Ручек скара, ќебапчиња, стек, ражнич( од се по малку ) , компири печени , салата брокула, цвекло, морков планирам за мене - ако не ме замрзи.
Доручек: крем со леб и чоколадно млеко. Ужина смути со малини, банана, јагоди и кива. Ручек: турлитава со разновиден зеленчук, ситни парчиња свинско месо, печурки и мелен домат. И кока кола Вечера: паштета со кисело млеко.
Денес денот со обилни оброци и сега мака со мешко Доручек: пржен млад компир и шопска Ручек: кобасици плескавици од тиквичка и марула со краставици Сладолед Вечера шпагети со сирење
Dorucek kiflicki,cajna,kaskaval i dve casi jogurt. Rucek skara i krastavica salata. Grickav suvi slivi i jabolko. Potoa parce kozinjak. Ovosen sladoled. Za vecera musaka domat,sirenje i za desert resana.
Прво кафенце. Појадок: пржени јајца со млад кромид и урда, еден домат. Ужинка: 1 палачинка со нутела и 1 банана. Ручек: мекици со павлака. Вечера: 1 јаболко и 1 праска Пред легнување 2 чаши млеко.
Доручек 09: печени макарони. За ручек и вечера измешав брзини малку Ужина: убаво големо сочно зелено јаболко. Во 15ч: два сендвича од мали округли лебчиња со салама, домат, мајонез, кашкавал. Од 17ч до 19ч спиев инаку сигурно ке кснев нешто Кога станав јадев од ручекот печени компири, кременадла, парче стекче (ова на скара) и домати салатка, десерт сладолед. И сега чаша топло млеко и на спиење, доста беше
Фрапенце, Доручек- бурек, 1/8 со месо и едно залче со урда, плус јогурт. Вчера за ручек се прејадов од шопска и немав место во мешето за мевце, само две залчиња. Затоа се планирани увијачи за денес.
Секој ден ми започнува со кафенце. Појадок: една мекица со зарзики салата. Ужинка: една рака ореви и една банана.
И јас како Либра од стрв, осмина со месо и осмина со сирење мавнав И на сестра ми и чепнав од пица бурекот Ручек ќе правам интегрален ориз во вог тава со тиквици, брокула, златна мешавина и стек за мене а печурки за мм и шопска.