Во 09:30: два тоста од коцкаст леб со печеница, кашкавал, маргарин и кечап. Во 14:00: кисело ми се пријаде па направив зелка салата, ама и едни кифлички ме настрвија па изедов 3 кифлички со маргарин и салама. Ужина: еден ладен портокал од фрижидер (почнав во фрижидер да ладам овошје пред да јадам, поубаво ми е) Сега едно турско кафе, а ручек сеуште незнам... има јадење и од вчерашниот ручек па ке спржиме уште нешто, ама накај 17ч ке ручам
Да си допишам. Ручек: манџа со свинско месо, грашок и компири и салата од марулка,краставица,роквици и млад кромид. Ужинка: едно пакетче ресани премногу ми се пријадија и после сат време 2 парчина кекс. Сега млеко си пијам 1 чаша Толку за денес
На почетокот на бременоста многу јадев ананас. Го заборавив некое време па вечерва кога бев во веро сечеa ананас толку убаво ми примириса па денес вечерав пола ананас
Пред доручек ладно цедење: цвекло, портокал, морков, јаболко. Доручек 09: Пржени домашни јајца (некои помалечки се), со сирење, на страна 3 црни маслинки и кечап одозгора со кришка леб. 11: турско кафе и чаша цедевита од портокал. Ужина 11:30: Џем од дива брусница на кришка леб (вчера го купив и морав да го пробам ). За ручек компир манџа со јунешко, шопска без краставица не е шопска ама неможам краставица да јадам... А за вечера план имам пицааа, со домашно тесто
Јас имав за доручек сендвич со интегрално лепче и печеница, кашкавал, марула, домат, краставица , кечап, мајонез, го преполнив и се напраив лом Цедев сок од лимон, портокал и моркови. Сега грицкам соленки. За ужинка планирам киви, јаболко, чај и компот. Ручек спанаќ со ориз, кисело млеко.
Пред доручек малку чипс и една банана. Доручек-јајца на око, лутеница, сирење и млад кромид. За ручек мм планира да прави шпагети со болоњезе сос. Измеѓу јагоди како ужинка. Вечера како и обично нештото од фрижидер, како од нога. Скоро никогаш не правиме нешто за вечера.
Турско кафе за рассонување 1 банана Доручек осминче бурек Суви сливи,јагоди за ужинка. Ручек Гравче со суво месо,домат и сиренце чаша цеден лимон без шеќер За вечера планирам пржени компири со некој додаток. Девојки душава ми бара луто,ептем луто ама страв ми е да јадам,јадете ли??
@mal.ecka и јас многу сакам луто да јадам, мислам организмот сам ми бара. Јадам, ама гледам да не претерам.
Појадок- сирење, виршла и краставица, не јадев многу. За ручек имав ќофтиња со каша и шопска салата. Пред малку правев благи тостерки, ги јадев со крем и мармалад. Измеѓу ова благо некое, сокче, кафе.
Прво кафе. Појадок: 2 лепчина намачкани со маргарин на нив по едно парче кашкавал и салама, 2 домати и сирење. Ужинка: 1 праска и 5-6 тутки. Ручек: 1 лепче, шопска салата и манџа со свинско, грашок и компири. Ужинка: 3 чоколадни бисквити И 2 чаши млеко
Ужинка неколку лажици нутела, рафаело Вечера плазма и млеко. Луто читав дека треба умерено, скоро ич. Јас си каснувам ама само да се залутам многу малку.
Денес повеќе брза храна. Сабајле во 6.30 печев три мали лиснати со вишни и чаша брусница чај. Околу 11 едно варено ѓеврече и едно лиснато со сирење и јогурт. Потоа сладолед. Ручек интегрални шпагети со сос од тиквица, брокула, печурки , морков и томатело, сиренце. Ужинка киви. Вечера едно парче интегрален леб со пршута, марула, краставица, парче домат, кашкавал и павлака. Пред спиење чаша млеко со мед .
Кафе. Појадок: салата марулка со туна,пченка,црн грав, младо кромидче и роквици. Ужинка: неколку чоколадни бисквити и ресана. Потоа пола динче. Ручек: 1 кременадла, ориз со зеленчук и салата од краставица, пченка, роквици, сирење и младо кромидче, и пола лепче. Пред легнување 2 чаши млеко .
Слабо ми иде јадењето овие 2-3 дена. Појадок мачканици, ручек само шопска салата (без леб) и вечера корнфлекс.
Доручек: пржени кришки со јајца, сирење и јогурт. Ужина во пластично за на раб. зедов цреши. Ручек кај свеќи- не знам што Вечера ми се здојаде чоколино и плазма со млеко- ќе му украдам на ќерка ми
Цреши имам, чудно ми е зошто не ме фаќа стрв кога ми се омилени Домашни , непрскани, само поситни. Денес доручек пак сендвич со пршутка, кашкавал, краставица, домат, мајонез. Цедев сок од портокал и јаболко. Грицкав бадеми, пиев чај . Ручек компир манџа со телешко и салата марула и краставица
Доручек: сендвич со чајна, маргарин, домат, кашкавал. После некое време јагоди. За ручек: тавче гравче со колбасички, домат салата со сирење изрендано и кромид. Сега јадев марула салата и една супа изедов, многу ми е камен тврд стомакот и ми смета, гладна сум, а неможам да јадам.. може да е од гравчето