Синоќа бевме со гости и грицки, мицки се најадов. Сабајле доручек осмина со месо, пола кифла со виршла и јогурт. Кафенце, цвекло, портокал и лимон сокче и едно лиснато со вишни за ужинка. За ручек баба ми ќе ми прати сарма, а за мм ќе правам некоја зеленчукова тава со печурки, тиквици, модар патлиџан и ќе пробам и таму
Доручек корн флекс и една млечна кифла од жито лукс. Сега пијам швепс за да ми отера мачнини. За ручек летна манџа. До вечера многу има
Пред да доручкувам цеден сок од: јаболко, цвекло, банана, морков, портокал и малку јагоди (цедам со тефал соковник, па цеди и банана и јагоди убаво дека е со сито), ептен убаво сокче Доручек: сендвич со чајна, зденка, домат, марула и мајонез. Ужина: soft Cookie King, ептен се убави. Ручек: печени тиквички во тава со сол, компир салата со лимон и кромид, ослич и некоја салатка ке видиме што нуди највеќе фрижидерот. Супа обавезно пред јадење. Вечера може ке биде некаде надвор, ке шеткаме вечер.. Мене вишни во торта ми направија страшни киселини, се надевам нема и црешите да ми прават зашто ги обожавам!
Доручек: овошно смути ( банана, јагоди, црешни, цеден портокал и малце малини и млеко) Потоа јадев зденка ( 3 изедов) со павлака и маргарин и 2 кришки леб. Ручек: манџа со компир, зелена салата и една мала лименка пиво. Вечера: сакам гибаница со готови кори да правам.
Сега читав во книга за здрава храна дека трудници кои користат аспирин не е пожелно истовремено да користат и лен или масло од ленено семе ,бидејки ја разредува крвта.
@joy1 споделувај и понатаму ако налеташ. За вечера сладолед и огромна овошна салата, банана, киви, јаболко, јагоди со чиа семе и чоколаден прелив. Пред спиење ќе стоплам млеко со мед.
Кафе. Појадок: од вчерашниот ручек-печени тиквички со болоњезе сос и лепче ипол. Ужинка: неколку ресани. Ручек: кифли со сирење и павлака, потоа кифли со нутела. Вечера: салата марулка со пченка, туна и краставица. Сега пијам 1 чаша млеко ладно.
Доручек: плазма, млеко и кексолино. Сега едно јаболко изедов. За ручек: печена риба, печен компир, супа, зелка салата Вечера да смислам што
Вчерашното мени ми беше Геврек и јогурт, па после тоа кафе. За ручек салата од домати и пржени тиквички во павлака со малку лепче. Во меѓувреме нешто како ужинка - проја и сиренце за мезе на гости и тулумби. Вечера лингвини со сирење и кечап. За некоја од ужинките си каснав и гумени бомбони, скришно од мм зошто ме кара кога јадам глупости. Денес станав да го бодрам мм на полумаратон. Свариф кафе во термос, купив кифлички од пекара и отидов да го пречекам во маало кога поминуваше. за ручек сакам риба или нешто морско, ама го чекам да се прибере па да одиме да испазариме.
Доручек 10ч: Пржени домашни јајца, кашкавал ставив врз нив се стопи, кечап, една кришка црн леб и чаша јогурт. Ужина немаше бидејки спиев. Ручек 15:30: Супа, макарони со некој сос во земјено грне правеше свекор ми, како гулаш нешто со печурки. Ужина 17:30: парче од колач со вишни, јагоди и пудинг, па сега едно турско ке пијам Вечера врска немам.. може некоја салатка со марула..
Пред доручек, овошна салата. Доручек пица. Ручекот сега летна манџа. Вечера незнам @mariz како би каснала од таа твоја торта, ма цела би ја изела Пиши после рецепт
Леле утре на мени летна манџа, само ја читам тука и ми се пријаде ептен.. ама пиперките бре скапи ај може намалиле, за до пазар нема време и нема кој да оди да ми купи...
Мајка ми е крива. Она за да ми удоволи прави се што сакам да јадам. Ајде паѓа цената, уште некој ден и се ќе е поефтино.
А како ја правите летната манџа? Пржите пиперки домати сиренце и јајца или уште нешто плус додавате. Ќе треба и јас да си направам по толку читање