Тоа е тоа. Основа се пиперки и домати, се останато се финеси, зависи од вкус. Кој сака јајце, кој сака урда кој несака ништо.
Јас без ништо, само пиперки прво малку пржам, па после доматите излупени, сол, оригано малку, сервираам со сирење на страна... убаво се си крчка мх мх, кој ке чека до утре
Јас прво пржам пиперки, па после додавам домат. Пржам дур не изврие убаво и додавам јајце. Некогаш и магданос ставам и лукче ама сега не ми се ризикува со мирудии Сирење јадам со ова, ама не го ставам внатре.
Права старинска летна манџа се прави со прво упржен кромид,па се додаваат пиперки и на крај доматите се заедно да се соедини.Многу е вкусно и се јаде со сирење.
И јас прво пржам пиперки па додавам исечкани патлиџани, кога ќе извријат ставам сол и лукче. Со сирење е прсти да излижеш, мх. Пиперките сечкани пржени ги правам и со урда и јајца, или само со јајца, ама тоа веќе не го викам летна манџа. Тоа па со свежи патлиџани го јадам. Денеска цел ден работно, од сабајле чистев и не сум доручкувала, само кафе пиев. Правев ручек за 9 лица, селско месо ( пилешко и свинско, кромид, печурки) со печени компири и салата зелка со краставица. За ужинка конечно цреши, ми донесоа мојте. За вечера не знам ни дали ќе јадам, им попаднав на црешите ептен. Мош само млеко ќе пијам.
Мојата летна манџа е запржувам кромид, потоа сецкани или рендани домати, откако ќе се извријат доматите (сокот од нив) додавам 1 чаша вода со 1 лажица брашно помешано, и на крајот 1 јајце или 2 зависи од количината. ПО вкус сол и магданост, леле сега ми се пријаде. Инаку денес за доручек стандард 1 лепче со еурокрем, ручек пржени пиперки, печено пиле, пржени тикви, млад компир и салата од краставици. Јас некако слабо јадам месо, едноставно не можам тешко ми е.
Вечера чоколино. Доручек печена готова пилешка пастрмајлија. Грицксв бадеми, лешници, неколку лажици нутела. . За ручек ми се пријаде помфрит со сирење, јајце на око, шопска , супа и ќе печам тиквички и модар патлиџан со печурки за маж ми , ќе чепнам од неговото, од моето не давам
Пред доручек цедено сокче од јаболко, портокал и морков. Доручек: два тоста од Нутри црно лебче со кашкавал, шунка, кечап, шарена сол и маргарин. Ми се пиеше газирано па земав едно мало шише Добра вода, гуарана и женшен, па еве уште си го пијам.. ми стои во фрижидер и само дотурам. Ручек: Супа, летна манџа (пиперки и домати само, со сирење одозгора), неколку кифлички домашни (врска немам колку но помалите ги бирав ). И десерт од колачот со вишни и јагоди, ми остана уште малку од вчера
За летна манџа нели ги печете прво пиперките?Јас ги печам обавезно,омекнуваат и добиваат мн убав шмек
Јас не, немам толку време секогаш... а и вака ми се убави, прво убаво крчкаат само пиперките, убаво ке омекнат, па после си крчкаат дополнително со доматите. Имав до пред 2,3 месеци печени замрзнати, па одмрзнував и си правев
Мене ми е поубаво кога ги испечам пиперките и доматите, а понекогаш скоро секогаш и модри патлиџани ставам. Кога ќе се испечат ги лупам и сецкам, додавам лукче и сол и попарувам со врел зејтин. Со сиренце убавини. Не знам како се вика тоа јадење, ама многу ми е вкусно и поубаво отколку онака пржени.
Пинџур Да го испофалам сладоледот од Кам, земав карамела и чоколадо, значи живо џабе е, мене ми е прекрасен! Кај сестра ми и овошниот го пробав и тој е убав
И јас го викам пинџур, а некои го викаат макало. До душа јас повеќе јадења си ги викам пинџур, оној што е зимница, тој со суви пиперки и компири варени, овие две погоре што ги пишав. Се е пинџур по мое
И јас прво добро ги пржам пиперките па домати и на крај сол,лукче и магданос Д:чаша јогурт Р:крем супа В:чаша јогурт Измеѓу јадам по некое оревче
Макало па за мене е само од печени пиперки, мислам и со компири беше макало... баба ми многу правеше, ептен вкусно тоа не сум јадела одамна, ке треба само за мене да правам ако правам зашто мм не јаде а се што е со плус домати е или летна манџа или пинџур. Што е битно и онака сите различно го правиме, битно е да ни е вкусно.. @Mari* што е со мениво твое, зашто вака малку јадеш?
ау кукла и ти потфрлаш со јадењево нешто. утрото почна со овошје и кафе. Доручек пица сендвич После тоа торта частеше една колешка за роденден и чипс. Па на именден во кафанче - е таму незнам што се не ставив во стомак. Од тиквички, форнаринки, ајвар и сирење, салати и од мешаната скара од се по мало парче. На крај завршив со топка сладолед и сега лежам и незнам дали ќе преживеам од што сум прејадена, а на вечера не ни помислувам.