Утрово јадев леб, павлака и домат. Сега еден ладен сендвич ќе порачам, и после едно јаболко. За ручек: пржени компири, шарски плескавици домашна супа и салата со марула и кромидче. Вечера: може јогурт со паштета или туна риба со кромид.
Обично за доручек ми е смути со било кое овошје во кое задолжително ставам аронија (заради многу слаба крвна слика) и плус мусли со јогурт или геврек. Ручек различно макарони пица стек компири нешто манџа и така. Си каснувам и благичко. Не вечерам или ако ептен ми се пријади касно навечер јадам јајце варено.
Прво јаболко едно јадев зашто бев до продавница, да не ми се прислоши хахаха Доручек 10ч: Тостови, маслинки и чаша јогурт. 14ч: Супа. 17ч: Манџа грашок, марула салата и една кришка леб. Десерт после некое време американски палачинки, две изедов една со џем од дива брусница, една со нутела. И за вечера кркав јагоди, еден куп
Доручек прво овесни снегулки со чиа, семиња. Потоа 1 варено јајце , 1 кифличка со путер. Па кафе и пола парче трилече. Сега земав јаготки, јаболка и киви и чај од брусница за ручек мајка ми месела со блитва и урда, со нетрпение ја чекам: )
Денот ми почна со динче и кафенце се разбира. За доручек бурек и јогурт. За ручек кај мајка ми, варијација од летна манџа - пржени цели пиперки, полеани со сос од домати и лукче, сиренце, печени малди компири. Уште неможам да мрднам од што неможев да се сопрам. За вечера ке гледам да рипнам
Денес сите со летни манџи Доручек: банана, јаболко, грозје, кифла со јогурт Ручек: летна манџа со пиперка, домат, ориз и тиквичка, плус сирење, подготвена од мм и превкусна. Со две парчиња леб Ужина: торта и сладолед Вечера: ќе имаме гости па ќе мезнам кифле, кашкавал, салата
Кафенце за добро утро. Појадок зденка со месен нарезок. Ужинка банана и цреши, сладолед. За ручек леќа и печена лута пиперка со оцет и сол.Сега се мислам дали да пржам компири или да направам палачинки со солен и благ фил.
добро е барем паштетата ја заменивте со летна манџа. Малку по здраво. Јас ако ми верувате успеав само со една паштета да поминам читајќи ве.
Е јас паштета доручкував со сирење и чаша јогурт. Ужина: овошен јогурт. Ручек: Супа, канелони со мелено месо и бешамел сос. И тешко ми е од тестенините... Па пиев чај од камилица да си олеснам малку на стомакот. Вечера чинија супа само, гладна суум но подуена сум..
Јас изнакупив паштети, ама слабо ми иде. К'снав неделава ама само затоа што немав идеја што. Не ми се заслади.
Вечерав сега дури малку корнфлекс со млеко сепак @kukla21 исто и јас, немав што друго брзинско.. а сакав да јадам побрзо гладна бев..
Леб нема дома. Два дена не сме купиле. Недомаќини. Најдовме некои лиснати во фрижидер па тоа ќе се касне. иако незнам што, и друго слабо има во фрижидер. Ова е резултат од јадење по туѓи куќи.
Доручек бисквити и млеко, ужина нескафе па банана. Ручек пржени компирчиња со сиренце. Ужина 1 праска. Вечера 1 банана Обично ручекот ми е околу 5 и после тоа не вечерам.
Мене вчера денот ми беше бум Доручек, бурек и јогурт. Нес кафе, киви. Ручек, гравче со зелка салата. Не бев многу гладна па за вечера бргу огладнев. Околу 19 часот го пратив мм до сендвичара, лапнавме по еден тост со помфрит. Десерт, киндер јајце. Денес денот го почнав со нес кафе, а доручекот ке биде паштета За ручек свекрва ке правела леќа со некое мевце пушено мевце, па тоа ќе биде. Вечера, сигурно нешто од фрижидер мачкано. Лелеее ептен здраво се хранам
Доручек - лепчиња со путер, сиренце и доматче. Ручек - ќе ја таксам мајка ми боранија да прави. Вечера - што ќе се најде- тоа
@Libra88 баш балансирано, комбинирано.. таман Прво чај од камилица. Доручек: лиснато со кашкавал, лиснато со зденка и маслинка, лиснато со сирење (мали коцки), делевме со синко неколку. Плус чаша јогурт. Ручек имам малку сарма од лозов лист од свекрва ми, ама ке си направам и малку летна манџа.. но овој пат и со јајца и сиренце