Од вчера прво кафе. Појадок: 2 лепчина со маргарин намачкани, салама, кашкавал, 1 домат и сиренце. Ручек: четвртина бурек со месо и јогурт (немав јадено бурек 1 година и вчера најдов во една турска пекара леле кој радости бев со голема сласт го изедов, планирам и денес таму да одам) Ужинка: 2 топки сладолед. Вечера: пржени пиперки, сирење, 1 домат, пола виршла и 1 лепче.
Доручек прво чинија супа, околу 11ипол интегрално пециво со фета и маслинки и чаша јогурт. Па компот од сливи. Сега ќе одам до пазарче по цреши и јагоди. Ручек лосос и компир салата.
Од вчера: Доручек пица бурек и јогурт Ужина банана Нес кафе Ручек спанаќ чорба со павлака и 1 крајче мало леб 2 праски капучино
Доручек - тостирано лепче со путерче и џемче од јагоди и кајсии. Ручек - зелка манџа со пушено мевце. Вечера - класика, што се најде, тоа.
Од вчера. Кафенце Појадок: 2 лепчина со маргарин намачкани, 1 домат, сирење, 2 варени јајца, малку кашкавал и салама. Ручек: четвртина бурек со месо и ајран. Ужинка: 2 топки сладолед. Вечера: 1 мал бургер од мак доналдс и малку компирчиња. Пред легнување јагодки и 3 чаши млеко.
Доручек 2 пржени јајца на око и една зденка, и една чаша цедени портокали и цитрон. Сега баничка една ќе земам со јогурт Ручек: полнети пиперки и салата некоја Вечера паштета со мајонез и салата од домат и кроѓид( од вчера се мисчам да јадам ваква комбинација?
Доручек: тост со кашкавал, чајна, кечап и зденка и цеден сок од јаболко, портокал, кива, морков, цвекло. Ужина: две 7days мини кроасани, пола јаболко, пола синко ми го лапна Ручек: Ориз со пилешко, домати салата со сирење горе. Е вечера ке видиме, немам идеја... @Mari* супер! Има напредок
Моето денешно мени. Кафенце Симит и јогурт Сладолед Сармички од лозов лист со кисело млеко Цреши До вечер ќе видиме што ќе се конзумира иако последниве неколку дена навечер во грло осеќам како да ми гори, киселини ли се што ли е незнам да опишам.
Кафе и кроасан за појадок. После пак уште едно кафе на гости и некои слатки, наполитанки. За ручек си пржев јајце и тиквички, таратор. Сладолет и благо за ужинка. За вечера јадев кај свеки урда, мајонез, домат, маслинки и некое сувомеснато чадено, после се заблажив со чоколатце и сок. Сега на мм му правам друштво, шопска и едно кило вода оти кромидот многу ме ожеднува.
Oд денес: смути сo aрoнијa бaнaнa јaгoди и кoмпoт oд кaјсии. Две мекици и чaшa јoгур кoн 13 чaсoт a кaј 21 чaсoт леб сo мaргaрин сирење и дoмaт и кoрнет слaдoлед зa крaј Крoaсaнки едни
Мoј периoд мoментaлнo е леб мaргaрин и дoмaт чaт пaт и сирење... Верувaле или не тoa не сум јaделa oд oсмo oдделение aмa сегa сaмo тaму умoт ми е и сaмo тoa ми се јaде ... Бoже бoже чудни труднички желби
Од вчера: Доручек млеко и чоколаден корнфлекс. Ужина банана, нескафе, портокал Ручек шпагети со кечап мајонез и сирење Ужина печени лешници Јас кроасани последен пат имав јадно на факултет ама сега кога останав бремена многу ми се јадат. Чудни се трудничките желби навистина
И јас имам дома залиха на кроасани, особено оние мини ми се омилени Синоќа вечера цреши и јагоди. Доручек овесни снегулки со семиња , 1 варено јајце. Покасно планирам смути со јагоди и банана. Ручек мајка ми ќе прави зеленчукова интегрална пица
Од вчера прво кафенце. Појадок: пица замрзната од маркет купена. Ужинка: неколку парчина лубеница. Ручек: печено месо со компири и пиперки и 1 лепче. Ужинка: 1 парче торта и мало кафе.
Доручек - 2 пржени јајца, козјо сиренце и едно лепче. Ручек и вечера појма немам. Ми се смачи веќе ова со јадењето. Претходно сеедно ми беше, сега морам да имам храна за јадење во вистинското време. Мајка ми ќе ја направи, ама треба и неа идеја да и дадам
Блага беше лубеницата. Ги гледав и јас но реков ајде рано е уште да почекам уште некоја недела Доручек: таратур ( краставица, лукче и павлака) , варено јајце и чаша јогурт. На работа банана и тост со компирчиња Ручек: пржени домашни кобасици, пржени компири и супа. Може и пиво ако не заборавам да купам. После сладолед од Кам-тој со капучино го зедов да го пробам, нес кафе и цреши. Вечера може кори да сварам со томатело сос и печурки.