Вистина едно кило вода испив, толку бев жедна. Преку ден не пијам многу, ама штом си легнам душата ми горе за вода мислам. Денес за појадок баничка со урда + јогурт. После кафе, цреши и јагоди. За ручек гравче со шопска. Еден ред црно чоколадо и сега пак цреши и јагоди. Вечер сум на роденден па ќе мезнам нешто и торта секако, јас ја правев да пробам сум ја погодила ли.
Сабајле прво кафе и едно парче торта. Појадок: 2 кришки леб намачкани со маргарин на нив по едно парче кашкавал и салама, 1 домат, сиренце, пола варено јајце ( не можев да го дојадам цело). Ужинка: 1 чаша млеко и 1 круша. Ручек: манџа со свинско месо, грашок и компири, 3 кришки леб и 2 млади кромидчиња. До вечер ќе се касни пак малку торта и млеко. За вечера нема време.
Денес: Пoјaдoк смути oд бaнaнa јaгoди и aрoнијa тoст сo кaшкaвaл и јoгурт. Ужинa: крoaсaнче мaлo oд oние пo 10 денaри. Ручек: тиквињa пржени, шoпскa и две пaрчињa леб. Ужинa: слaдoлед нa стaпче и мислaм декa немa дa вечерaм oти сaмo штo гo изедoв слaдoледoт и мислaм ќе ми експлoдирa мешетo
Едно турско кафе за рассонување Доручек варени па запржени компири со кромид,вегета,црвена пипер и краставица салата. Еден чипс,медењаци. За ручек мама с ајвар и лепче. Една банана За вечера рипчина,свежа потпечена пиперка со лук,гравче тавче,маслинки. Сега една зелка салата со краставица ќе мезам.
Ова со мајка ти исто, мајка ми си спрема ама кутрата ни она не знае веќе што, а и ние нешто тешко ни доаѓаат идеи
Доручек: кашкавал,салама и павлака+ 2 кришки тостиран леб со вегета и путер Ручек: домашен комат со зелка и комат со спанаќ ( кај мама), јогурт После еден овошен микс со банана, јагоди и портокали Вечера: не знам што ќе прави мајка ми
Доручек парче пица, смути со банана, јагоди, малини, аронија. Ручек печено пиле, компири , крем салата од брокула и шопска салата
Сабајле кафе, кроасан, малку цреши и јагоди, коцка чоколадо. За ручек пица. Сега сладолед јадев, до после планирам некое смути да си направам, одамна не сум правела. Вечер сум пак на роденден па ќе мезнам нешто таму.
Доручек - кроасан 7 дејс со чаша млеко. Јадев и мекица бидејќи ова ми беше малку Ужинка - цреши. Ручек - гравче и зелка салата. Вечера - слободен избор
Од вчера: Доручек: банана, бисквити и млеко прво, па кифлички со павлака кашкавал, домат и маслинки Ручек: хамбургер Ужина: сладолед Вечера: 2 палачинки со сирење, една со еурокрем и банана Од денес: Доручек: банана, млеко и бисквити прво, па 3 палачинки со сирење Ручек: гравче тавче со ќофтиња и шопска салата Вечера: веројатно овошен јогурт
Сабајлечки кока кола, притисокот ми беше паднат, како удрена бев Доручек, варени јајца со домати, пиперка, сирење, маслинки и три тонус лепчиња. Ужинка, цреши. Ручек, мешано полнети пиперки и полнети домати со две тонус лепчиња. Вечера ќе биде летна манџа со сиренце. Се погоди денес и мајка и свекрва да пуштат ручек, па добро ќе ни дојде, здосадено ми е од мачкано и суво. Може и една супа после мм да направи.
Доручек си имав од вчерашниот ручек гравче тавче печени пиперки и краставица салата. една лимонада и турско кафе Ручек пржени лепчина со јајца,биено сирење и домат. сладолед за десерт Вечера Мусака и зелка салата После една чинија супа и тоа ќе биде за денес.
Јас мешковци немам предлог за дневно мени за вас туку за брзо засладување, џиџи бебе со чиа семе и ладно млекце. Милина!
Сабајле прво кафенце. Појадок: од вчерашниот ручек манџа и домат и 2 лепчина. Ужинка: 2 топки сладолед. Ручек: пржено месо, пржени компири, шопска салата и 1 лепче. Ужинка: 1 праска и 1 чаша млеко.
Вчерашното мени: Доручек: пржени кришки, сиренце, домат и јогурт. Десерт, ужина: сладоледот од кам Ручек: Компир манџа со јунешко, салата домат, пиперка и сиренце (што би рекла шопска без краставица, сеуште ми е страв пак да пробам). Две кришки леб со мешани семки. Десерт: Колач со јагоди и џем од јагоди што јас го направив. Вечера: Домашни пици со кашкавал, саламче, маслинки, пиперки, домат, оригано
Oд вчерa. Пoјaдoк смути сo бaнaнa aрoнијa и јaгoди и еднo нескaфенце. Ручек ќoфтинa сo 2 пaрчињa леб и шoпскa. Десерт слaдoлед. Вечерa пржени лепчињa сo јaјце и јoгурт
Доручек: омлет со јајца+зденки+сецкана салама и цеден сок Ручек: Печена риба, печен компир, домашна супа и салата со марула, кромидче и роквица. Десерт - сутлијаш со цимет и чоколадно млеко Вечера- потпечени јуфки со сирење, јајце и пармезан одозгора.
Сега ме терате и јас да купувам бел леб и да пржам кришки Со години не сум јадела тоа. Денес доручек тост со кашкавал и пршута и чаша јогурт. Ручек супа и полнети пиперки, тиквици, модар патлиџан кој што сака Ужинка јагоди.
Денот почна со кафе, јаболко и цреши. Доручек тостови со кашкавал За ручек кебапчиња во дестан со салатка и печена пиперка Десерт кајмак баклава од Турска чаршија. До вечер ќе видиме што уште ќе се јаде