Во фаза сум на покачување на железото и хемоглобинот, па секое сабајле најпрво јадам лажица семе од коприва со мед и лимон. Денес за појадок само банана и јагоди, затоа рано ручав компир манџа со свинско и краставица. Потоа какао и чоколадо. Сега грицкам морков, цвекло и краставица исечени на долги тенки парчиња со сол и лимон. Измеѓу пијам по 2-3 шољи чај од коприва со лимон и мед, по некоја лажица микс од семки од тиква, сончоглед, лен, сусам, ореви, суво грозје ( ги изблендирав со лимон и ги чувам во тегла во фрижидер, вкусно е) и по некоја лажица рендани моркови, цвекло, лимон и мед.
Утрото ми почна со цреши, јаболко, кајсии Кафенце Доручек тост со помфрит За ужина гумени бомбони Ручече - супа со кнедли, стек со ориз и салата од домат и пиперка. Сега ќе одмарам, а за вечера ќе видиме
Доручек: тарана со сирење и мн малку кечап. Турско кафе и парче торта. Ручек: посна пролетна супа со дополнително исецкано ситно пашканат, целер, морков (нас супа на се ни оди хаха), Компир манџа со јунешко, салата со домати, пиперки и сирење и црно лебче. Вечера: Чај од камилица и едно мало баунти чоколадце.
Утрото почнав со кафе, јагоди и киви. Доручек интегрални шпагети со кечап и сирење и цеден сок од цвекло, моркови и портокали. Ручек мусака и печени пиперки со оцет и зејтин. Вечера на матура сум , ќе се касне, нема скриен шеќер сега
Доручек: паштета, сирење, домат. Чај од камилица, две медени срциња со јагода. Ручек во план и подготовка моментално: ќофтиња во сос, пире, супа, зелка, марула салата. Е вечера врска немам
Не сум пишала 4 дена мени Од вчера: Појадок: една кроасана со чоколадо, четвртина бурек со јогурт. Ужинка: четвртина лубеница. Ручек: едно лепче намачкано со маргарин, салама, кашкавал и сирење. И еден танир зеленчукова супа. Ужинка: пола брокула варена и еден сладолед од ванила. И 2 чаши млеко. Од денес засега само едно кафе и 1 јаболко.
Доручек интегрални кифлички , пикант паштета, сирење, макало со патлиџани, печени пиперки и лук Ручек пилешки прсти, печени тиквички, модар патлиџан и може компири.
Дoручек: бaнaнa, кaфе, млекo Ручек: стек вo пoдгoтoвкa е Вечерa: немaм пoјмa. Едит... И oриз сo ручекoт
Доручек: леб со маргарин и одозгора мармалад од сливи и чаша топло млеко. Ручек тава селско месо , печурки, супа и пивце. Ужина сладолед Вечера може палачинки да правам
Прво цеден сок од јаболко, портокал, цвекло и морков. Доручек: макарони со сирење и кечап. Ужина: пола пудинг од ванила и чоколадо. Ручек: супа, полнети пиперки, некоја салатка (можеби домати, пиперки и сиренце) и црно лебче. Па по некое време ке си го дојадам пудингот. Вечер можеби ке одам на роденден, па таму ке јадам се и сешто
Кога ќе се настрвиш на нешто... пред некој ден јадев панирана риба со сос од јогурт и мајонез и кисели краставички, со парено лепче. И пилешки стек на скара, кашкавал и лепче со сусам и нешто зеленчук. Или во превод, збутав по еден Мек Фиш и Мек Чикен Ројал Затоа два дена гледам нешто поздраво да фатам. Доручек: црн леб со зденка и салата од патлиџан и пиперки. Ужинка: овошје, што ќе фатам тоа, кајсија, лубеница, праска... Ручек: печени полнети печурки, црн патлиџан и тиквички на грил, печени пиперки, компир и нафора. Денес мм спреми доручек бомба, вафли јас покуса да не останам ги збогатив со банана, шлаг, чоколадо и ореви Ужинка: стандард овошје Ручек: ќе гледам да се контролирам, ќе биде полнети црни патлиџани и тиквички со мелено месо. И таратор. И си се почастив Радлер 0,0% алкохол, конечно е лето кај нас
Моето мени до сега. Кафе Доручек - тост со кашкавал и малку чајна и јогурт. сега се крчка ручек - тестенини со сос од тиквички, крем сирење, кикирики и лукче. Што убаво промириса куќава. за понатаму ќе видиме
Од вчера: Доручек, два мали тоста и две свежи пиперки. Ужинка, кајсии и цреши и малечок зизики чипс. Ручек, боранија со пушено мевце и две тонус лепчиња Вечера, шпагети со сос од тиквички, морков, шампињони, шунка, хопла и кашкавал на крај. Од денеска, Доручек од шпагетите од синоќа. Ужинка, цреши и банана. Ручек, похован стек со пире. Е вечера сигурно нешто од фрижидер, мачкано.
Прво кафе 2 зелени јаболка Појадок: 2 лепчина намачкани со паштета, мајонез и пола домат. Ужинка: неколку чоколадни бисквити и четвртина лубеница. Ручек: пржени домати со лук и магдонос и 2 домашни колачина. 2 чаши компот од праски и пред легнување млеко ќе се пија.
Вчера за ручек се смени планот бевме во кафана. Денес кај мајка ми доручек интегрални перничиња , македонска салата и сирење. Ужина цреши и кајсии, едно топче сладолед. Ручек турлитава со мевце и печени пиперки
Појадок Пржени компири,кременадла,шопска салата. цеден лимон,турко кафе Супа Плазма бисквити премачкани со путер од кикиритки и еурокрем,цреши.
Свеки уште пред да станам го има завршено ручекот,за добро да се најадам зошто 2 смена на работа ќе поминам само со некоја кифла или ако понесам нешто од дома овошје тоа ќе јадам. Ако јадам на утро нешто брзо лесно ќе умрам за јадење цел ден
Од вчера. Прво кафе и парче торта. Појадок: пржени пиперки и тиквички со јогурт и 2 колачина. Ужинка: 1 зелено јаболко и 2 топки сладолед. Ручек: 1 чизбургер (бев излезена) Пред легнување се изнапив компот од праски и млеко. Од денеска само кафе и торта.