Доручек 4 домашни интегрални кифлички, путер, сирење, патлиџан, пиперка и цеден сок од цвекло, јаболко, портокал и лимон. Ужина киви, јагоди, кајсии, лешниче и бадемче. Ручек пилешки прсти, печени тиквички, модар патлиџан и компири, печени пиперки и супа. До вечерта обавезно компот од сливи и брусница чај, чаша млеко.
Доручек: две праски и две кајсии Кај 12:00 јадев бурек со спанаќ и фанта Ручек: летна манџа со сирење и кефир Вечера нешто купечко не можам да спремам.
Доручек Пржени пиперки со јајца,зелка салата,и сирење. Цеден лимон,крофни,ананас салата и едно турко кафе. 2 смена на работа сигурно ќе поминам со некоја кифла и јогурт.
Семе од коприва и мед за почеток на денот. Сок од цвекло, морков, јаболко, аронија,портокал и вишни. За појадок кајгана, зденка, краставица и малку кечап. А сега цреши, какао и зебра колач по некое парче. За ручек пржени пилешки џигери и сос од кромид, можеби и макарони ќе сварам. За вечера не знам.
Јас денеска ќе си премолчам што се сум јадела од сабајле.Станата од 6 и такви благи глупости се изнајадов што не е ни до пола денов а веќе имам грижа на совеста.
Доручек: соленки и лиснато со сирење. Ужина: Во еден здив изедов Милка млечно од 80g!!! Дали сум нормална проценете сами Не пишам ништо за денес повеќе на оваа тема
Почнав со кајсии и кафенце Лиснато со зачини и ѓеврече. Ужина, пита со јаболко. Сега се спремам за ручече - пржени пиперки со урда, пржен модар домат, сиренце и лепче.
За почеток на денот семе од коприва и мед, сок од цвекло, морков, јаболка, вишни, јагоди, аронија и мед и какао. За појадок пржени лепчиња со сирење и домат. Ужинка овошна салата од банана, кајсии, јаболка, аронија. Ручек полнети пиперки и тиквички со салата од краставици. За десерт некоја тортичка. Сега се мислам што да апнам пак.
Денот ми почна со цреши и кафенце Доручек кајгана со шопска десерт гумени бомбони ручек гравче и кобасички. еве сега десерт ресана
Појадок - АБЦ на лепче и домати. Ручек, супичка и шопска салата. Вечера - нешто пак за мачкање и салатиче. Ужинкав цреши и малинки, едно поп кејк и цица маца
Сега пред малце јадев 2 праски и 3-4 кајсии. И едно кафе со млеко Доручек: пржени кришки со јајца, моцарела, маслинки и јогурт. Ручек: мусака После може сладолед на раат еден да кркнам. Вечера: најверојатно некои тестенини
Доручек интегрално варено ѓеврече и јогурт. Ручек грав манџа и зелка салата. Ужинка урми, бадеми, лешници, 2,3,кајсии, цеден сок од цвекло и портокали. Вечера ќе има некоја салатка и обавезно млеко пред спиење.
станува алармантно моето дневно мени 1. ДОручеј 1 кришка леб со еурокрем, 2. Ручек полна чинија долма и две кришки леб се разбира и салата. 3. Вечера пирушки 2 со десерт палачинки со мармалад од сливи. И сега една чашка полна сладолед мислам дека е доволно за денес
Истото и јас ќе прашав, ама ете научивме нешто ново Моето мени за денес Чоколино и кафенце Тестенини со сирење Две чоколатца животинско царство Риба и салата Сладолед Сега мм ќе прави тост со кашкавал и јогурт
Само што станав смути со банана, праски и два цедени портокали. Потоа кафе со млеко. Доручек: Паштета аргета мајонез, леб и маслинки Ручек: Печени батаци, печен компир и домашна супа Вечера: може попара со кисело млеко
Доручек овесни снегулки со семиња. Брокула и моркови после. Ужинка цреши, јагоди. Ручек спанаќ со ориз и к. млеко. Вечера пак некоја салатка.
Почнав со банана и кафе. Доручек конечно фамозната паштета со домат и сиренце Ручек кај мајка ми турли тава и салатка Десерт сладоледче сега одмарам а после се спремам за црешки. за вечера, здравје боже, рано е да се размислува.