Кафе за рассонување Доручек варен геврек,зденка,врат и домат. Ручек печени пиперки,манџиче со месо и компир,домат. Сега едвај тегнам една ломонада,мачнини ме мачат Да го дополнам менито Вечера Тост со зденка,краставица. Милка чоколадо,раванија.јагоди.
Наутро: смути од банана,вишни и праски Доручек: Пржени виршли со пармезан одозгора и павлака Ручек: Шопска салата, Печена риба,пржен компир и супа Сладолед за освежување Вечера: Ќе видиме
Синоќа за вечера место салата излезе аргета пикант , со домат и сирење. Доручек прво банана, па телешка чорба. Ручек домашна цезар салата. Вечера има време, сигурно нема да ме држи цезарот
Доручек: варено јајце и домат и павлака. На раб. зедов едно јаболко Кај 10:30-11:00 некое лиснато тесто со јогурт Ручек свеќи ќе прави нешто, се спасив понедалнички
Денес доручек- овесни снегулки, покасно ќе направам и една мала шопска и варено јајце. Стандард сокови и чаеви. Ручек гулаш со јунешко и зелка салата.
Доручек: смути со банана+јагоди и праски На работа купив тост и швепс ми се пиеше. Ручек: манџа со блитва, ориз, пилешко месо +кефир После сладолед да се разладам Вечера: Ќе правам проја со сирење и кисело млеко. Ќе си земам и утре за на работа
Доручек прво банана и киви, цеден сок цвекло, јаболче и портокал. Доручек 1 интегрално лепче, кашкавал, пршута и домат. Ручек скара, салата, компири .
Јас немам веќе идеи што да јадам. Доручек - скоро секој ден јадам леб, путер и сирење. Ручек - пилешки прсти и компирчиња Вечера - класика, што се најде по дома.
@kukla21 исто На почеток се изнајадев бели пецива, сендвичи, тостови се што не смеев да помислам. Сега ради реда каснувањето. На работа ми беше полесно- житарици, овошје, ќе нарачаме нешто.....
За доручек пржени компири,краставица салата и печени пипперки, За ручек скара,зелка салата. Сега овесни снегулки со јогурт,а до вечер секако уште еднаш ќе јадам.
Се насмеав. Помина паштета манија, и сега снема идеи. И јас кога седев дома потешко ми одеше со мислењето за јадење. сега на работа кога одам, паѓаат разни идеи, од кајгана, тостови, тестенини, буреци и бели пецива. Многу е полесно кога само ќе ти го донесат или ќе ти го приготват, отколку сам да го мислиш од дома. Инаку денешното мени и мене послабо. Сабајле прасак, кајсии и кафе Перек Цреши Бејкролс Ручек - печено месо и печени компири со марула салата После тоа сладолед сега веќе се мислам за што наредно, ама ќе земам малку сончоглед ќе погрицкам, рано е за вечера.
Доручек овесни снегулки со семиња. Подоцна варено јајце и брокула. Ручек пипер и патлиџан и лукче пржени , со сиренце.
Доручек, паштета манија Ручек, летна манџа манија Ужина, сладолед. Сега за вечера еден домашен тост ќе лапнам.
Добро е, а јас мислев ја заборавивте паштетата. Денот почна стандард со праски, кајсии и кафе Домашен сендвиш со мајонез, марула, кашкавал и малку чајна да замириса ужина сладолед. Ручек - плескавица од Тото со зелка салата и помфрит. и сега лапнав уште еден сладолед.
П: леб и мармалад Р: потпечени тиквички со јајце и салата краставица во оцет и вода В: чорба од блитва и ориз, планирав да пржам јајца, ама тато ми донесе блитва па направив чорба по прв пат, попосле ќе ја пробам. Измеѓу чај од коприва, сокови, сливи,вишни,какао, чоколатце. И јас немам идеи за појадок и вечера.
Чај од камилица. Доручек: Јуфки со сирење и малку кечап. Ужина: едни преубави мали сочни праски, три изедов Ручек: Компир манџа со јунешко и две печени пиперки со оцет, зејтин и сол, плус домашни кифлички што правев. Па кркав малку јагоди со синко. После некој саат ми се пријаде благо и бев до слаткара купив од секое колаче по едно и дома секако од секое по малку пробав Вечера: cookies од оние од Кам, три си брцкав во чаша млекце, па и млекцето го испив.
Кафе, парче торта, банана Појадок: гравче со маслинки и лепче ипол. Ручек: макарони Пред легнување чај од камилица и млеко.
Идеа за појадок омлет со тиквичка. Тиквичката се ренда и се пржи на врело масло, се додава изматени јајца и толку. Многу е вкусно. Може да се додаде и блитва, спанаќ во комбинација или посебно.
Доручек: банана и 2-праски На раб: хамбургер+ фанта лименка Ручек: Пилешки медаљони со кашкавал и салама ќе пржам и шопска салата Нешто благо сигурно Вечера: може чоколино и плазма со млеко да украдам од малата
@forumce јас не ја рендам тиквата , сецкам и додавам брокула. Така ми е најубав омлетот. Ми даде идеја. Денес прво цеден сок од моркови, јаболко и цвекло. Доручек тост со сирење, оригано и патлиџан. Ужина 3 праски. Ручек блитва , ориз и јунешко потпечено.