@Ano пиши после тие твои сладоледи шо резултати ќе дадат . Денот почна со крушки, суви сливи, урми и кафе. Па една кифличка и чај од брусница. Сега направив овесни снегулки со семиња. Пред ручек ќе си правам салата со цвекло, брокула и моркови. Ручек шпагети или макарони , интегрални , со сирење , кечап и туна ќе јадам Вечера сигурно некое овошје и обавезно млеко.
Од вчера Кафе и неколку наполитанки. Појадок: 2 јајца пржени и 1 колаче Ручек: печени компири и пиперки, салата од домати со сирење и 1 колаче. Ужинка: 1 банана, соленки, млеко пред легнување. Од денес Кафе и 3 праски. Сега ќе мачкам нешто за појадок.
Доручек 8ч: паштета, сирење, домат и јогурт (брзински две кришки пред полагање). Ручек 13ч: компир манџа со телешко, домат и пиперка салатка со сирење одозгора и две кришки црн леб со сончоглед. Рано ручав.. ама дека рано доручкував и меѓу ништо не каснав... Па сега се изнајадов праски, едни мали крушки од комшии, јаболко, сок од јаболко.. душава ми бара свежина Вечера што ке се најде тоа, ама ке се ксне нешто и пред вечера
Кај тебе не гледам леб,или сосема ретко. Браво. И баш контролирано се храниш. Леле ,јас ако еден ден ви се приклучам у темава ( а ќе ви се приклучам) ќе ми биде сТрам да си кажам колку и што јадам. Твоето денешно мени Ели,мене комотно може да ми биде еден оброк
Појадок прво парче леб со крем, покасно геврече со буковец. Ручек пржени пиперки и тиквички, салата зелка со краставица. Измеѓу праска, кајсии, сливи, сок и малку турско кафе се напив после 1 месец, покасно чај ќе си варам. За вечера ќе видеме.
Од друга тема заклучив дека најдебела сум јас али сепак за тоа таму. Од денес : кроасана и праски за доручек и макијато, а за ручек една пица само со кашкавал. Нема да јадам до вечер ништо
Е морам да те демантирам. Воопшто не си дебела, ти ја видов сликата во скриеното катче. Ако мислеш за тоа дека имаш накачено повеќе килограми не грижи се, не ти се познаваат, ваљда дека си била послаба пред бременост.
Споредбено со други мешиња мојот број на накачени килограми во сооднос со бројот на недели од мојата бременост мислам дека се најмногу Инаку да, бев слабичка пред да останам бремена
Доручек : смути со банана,јагоди,јаболка,морков,аронија и 1 лаж.мед со семе од коприва. Ужина :филџан корнфлекс со јогурт Ручек: лебче со сиренце , краставичка и кашкавалче и јогурт. Сега кафе ќе пијам притисокот ми падна страшно. А за вечера здравје праски.
После оној шербетот сабајле цел ден ми се измести. Откако завршив се изнапив прво вода и кафе да ми се тргне благиот вкус. После тоа каснав едни бејк ролс. доручкував малку р'жано лепче, со путер, домат и сирење. Имав и варени јајца, ама неможев да ги јадам од што ми беше мачно. Од тогаш наваму сум јадена само две праски, малку соленки и сега еден таратор и одам на спиење.
Кафе и 3 праски сабајле Појадок: 2 лепчина намачкани со маргарин на нив по 1 парче салама и кашкавал, 1 домат и сирење. Ужинка: наполитанки Ручек: печени модри патлиџани со доматен сос и мелено месо и лепче ипол. Вечерва соленки и млеко.
Е ако де. Јас сум 30та и плус 12кг . Прво тромесечие дали кило качив. Откако заседнав дома лесно си идеа нагоре Вечера вчера пола лиснато од пекара со виршла и кашкавал. Денес прво кафе, кајсии, праски, суви сливи и оревчиња. Потоа кифличка и една зденка. Сега јадев овесни снегулки со семиња, стандард. Ручек динстано телешко и интегрален ориз со златна мешавина , брокула и тиква во вог тава. @Bubce38 прво почнав интегрално ради мм да не готвам дупло сега кога скриениот шеќер е ептен на граница морам да внимавам А станувам рано и до ручек јадам неколку пати демек здраво а помалку.
Две тост лепчиња со паштета и пиперка. Еден тањир со јагоди, диња, крушки и кајсии. Пола изедов, пола за после, ќе пукнам ако го изедам цел Сега и една чаша кока кола оти притисокот ми е паднат.
Пред работа млеко со бисквити на работа ќе јадам овошје. За ручек ќе одам во кафана сигурно некое мевце со помфритче ќе каснам и за вечера не знам немам идеја уште од сега.