Доручек: интегрално лебче од специјал (три кришки) со маргарин, кашкавал, мартадела, домат. Ужина: јагоди и парче од куглов. Ручек: Супа, полнети пиперки, краставица салата и една кришка од црното лебче, десерт пак од кугловот парче (многу ми е вкусен ) Па едно турско кафе пиев. Вечера: Шпагети со сос од домати (домашен од шише), малку скуван само и сиренце Многу да не јадам бе?
@mariz слабичка си, јади . Денес во Дукат телешка чорба доручек. Сега кафе и цеден сок, овошје праски и кајсии. Ручек кај баба ми на сарма Се надевам нема да вечерам денес
Денот почна со мусли и кафенце. ужина - праски, кајсии и крушки. Ручек - рижото со 4 вида сирење, пиленце и салата сега со сите 4 во вис, а за вечер ми се увртело, тортиља со крем сирење, доматче. Во меѓувреме сигурно ќе се касне сладоледче.
Појадок - греено лепче со путерче, сиренце и патлиџанче. Ручек - пире и ќофтиња. ужинка - варена пченка и малини. Вечера, нешто лајт.
Доручек, кајгана, домат и сирење. Ужина, кајсии, домашен сок од вишни. Ручек, кременадли, печени компири и шопска. После може еден сладолед, а за вечера нешто од фрижидер за мачкање сигурно.
@mariz слaбa си ти мoжеш дa си јaдиш. Д: нес кaфе прaски и кaјсии и oблaндички 2-3 Р: тикве прженo сo дoмaт и леб В: млекo сo бисквити
Слабичка ама можам мн брзо да се збуцкам Турско кафе. Доручек: тостови со кашкавал, печеница, кечап, мајонез и чаша цедевита од зелен лимон. Ужина: праска и после атлантис чоколадце и киндер бар два реда, во мала чаша од нутела крем (си ги собирам хахаха) цедевитка пак. Ручек: крем супа од печурки, поховани чипс тиквички, кромид похован, една полнета пиперка од вчера, шопска салата. Десерт: Монте чоко пудинг и кајсија една изедов сега. Бре Вечер на домашен род сме и ке кркам таму нешто
А ти мислиш дека дургите стално пријавуваме се што ќе мрцнеме дента. Мене често само главните ми текнуваа. А оние ситниците во меѓувреме ги заборавам многу брзо
Синоќа за вечера банана и пуканки. Денес доручек интегрални јуфки со сирење . Цедено сокче, диња и крушка сега плус оревчиња и бадемчиња и една коцка чоколадо , аххх колку ми фали благотоРучек риба ослич, компир салата, златна мешавина со брокула.
Од вчера: Д: две јајца на око, една кришка леб, домат салата и чаша сок од јаболко. Р: супа (домашна со морков, пашканат, целер, магдонос) домашни пилешки прсти, ориз и таратур. В: млеко и бисквити. Меѓу јадев мини круши од комшии (незнам како се викаат овие мали круфчиња), без благо поминав цел ден Турско еднаш пиев, цедевита, сокче од јаболко Денешно: Д: пита вртена со сирење (четвртина) и чаша Јока јогурт За ужина имам во план лубеница зашто ја мислам од вчера Р: домашна супа, турлитава со се и сешто (домати, компири, бамји, моркови, кромид, месо..) и некоја салатка.. ова без лебче ке оди. А за понатака ке видиме.
Од вчера: Д: Кроасана и банана У: Со кафето каснав 2-3 чоколатца најлепше жеље од оние ептен малите како за частење Р: печени пиперки и 2 канелони В: /
вчера доручек мусли и кафенце ручек пржени пиперки во домашна салца и лукче со сиренце и лепче вечера еден тост и сладолед. Денес Бев на боцкање на трансфузиологија па си каснав геврече од Св. Никола. Сега мезам кајсии, праски, круши и кафенце. За ручек ми се увртело дека сакам плескавици од тиквички, ама после сум на улепшавање, па ако сум уморна ќе ги оставам за утре, а за денес нешто полесно.
Синоќа маж ми донесе лепчиња за сендвич, душа меки . И како да одолееш Сепак направив пола сендвич со се дома ( путер, виршли, сенф, кечап,мајонез, краставица, патлиџан) и 3 чаши фанта испив Денес дури ја чекав мајка ми да донесе мекици, цедев сок, јадев бадеми, соленки, крушки и киви. Доручек 2 мекици , сирење, патлиџан, пиперка и јогурт. Ручек манџа боранија со јунешко и краставици салата. Вечера ќе видиме
Што ве нема Доручек интегрално лепче со путер, пршута , кашкавал и краставица. Ужинка диња . Ручек пиле, компири и шопска салата.
@eli25 Кога те прочитав за ова 3 чаши фанта, јас истата фаца ја направив како емотиконот што си го ставила Јас за да испијам толку треба да одам на 3 слави и 2 свадби!
Јас вчера сепак ги добив плескавиците со тиквички, или поточно кажано со тој рецепт излегоа мини солени палачинки со тиквички. Ама многу вкусно, а и поздраво зошто вез зејтин се спремаа, па со додаток павлака и салатка. Многу вкусно. И вечерта јадев од нив само со гарнир таратор. Во меѓувреме и еден сладолед каснав. Тоа ми е дневно следовање од благо. Толку ми рече докторката да оставам, друго благо да исфрлам. Денес слабо. Сбајле сфарив некои интегрални ама органски јуфки. Ужас. Незнам зошто мм ги купил. Едвај со сила малку каснав со сиренце. После тоа кафенце и праски, кајсии и крушки. Дополнив со едни бејк ролс. Сега чекам мм да се врати од доктор. Од вчера не е арен, ама излезе некој вирус лош дека е, па чекам кола и да бегам кај мајка ми. Па таму ќе видиме што ќе има на репертоар за јадење.
Така ти пишав оти и мене не ми се убави , ама морам Да обичните интегрални земи ги. Од Жито ги купувам јас. Уште интегрални лазањи да најдам