Не го пишувам менито кога одам на работа, прво зошто е хаос само сендвичи јадам, второ немам време. Денес: Доручек: на работа сендвич со путер, козји кашкавал и парче мортадела Ручек: макарони со пршута исецкана и павлака за готвење. Кафе и сладолед, па малце диња во меѓувреме. Вечера : помфрит купечи од кесичка испечен во рерна и малце кечап и мајонез Сега јадам пуканки до вечер сигурно и некоја праска, а ако го чекам мм и не заспијам до 12 сигурно ке намачкам нешто на лебче.
Д: проја мафини, малку шопска и к.млеко. У: лубеница, праска, кајсии. Р: супа, летна манџа само од пиперки и домати, сиренце. ...
На вакви денови цел ден би јадела овошје Утрото рано си го почнав со бадемчиња, лубеница, диња и кафе. Доручек една пржена пиперка со урда, патлиџан и 1 интегрално лепче. Ручек чорба со блитва и јунешко.
Д: палента со сиренце Ужина: круша една, кафе Ручек: цезар салата и чаша спрајт Сега ке јадам сладолед Вечера во зависност дали и колку ке бидам гладна пред да легнам.
Д. класика - лепче, сиренце, путерче и патлиџанче. Р. полнети пиперки и салата од патлиџанче, магданос и кромид В. тријаголничиња со сирење од готови кори. Едит. Ужинкав овошен сладолед од КАМ.
Да додадам поховани чипс тиквички во ручекот, ми текна на нив накнадно и десерт топче сладолед во корнет (си купувам корнети) Вечера во план домашна пица и за мене и за гости
Леле друшки викајте по мене, многу јадам... Има 100 кила да станам. И онака забременив баш у фаза кога се поправив 4 кила, зборот ми е стратував со 4 вишок, а и сега како што си имам апетитче започнувам да се загрижувам... Еве од вчера : - смути со многу овошки и ленено масло (поделив на пола со ќере ама сепак една чаша поголемка си се напив) - торта, кока кола, пица (роденден славевме на работа) - ручек - тиквена мусака со шопска салата - бадеми, пченка, чоколадо - сладолед - компир салата и краставица Денешното мени како малце подбро е засега (нема толку стрволинки) - смути со овошје и лененено масло, бадеми - ручек- телешко со компир и салата - сладолед и газировка - за вечера планирам салата бабачка Добро е што не јадам леб, ама како и да е морам да се сопрам со делот торти, сладоледи и газирано...
Јас денес подисциплинирана сум. Сабајле тост со кашкавалче. Кафе цело канче малини и две крушки. р: салата и печено пастрмче. Сега јадам сладолед и чекам неколку голтки кафе да направи мм за вечера нешто лајт од фрижидер @mariz какви корнети купуваш?
П: Кајгана, сирење, домат и јогурт. Р: лазањи и шопска Меѓу кајсии, праска, лубеница, сливи, какао, сладолед, нес. За вечера уште е рано.
Од Веро, обични мали корнетчиња Во двор сум сега, после ке ти ги сликнам... Мене ми пропадна планот за пица, гости не доаѓаат, а јас лубеница се налупав
Синоќа вечера путер,леб,патлиџан и сиренце. Доручек прво диња,лубеница и кафе, па интегрални јуфки со сирење. Цеден сок од портокал и бадеми и урми. Ручек стек, пире и шопска. Вечера купив јогобела .
За доручек домашни пржени колбасипире,краставица салата и сирење. Едно турско кафе,лубеница и вишни. За ручек потпечени пица лепчина. Пиев ладно благо млеко со несквик,топло неможам да го поднесам. За вечера најверојатно пак пире,немам друга идеа.
Доручек: маргарин лепче патлиџан Ужина: рибизли праски Ручек: компири печени плескавици од тиквичка и краставици салата Ужина: лубеница Варена пченка шеќерка За вечера од тоа за гостите од се по малку
Д: пржени кришки со сиренце, домат и јогурт. У: сладолед. Р: на гости: тегнета пита од тетка ми со сирење, башка колбасици, салата (павлака, краставици, сирење и некоја салама), кашкавал и чаша кока кола У: лубеница. В: тост со сирење, кечап, чајна, маргарин. И мноооогу вода денес, ми клокотка во стомаков
Кајсии и кафе д: кајгана со пиперце и сиренце и малку лепче малку сладолед праски и круши таратор р: домашна крем супа од брокула и морков со пилешки крилца една наполитанка Тортиљи со крем сирење и домат и зошто цел ден се нешто по малку ме фати криза и вечерата беше криспи чикен од Ројал