За доручек пиперки полнети со сирење па пржени со јајце,од вчерашната мусака,краставица салата. Крофни за ужинка и турско кафе. Сега една праска. Ручек на работа,некоја кифла со јогурт или зденка. За вечера имам порачано манџичка со компир,месо и боранија.
Мајки на диета да не сте? Ве читам и не ми се верува колку малку јадете во споредба со мене кога бев бремена. По цел ден гнетев нешто Но на толку јадење се имав попраевно само 15 кг и изгледав преубаво
Прво две големи кајсии. Д: Шпагети со сос од тиквичка и павлака за готвење. Чаша цедевита. У: Диња ке си сечам сега (ладна од фрижидер мх мх) Р: компир манџа, краставица салата и кришка нутри леб. Вечера нз, ама не скокам вечера ке се ксне нешто секако @mal.ecka што ти се интересни мениава, измешани брзини малку @chocolade исто и јас.. до душа не јадам обилно, јадам разновидно од се по малку... не се прејадувам никогаш, брз метаболизам и супер ми оди сега за сега
@mariz Најбитно ми е кога сум дома на утро добро да се најдам.Ако сум 1 смена ќе поминам со нормален доручек,ама кога сум 2 морам дома добро да се најдам пошто на работа може и време да немам а и со суво и брзо ќе бидам.
Јас мислам бев посебен случај. Цело време бев мртва гладна. Слон можев да изедам и пак да не бидам прејадена Навечер се будев по 2 пати да кснам нешто. Ми се лошеше од глад на секои 2 часа. Без храна од дома не искачав. Пошто не се знаеше кога ќе ме фатеше тресење од глад интересна им бев на сите, пошто обично јадев малку и ретко и сум слабичка Со лесно мила, па може ќе ви се придружам наскоро
Од вчера: Д: приошка со сирење Р: плескавица и кременадла со печени пиперки В: млеко со бисквити Измегу вооооооода и сливи.
Доручек - ѓеврече со 2 чаши јогурт. Ручек - не знам веќе што да се јаде!!! Вечера - ќе биде нешто овошно! Ужинка - ќе си апнам сладоледче.
Жешко е немаме апетит Доручек :Овошје Ручек: Пица Ужинка: Сладолед Вечера: Делот што ми остана од пицата
Мене така ми беше до 14 недела. Мн јадев дури ноќеска кога се будев толку лошо ми беше едвај до фрижидер одев. После почнав јадење до кревет штом ќе станам јадам и пак на спиење шала на страна ама ужасно беше нонстоп јадев и нонстоп бев гладна а од глад ми се лошеше
Денот го започнав со 1 праска, црно грозје и пола диња. Потоа јадев 1 кифла со спанаќ и сирење и јогурт. Сега пијам ладно нес кафе. Ручек: се печат компири со ребра, сега ќе правам и супа и малку лепче ќе се касни. И пред легнување млеко.
Јас дома цел ден... со клима цел ден, затоа имам апетит не ми е жешко мене Јадев сега диња пак, па пијам мала чаша кока кола се ладам и пеглам (тон алишта, постелнина), за вечера и јас пица сакам, дај малку
Мојот ден стандард започна со кафе. Мекица со сирење. Праска и кајсии Ручек - компир манџа со јунешко месо, краставичка салата Малку лубеница И сега веќе ќе мора да застанам, сакам утре крвна слика да проверам. Незнам како ќе се издржи
Можно е да е до климите.. Денес од 11 до 17 изгорев цел ден Битола насонце и вкола.. Ела јади да те видам таму 2 кг вода дома уште толку и неможам да се изгасам
Од вчера Д: кафе, две кроасани 7 дејс од малите, малку овесни снегулки со јогурт и тост Р:/ В: лебчиња со паштета и домат. Нескафе и МНОГУ ресани
Д: Пита со сирење и спанаќ (8мина), голема чаша јогурт. У: Диња и праски Р: супа, летна манџа (пиперки и домати само), сиренце и нутри леб. В: има да биде пица зашто ја мислам, купив печурки се што треба Си ја правам со домашен доматен сос, кашкавал, сирење, пиперка, домат и маслинки... така ми е убава за на жешково
Д: Тост со кулен и гауда и чаша јогурт Ужинка : Смути од кајсии и слива и малку сок од портокал за да не е кашесто Р: Пилешка домашна супа и пинџурче со сиренце После две мали топки сладолед В: Пица - вечерав надвор од дома и многу слатка ми се виде
Појадок: четвртина бурек со месо и јогурт. Ужинка: 1 праска, 1 јаболко, пола динче и четвртина лубеница (се прејадов) и последниов месец многу јадам овошје - во фрижидер имам повеќе овошје од колку јадење Сега пијам ладно нес кафе. Ручек: ќе каснам малку лепче и печено пиле и салата од домати со сирење. За ужинка направив колач со јаболка. Пред легнување млеко и во текот на денот околу 2 кг газирана вода.
Јадеш ли ти нешто. Како глувче Диња и кафе Кифла и пола баничка од милениум со јогурт. се спремам за боранија со павлака и домашно пинџурче. До вечер ќе видиме