Рано сабајле цеден сок од цвекло, портокал, јаболко, малку праска, морков и лимон. Доручек: варено јајце, зденка на нутри црно лебче со сончоглед, домат, таратур и некоја маслинка (слатко се најадовме со синко) У: парче колач со мармалад од јагоди и цеден сок од портокал и лимон. Р: супа, печени компири со колбасички + шопска. У: диња и лубеница. В: ке видиме...
Д: Црвено смуди со јаготки, малини и неколку зрнца аронија со лажиче мед Две мали домашни соленки Една шака индиски ореви и бадеми Р: Полнета френка со ориз и мелено месо со кис.млеко и кришка леб У: Лубеничка и холидејки В: Потпечени лепчиња во фурна со урда и јајце со малку зачини и чаша јогурт
Што е ова? Утринско кафе со праскса кајсии и модри сливи. Домашно малиџано (со бајаги лукче ) и нутри лепче. цеден портокал и малку чипс. ручекот е земен - ќофтиња и пире, ама ќе се јаде малку подоцна.
Д. Лепче со павлака и 2 чаши јогурт. Р. 5 ќебапчиња со зелка салата В. само овошје ќе се касне. Ужинка - диња.
Доручек: Една чаша лимонада и овошна салата (кајсија, праска, портокал, грозје и - 3-4лешници) Ручек : Шопска салата и соја Вечера : Од истото пак ќе каснам, или само печени пиперки со масленце сол и сиренце
Доручек јајца на око,домат салата и печени пиперки. За ручек поховани свински шницли,печени пиперки и краставица салата. Парче лубеница,1 зелено јаболко. Турско кафе. За вечера некој специјалитет од свеки,варени пиперки со компир па мешани како некоја салата со малку лукче.
Не сте ги јаделе како деца? Едно време од бугарската граница ги носеа. Беа пакувани едно по едно во жолта амбалажа, во голема картинска кутија. Пупички. Спојлер: Едновремска амбалажа Мислам ова е едновремската амбалажа Не била оваа, ете ја правата, прв ат гледам дека на Нестле биле.
Доручекот ми е во 10:30-11 ручекот во 13-14. Ужинка можно е да имам кај 17 и јадам од 18-19.. Некогаш и во 22 Лебот ме заситува мене
@Bebulleee По пола леб јадам на јадење па пак умирам за јадење. Ова доручеков после одкако ќе се прејадам добро ќе ми дојде,а ништо немам на мене
И јас Јас и ти највеќе кркаме мислам (само јас слаба сум со леб, на ручек особено слабо лебче јадам.. само манџа ако има една, две кришки макс).
Видов и се исплашив @Bebulleee наместо леб, подобро мевце некое касни. Ау како не ги знам. Едно од омилените благи ми е. Ме збуни дека во овошниот дел, мислев нешто не разбирам. Јас овие турскиве, големото паковање и пола одеднаш. Затоа не го купувам, зошто нема да се исконтролирам.
Епа тајната на мојата линија е што не јадам леб значи Еден нутри црн леб ми трае цела недела... и тоа и синко јаде некогаш од тој