Кафенце, праски и модри сливи д: лепче, путерче, варено јајце, кашкавалче, домат и малку мортаделка што ни остана да се дојаде за ужинка малку чипс р: турлитава со мевце и домат салата. сега малку сладолед.
Д. 2 лепчиња со сиренце и лутеница Р. 2 тортиљи В. диња Ужинкав сладолед и дивела бисквит со какао и чоколадо.
Доручек пржени лепчина со јајца и јогурт. Ручек..гравче,толчени пиперки со домат и сирење,зелка со краставица салата. Ужинка потпечени компири со сол Вечера...плазма бисквити со млеко..со многу несквик...евај го поднесувам млекото,никогаш не сум го сакала,а докторката вика морам да пијам
Од која причина ти рекле дека мораш. Ако е заради калциум, подобро е било кој друг млечен производ отколку пресно млеко. Јогурт, урда, сирење се е подобро за желудник.
Слободно зимај било што друго млечно наместо млеко. Млекото дури и не го препорачуваат зошто е најтешко за обработка во желудник. Не си ја мачи душичката.
Д: две кришки тонус леб (едната со зденка, другата со млечен намаз), едно варено јајце, печена црвена пиперка, малку домат и чаша цеден сок од лимон и портокал. Турско кафе (зш низок притисок). У: во план овошје: модри сливи и нектарини праски. Р: манџа од блитва и ориз + лажица к.млеко со кришка леб. У: лубеница (најубава лубеница ми се погоди вчера конечно). В: ке се смисли нешто
од вчера: д: кафе, сливи и интегрална кифла со абц намаз и јогурт битолски лајт р/в: копани со 2 нутри кришки леб и кафе. Вода меѓу.
Д. Сендвич со кашкавал, пршута, краставица и домат, чаша јогурт. Ужинка диња, бадемчиња. Р. гулаш со јунешко мевце, краставици салата. В. Планирам путер, мармалад и чаша млеко.
Д: Варено домашно јајце со кришка со павлака Какао и сок од вишни Лубеничка Р: Чорбеста компир манџа Едно мало чоколатце В: Ќе ја терам мајка ми да ми направи летна манџа, ја премислив оти, со убаво сиренце
Саглам немам јадено од сабајле, а сѐ нешто си мелам. Една кифличка со ванила полнеж од Кам, чоко бисквити, смоки, две кафиња едно турско, другото безкофеинско, полна чинија диња и лубеница, малини и јаготки, едно варено класче, а сега си направив една шопска. До вечер којзнае уште што ќе ми текне.
Вчерашното мени се надополни со сладолед И за вечера две нутри лепчиња потпечени во тостер со путерче со лукче Денес Праска, сливи и кафе 1/8 бурек со зденка Путер кроасан, кроасан со чоколадо Телешка кременадла, со зелка салата
Кафе, едно парче торта праска Ручек: Пресно домашно свинско пржено месо со кромид и домашен ајвар и 2 ипол лепчина (најубава комбинација) Лубеница Ужина: Лешници, сладолед Вечера: Се мислам лепче со еурокрем и домашно сиренце ама ќе видиме можеби ќе си поминам со Смуди