Доручек-телешка чорба (дукат) Ужинка праски. Ручек полнети тиквици и модар патлиџан, печени пиперчиња и краставици салата. Ужинка лубеница. Вечера некој намаз на лепче .
Д: џем од јагоди на две нутри леб кришки + чај од камилица и едно парче колач со разно црвено овошје. У: праски и сливи. Р: супа, ориз со компир, кокошка и шопска салата + мала печена пиперка. У: лубеница. В: немам идеја, а ни апетит нешто многу.. имам варени пченки, па може тоа ке грицкам..
Доручек: Смуди (праска, кајсија, ароноја и ленено семе) Ручек : Гулаш со шопска салата и едно лепче Ужина: Сладолед, праска, и кисели крстајчина, крекери (не во исто време ) Вечера: Пак од истото И сега јадам : Грозје и праска
Д: две варени јајца и салата од краставици со две кришки леб Р: Ребра со печени компири и моркови. Исто со две кришки леб. У: две топки сладолед, љубеница и диња В: тарана У: една рака ореви
Вечера салата марула со краставица (тетка ми ми се изначуди кај сум нашла марула ) Денес: Цеден сок од портокал, праска, морков, малку банана и лимон. Д: две кришки со паштета, малку домат и краставица со солца. Па кркнав после некое време чоко бисквит. У: малку лубеница, праска и слива. Р: манџа боранија, марула салата и краставица и една кришка нутри леб. В: да пробаме едни шарени интегрални шпагети со домашен доматен сос и сиренце
Прво цеден сок цвекло, моркови, јаболче и лимон. Доручек едно лепче инт. со зденка, кашкавал, мортадела, маслинки, една свежа краставица и чаша јогурт. Ужина бадеми и праска. Ручек стек и плескавици од тиквици, шопска салата. За вечера планирам малку интегрални јуфки со сирење. Лубеница исто ќе има на мени.
Појадок: многу лубеница. Ручек: супа, ориз 2 копани и 1 лепче. Да ми спадни јадењево па ќе пијам ладно нес кафе. За вечера ми се јадат палачинки со нутела и банана па сигурно подоцна ќе правам. И можно е пак лубеница или кајсии. И млеко пред легнување.
Д: кaфе, сливи и oвесни снегулки сo јoгурт У: тутку целo пaкетче Р: пиперки пoлнети сo дoмaти и леб В: ќе прaвaм пaлaчинки кaкo @orhideea
Доручек: Пржени јајца со салата и сирење + едно лепче Ужина: Две праски и неколку лешници - Киндер чоколадце, крекери, едно кисело крстајче Вечера : Пржени џигери со домат, сиренце и едно лепче П.С - И јас сакам палачински, некој доброволец? Слабо стојам на нозе.. Шала на страна вака ко ќе си ко закован. Неможиш да си напрајш ништо Ај поздрав
Не ми се вечера Јадев сладолед од чоколадо накај 18ч, па може да јадам некое овошје само... банана, праска, слива..
За појадок само јогурт пиев. Ручав пржени компири, краставица и кисело млеко. Измеѓу праски, крушки, сливи, грозје, едни тортички, инстант кафе. За вечера пржени шампињони и шопска. Денес полека храна.
Јадам, по 2 подебели парчиња на јадење. Денес ми е исклучок, оти од петокот секој ден имав скара за ручек и вечера, па денес балансирав малку.
Ко ве читам како јадете ми е срам да пишам околу моето мени Д:едно минијатурно парче леб со путер и маргарин Р:немам апетит В:салата и нешто овошје Обавезно кока кола 1л во текот на денот (низок притисок дека имам) и вода нормално